Лов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Ловењето или како ловство или лов е дејност чија основна цел е одгледување, размножување, заштита, ловење и користење на дивечот. Основна цел на активностите од овој домен е формирање и трајно одржување стабилни популации дивеч, со оптимална полова и возрасна структура за континуирана репродукција на здрави и квалитетни единки со високи трофејни вредности. Како стопанска дејност ѝ се придава посебна важност, особено од аспект на заштитата на природата.

Ловот во Македонија[уреди | уреди извор]

Во Македонија, во рамките на секторот за шумарство во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство постои посебно одделение за лов, надлежно за целокупната организација и управување на оваа дејност. На Шумарскиот факултет во Скопје, Катедрата за лов ја раководат еминентни специјалисти, чиј придонес во науката и практиката е особено значаен.[1]

Во Македонија постојат 265 ловишта, од кои 250 имаат постојан концесионер. Концесиите за ловишта за крупен дивеч изнесуваат 20 години, а за оние за ситен дивеч - 10 години. Притоа, најголем број ловишта има во околината на Скопје, а повеќето македонски ловишта се за ситен дивеч. Во 2014 година, во државниот буџет влегле 17 милиони денари како приходи од концесии за ловиштата. Истовремено, македонските ловишта ги посетиле околу 40.000 ловци, т.е. бројот се удвоил во споредба со 2005 година, кога нив ги посетиле 20.000 ловци.[2]

Извор[уреди | уреди извор]

  1. Македонска Енциклопедија. Скопје, Македонија: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 805. ISBN 978-608-203-023-4. 
  2. „Над 40.000 странски и домашни ловџии лани посетиле некое до 250 ловишта во земјата“, Дневник, петок, 27 февруари 2015, стр. 9.