Езопови басни
Езопови басни или „Езопики“ — збирка басни припишани на Езоп (620–560 п.н.е.), роб и раскажувач од Стара Грција. Во овие кратки басни животните се персонификација на луѓето, со нивните најразлични карактери и ситуациите во кои се наоѓаат. Тие се доста популарни заради нивната поучна содржина за децата до ден денес. Многу од овие приказни како „Лисицата и грозјето“, „Желката и зајакот“, „Северецот и сонцето“ и „Овчарчето и волкот“, се добро познати ширум светот.
Покрај тоа што се доказ за големината и разновидноста на хеленскиот дух, Езоповите басни се ран доказ за положбата на писателот и на книжевниот говор во однос кон општеството. Благодарејќи на тоа што човековите маани ги опишува посредно, преку однесувањето на животните и што непријатната вистина ја искажува низ наивна приказна, басната им дозволувала на писателите голема уметничка слобода. Езоп ги создавал басните за да ги поучи луѓето и да ги направи подобри, но покрај нивната педагошка намена, тие имаат и голема уметничка вредност, зашто се одликуваат со свежина, хумор, бистрина и правичност.[1]
Басни
[уреди | уреди извор]Некои од најпознатите Езопови басни се:
- „Волкот во јагнешко руво“
- „Гавранот и бардакот“
- „Градскиот и селскиот глушец“
- „Гуската што несела златни јајца“
- „Жабата и волот“
- „Жабите што сакале крал“
- „Желката и зајакот“
- „Лавот и глушецот“
- „Лисицата и грозјето“
- „Мачката и глувците“
- „Мравката и скакулецот“
- „Овчарчето и волкот“
- „Пакосниот пес“
- „Песот и коската“
- „Песот во јасли“
- „Северецот и сонцето“
- „Селанецот и штркот“
- „Селанецот и змијата“
- „Скорпијата и жабата“
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Мухарем Первић, „Езоп и Доситеј“, во: Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 7-8.