Француски јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Француски)
Прејди на: содржини, барај
Француски
Français
Изговор fʁɑ̃sɛ/
Застапен во Франција и 53 други земји
Подрачје Африка, Европа, Америка, Пацифик, изолирани региони во Азија 650 милиони на сите 5 континенти
Говорници Мајчин јазик и прв јазик: 295 милиони 2011,+400 милиони втор и странски јазик 2011 > Вкупно: проценето на од 500 милиони до 700 милиони на сите пет континенти 2011,франкофонија 1 милијарда 2011.[1][2] [3] [4]  
Јазично семејство
Индоевропско
  • Италско
    • Романско
      • Западноиталско
        • Западни романско
          • Галоибериско
            • Галороманско
              • Галоретско
                • Севернофранцуско
                  • француски
Писмо Француска латиница
Статус
Службен во Франција, 31 други земји и бројни меѓународни организации
Регулативен орган Француска академија (Франција), Квебечка агенција за француски јазик (Квебек, Канада), Совет за развој на француски во Луизијана (Луизијана)
Јазични кодови
ISO 639-1 fr
ISO 639-2 fre (B)
fra (T)
ISO 639-3 fra
New-Map-Francophone World.PNG

Карта на франкофонскиот свет
Темносино: мајчин јазик; сино: официјален јазик/широка употреба; Светлосино: јазик на културата; зелено: малцински

Француски јазик (самонар. le français, la langue française) — јазик од романската група на јазици. Негова матична земја е Франција, а мајчин јазик е и во Белгија, во Валонија и Брисел, Швајцарија, Луксембург, Монако,Андора, Аостинска Долина (Италија), прекуморските департмани и територии на Франција и Белгија, вклучувајќи го и Квебек во Канада, како и на северозапад на Нов Брунсвик, на североисток од Онтарио и во помали делови на Манитоба, Алберта, Саскачеван и Британска Колумбија.

Од 1970 година постои меѓународна организација за соработка на земјите во кои францускиот е официјален јазик или важен јазик за комуникација и култура ова организација се вика франкофонија.

Францускиот јазик, заедно со англискиот, шпанскиот, кинескиот, арапскиот и рускиот се шесте официјални јазици на Обединетите нации и заедно со англискиот се единствените два светски јазици кои се зборуваат на сите пет континенти со површина поголема од 28 000 000 km², односно 19% од површина на земјата и со повеќе од 650 милиони говорители од кои 250 милиони (6 ранг-листа) мајчин јазик, (4 јазик по бројот на говорители во светот), (после англискиот највлијателен јазик во светот) 400 милиони како втор и странски јазик т.е. 10% од светската популација според Интернационалната организација на франкофонијата 2008.

По англискиот (со 77%), францускиот (со 32%) е најизучуваниот јазик кај децата во Европската Унија, а потоа следи германскиот (18%), шпанскиот (8%) итн.

Историја[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Историја на францускиот јазик.

Историјата на францускиот јазик започнува со инвазијата на римската војска под водство на Гај Јулиј Цезар врз Галија во 59 година пред И.Х. Галија тогаш била населена со поголем број на келтски племиња кои зборувале на сродни јазици. Постоеле повеќе галски јазици коишто не биле така ретко пишувани.

Јазикот на Римјаните бил единствен како авторитетен и престижен јазик, малку по малку бил прифатен од сите низ вековите коишто следеле до заземањето на државата во 51 година пред И. Х. и тоа без војна.

Се смета дека „Заклетвите од Стразбур“ (Les serments de Strasbourg) од 842 година е првиот текст напишан на француски (или романа лингва или уште роман).

Првата белешка на постоењето на еден романски јазик датира од 813 година за време на концилот (црковен собир) во Тур. Требало да се чека до 880-881 година за првиот литературен текст, секвенца за светата Еулали, кој може повеќе да биде сметан како пикарски отколку како француски. Францускиот бил еден од дијалектите во средниот век наречен (franceis/francois) тогаш изговаран (fratsee) потоа (fraswe). Париз и неговиот регион се историска лулка на овој дијалект кој многу брзо се меша со нормандскиот, пикардскиот, бургоњскиот и други околни дијалекти, бидејќи постепено Париз ја презема важноста на политички план на луѓето од целата земја.

Во 1539 година како наредба од Вилер-Котерет назначен од кралот Франсоа I, налага францускиот да биде јазик на правото и на администрацијата во Франција. Оваа промена е важна бидејќи низ целиот 17 век францускиот јазик бил јазик на науката и образованието.

Кардиналот Ришелје во 1634 година ја основал Француската академија, која се занимавала со „Унапредување и заштита на францускиот јазик“.

