Басна

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Басните се мали книжевни дела во стих или во проза, во кои на алегоричен начин се опишуваат човечки особини. Најчесто во басните главни актери се животните, а во нив се исмејуваат особините на луѓето. Најпознати баснописци се: Езоп, Иван Крилов, Лафонтен, итн.

Историја на басните[уреди | уреди извор]

Од одделните виови народни приказни, басните и фантастичните приказни се најстари и се смета дека тие потекнуваат од периодот на дивјаштвото. На почетокот, басната се пеела и се играла, а дури потоа почнала да се раскажува. Оттука, се смета дека таа се развила од прастарите песни и игри во кои биле имитирани звуците на животните. Басните потекнуваат од периодот кога човекот се бавел со лов, кога фиксирањето на најважните особини на животните имало големо значење во успешноста на ловот, а борбата меѓу лукавите и наивните и меѓу слабите и силните наликувала на борбата со непријателите на племето. Со преминот кон сточарството и земјоделството басните биле збогатени со нов материјал. Тогаш, покрај дивите животни, како ликови во басните се појавиле и домашните животни, но и растенијата, предметите и митолошките суштества. Подоцна, со развојот на цивилизацијата, новите односи меѓу општествените класи се пренесувале на животинскиот свет. Таков е примерот со вавилонската басна во која бикот и коњот се караат околу достоинството на нивните родови. Кога се појавила државата, настанале басни во кои животните си избираат владетел. Најпосле, со заоструањето на социјалните разлики се појавиле басните во коишто се развиени типовите на крадци, насилници, грабнувачи, превртливи, угнетени, итн., а тогаш започнала да доминира и сатиричната нота за којашто особено била погодна алегоријата.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Војислав Ђурић, „О народним приповеткама“, во: Народне приповетке. Београд: Просвета, 1963, стр. 9-10.