Во 1637 година Рене Декарт во неговото дело le discours de la methode го искажува неговото гледиште за тоа дека ова е важна етапа бидејќи се работи за еден од првите филозофски обиди напишани на француски а не на латински. Длабоките размислувања за филозофијата прво биле пишувани на латински, всушност Рене Декарт забранил во неговите дела да се пишува латински. Тој ја напишал истата книга повторно на француски јазик, знаејќи дека елитите не ја читале неговата книга бидејќи е напишана на домашен јазик, додека писмени и образовани луѓе можеле да ја читаат без закана од цензурата.

Во 17 век францускиот јазик станува lingua franca во централна Европа, а во 18-от и 19-от век и во Источна Европа (Полска, Русија, Романија). Во тоа време Франција била колонијална сила, со што била поставена основата за ширење на францускиот јазик надвор од Европа. Белгија која се здобила со независност во 1830 година, исто така го официјализирала францускиот јазик во сите колонии.

Во 18 век францускиот јазик бил главен јазик во областа на меѓународните односи и дипломатијата (наместо латинскиот). Подоцна со создавањето на кралството Велика Британија во 19 век, и со порастот на моќта на САД ВО 20 век по Втората светска војна, ситуацијата се променила и англискиот јазик станува lingua franca во светот.

Реони[уреди | уреди извор]

Франкофонските земји во Африка
Познавање на францускиот јазик во земјите на Европската Унија

Говорители[уреди | уреди извор]

1. Франција 65 057 790 65 057 790
2. ДР Конго 66 514 506 33 154 200
3. Алжир 33 769 669 22 287 981
4. Мароко 34 343 219 20 605 931
5. Брегот на Слоновата Коска 18 373 060 14 698 448
6. Камерун 18 467 692 13 850 769
7. Канада 33 212 696 11 624 443
8. Буркина Фасо 15 264 735 10 022 077
9. Мадагаскар 20 042 551 8 017 020
10. Белгија 10 403 951 7 802 963
11. Мали 12 324 029 7 640 897
12. Тунис 10 383 577 6 640 817
13. Гвинеја 10 211 437 6 535 319
14. Нигер 13 272 679 6 370 885
15. Сенегал 12 853 259 6 169 564
16. Чад 10 111 337 5 763 462
17. Того 5 858 673 3 808 137
18. Швајцарија 7 581 520 3 790 760
19. Бенин 8 400 000 3 780 000
20. Хаити 9 776 206 2 932 861
21. Р. Конго 3 903 318 2 732 322
22. Централноафриканска Република 4 500 000 2 700 000
23. Руанда 10 186 060 2 546 515
24. САД (Америка) 304 000 000 2 500 000
Њу Хемпшир 25%, Вермонт 24%, Мејн 23%, Род Исланд 17%, Луизијана 16%,
Масачусетс 13%, Конектикат 10%, Мичиген 7%, Минесота 6%, Монтана 5%,
Висконсин 5%, Вашингтон 5%, Орегон 5%, Северна Дакота 5%, Алјаска 4%,
Вајоминг 4%, Њу Јорк (држава) 200 000, Калифорнија 200 000, Тексас 100 000.  
         
25. Мавританија — 3 364 940 2 199 912
26. Либан —  4 017 095 2 008 547
27. Бурунди —  8 691 005 1 603 650
28. Габон —  1 485 832 1 200 665
29. Маврициус —  1 274 189 1 146 770
30. Израел —  7 282 600 1 092 390
31. Индија (Пондишери) 950 000 450 000
32. Луксембург 486 000 437 400
33. Камбоџа 14 400 000 400 000
34. Виетнам 86 000 000 300 000
35. Џибути 506 221 250 000
36. Екваторијална Гвинеја 617 000 220 000
37. Вануату 215 446 200 000
38. Комори 731 775 160 990
39. Св.Луциа 172 884 155 595
40. Лаос 6 665 000 110 300
41. Турција 71 517 100 100 000
42. Вал д Аост (Италија) 120 000 100 000
43. Доминик 72 514 58 011
44. Сејшели 82 247 30 431
45. Андора 94 609 15 000

Главно тоа се држави каде францускиот јазик е или мајчин, службен, официјален, административен, употребуван или изучуван јазик и каде што секојдневно го употребуваат повеќе од 400 милиони говорители.

  • Првата колона означува број на население во државата, а втората колона број на луѓе кои го зборуваат јазикот.

Европско значење[уреди | уреди извор]

Француски јазик
Писмо латиница
Пример Прв член од „Декларацијата за човекови права“
Текст Tous les êtres humains naissent libres et égaux en dignité et en droits. Ils sont doués de raison et de conscience et doivent agir les uns envers les autres dans un esprit de fraternité.
Македонски Ситe чoвeчки суштeствa сe рaѓaaт слoбoдни и eднaкви пo дoстoинствo и прaвa. Tиe сe oбдaрeни сo рaзум и сoвeст и трeбa дa сe oднeсувaaт eдeн кoн друг вo дуxoт нa oпштo чoвeчкaтa припaднoст.
Портал: Јазици

Францускиот заедно со англискиот и германскиот јазик се работни јазици кои ги користи Европската комисија.

По правило, претседателот на Европската комисија треба течно да го говори францускиот јазик. Таквото значење на францускиот јазик во ЕК произлегува од тоа што Франција е една од основачите, и затоа што седиштето на ЕУ е во Брисел, 85% франкофонски град.

По податоците од 2006 година, францускиот јазик е мајчин за 13% од населението во ЕУ, а истиот го говорат и разбираат повеќе од 26% од населението во ЕУ. Надвор од француското говорно подрачје, францускиот најмногу се учи во Велика Британија, Холандија, Ирска, Португалија, Романија, Молдавија, Данска, Германија, Шпанија, Италија, Австрија, Кипар, Грција, Бугарија, Полска, а најмногу го говорат и разбираат во Холандија (29%), Португалија (25%), Романија (24%), Велика Британија (23%), Ирска (20%), Малта (17%), Германија (15%), Данска (15%), Италија (14%), Шпанија (12%), Кипар (12%), Шведска (11%), Австрија (10%), Бугарија (9%), Грција (8%) и во други.

Карактеристики[уреди | уреди извор]

Францускиот јазик е многу далеку од фонетските правила за читање и пишување. Завршната согласка во зборот никогаш не се изговара. Буквите Н и М понекогаш не се изговараат. Буквата Х никогаш не се изговара. Францускиот се чита „течно“, што значи дека завршните согласки често се спојуваат со наредниот збор. Во пишувањето се користат пет врсти на акценти. Францускиот јазик разликува десет глаголски времиња: 5 прости и 5 сложени. Францускиот јазик го разликува учтивото од пријателското.

Дијалекти[уреди | уреди извор]

Францускиот јазик е богат со дијалекти, кои се нарекуваат и патоа. Тие во основа се делат на северни (Langue d'oil — најблиски до стандардниот јазик), јужни (Langue d'oc — под влијание на окитанскиот јазик), и франко-провансалски (Franko-Provencal).

Етимологија[уреди | уреди извор]

Поголем дел на зборови во францускиот јазик потекнуваат од латинскиот јазик или од грчко-латинска основа. Многу зборови имаат дупликат така што една верзија е латинска, а друга е народна. Пример за тоа се многу именки и изведени придавки. Францускиот јазик има преземено повеќе зборови од англискиот, италијанскиот, други романски јазици, германскиот, арапскиот, итн.

Се проценува дека 13% зборови (4 200 зборови) се со странско потекло во фондот од 35 000 зборови.

Во францускиот често се креираат неологизми кои ги заменуваат главно англиските позајмици. На пример „баладер“ (baladeur) го заменува англискиот збор „вокмен“ и „дискмен“ (walkmen, diskmen).

Регионален француски[уреди | уреди извор]

Регионални француски говори претставуваат говори и изрази кои се користат во поедини региони на француското јазично подрачје, но не припаѓаат официјално на француските говори ниту се користат на целото говорно подрачје.

Европа[уреди | уреди извор]

  • Белгиски француски
  • Швајцарски француски
  • Метрополитенски француски
  • Јужнофранцуски
  • Аостински француски
  • Џерсиски француски

Африка[уреди | уреди извор]

  • Африкански француски
  • Магребски француски

Америка[уреди | уреди извор]

  • Кајунски француски
  • Канадски француски
  • Акадиско француски
  • Квебечки француски

Азија[уреди | уреди извор]

  • Левантски француски
  • Југоисточна Азијa:
    • Виетнамски француски
    • Камбоџа француски
    • Лао француски

Океанија[уреди | уреди извор]

  • Пацифичко француски

Креолски (на база на француски)[уреди | уреди извор]

  • Антилски француски
  • Хаиќански француски
  • Лаик-Патоа (Бразил) француски
  • Марициски француски
  • Мичиф (централна Канада) француски
  • Луизијански (САД) француски
  • Реунионски француски
  • Сејшелско француски
  • Тлу Бои (Виетнам) француски

Зборови[уреди | уреди извор]

Македонски Француски Изговор
Француски français (јазик) За оваа звучна податотека [fʁ̥ɒ̃sɛ]
англиски anglais (јазик) За оваа звучна податотека [ɒ̃ɡlɛ]
Да Oui (si при потврда на прашање изразено во негативна форма) За оваа звучна податотека [wi]
Не Non За оваа звучна податотека [nõ]
Добар ден! Bonjour ! (формално) или Salut ! (неформално) За оваа звучна податотека [bõʒuʁ]
Добровечер! Bonsoir ! За оваа звучна податотека [bõswaʁ]
Добра ноќ! Bonne nuit ! За оваа звучна податотека [bʌn nɥi]
Догледање! Au revoir ! За оваа звучна податотека [oʁ(ø)vwaʁ]
Пријатен ден! Bonne journée ! За оваа звучна податотека [bʌn ʒuʁne]
Ве молам S’il vous plaît За оваа звучна податотека [sil vu plɛ]
Благодарам Merci За оваа звучна податотека [mɛʁ̥si]
Нема за што За оваа звучна податотека [dœ ʁjæ̃]
Жал ми е Désolé или Je suis désolé (машки) / Je suis désolée (женски) / "Je regrette" За оваа звучна податотека [dezɔle]
Кој? Qui ? За оваа звучна податотека [ki]
Што? Quoi ? За оваа звучна податотека [kwa]
Кога? Quand ? За оваа звучна податотека [kɒ̃]
Каде? Où ? За оваа звучна податотека [u]
Зошто? Pourquoi ? За оваа звучна податотека [puʁ̥kwa]
Како се викате? / Како се викаш? Comment vous appelez-vous ? (формално) или Comment t’appelles-tu ? (неформално) За оваа звучна податотека [kɔmɒ̃ vu z‿aple vu], За оваа звучна податотека [kɔmɒ̃ t‿apɛl t͡sy]
Се викам... Je m'appelle... За оваа звучна податотека [ʒø mapɛl]
Кој Quel/Quels(мн.)/Quelle(ж.р.) [kɛl]
Бидејќи Parce que / Car За оваа звучна податотека [paʁ̥s(ø)kø]
Заради À cause de За оваа звучна податотека [a koz dø]
Значи, Donc За оваа звучна податотека [dõk]
Можеби Peut-être За оваа звучна податотека [pøt‿ɛtʁ̥]
Како? Comment ? За оваа звучна податотека [kɔmɒ̃]
Колку? Combien ? За оваа звучна податотека [kõbjæ̃]
Не разбирам. Je ne comprends pas. За оваа звучна податотека [ʒø nø kõpʁ̥ɒ̃ pa]
Да, разбирам. За оваа звучна податотека [wi ʒø kõpʁ̥ɒ̃]
Се согласувам./Важи. Je suis d’accord. "D’accord" може да се користи без je suis. [ʒø sɥi dakɔʁ]
Помош! Au secours ! (à l’aide !) За оваа звучна податотека [o søkuːʁ]
Во колку саатот...? À quelle heure...? [a kɛl œʁ]
Денес Aujourd'hui [oʒuʁdɥi]
Ве молам, може ли да ми помогнете? Pouvez-vous m’aider s’il vous plaît ? / Pourriez-vous m’aider s’il vous plaît ? [puve vu mede sil vu plɛ]
Каде се тоалетите? Où sont les toilettes ? За оваа звучна податотека [u sõ le twalɛt]
Зборувате ли англиски? Parlez-vous (l')anglais ? / Est-ce que vous parlez (l')anglais ? За оваа звучна податотека [paʁle vu ɒ̃ɡlɛ]
Не зборувам француски. Je ne parle pas français. [ʒø nø paʁl pa fʁɒ̃sɛ]
Не знам. Je ne sais pas. [ʒø n(ø) sɛ pa]
Знам. Je sais. [ʒø sɛ]
Жеден сум. J’ai soif. [ʒe swaf]
Гладен сум. J’ai faim. [ʒɛ fæ̃]
Како сте? Comment allez-vous ? [kɔmɒ̃ t‿ale vu]
(Многу) добро Je vais (très) bien [ʒø vɛ (tʁɛ) bjæ̃]
(Како) можам (ли) да ви помогнам? / Ви треба ли помош? / (Comment) puis-je vous aider ? Avez-vous besoin d'aide ? [(kɔmɑ̃) pɥiʒ vu z‿ede]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. SIL Ethnologue
  2. "Rapport sur l'état de la Francophonie dans le monde. Données 1997/98 et six études inédites", Haut Conseil de la Francophonie, Paris, la Documentation française, 1999 [1]
  3. [2]
  4. http://www.tlfq.ulaval.ca/axl/francophonie/francophonie.htm

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Википедија
Издание на Википедија — слободната енциклопедија на француски јазик