Википедија:Помош со снимки

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Кратенки:
ВП:МП
Вовед за снимки
Аудио и видео
MIDI

Снимки на Википедија

Многу статии на Википедија содржат аудио и видео податотеки

Некои статии на Википедија содржат аудио или видео записи. Оваа страница има за цел да ви појасни како успешно да ги отворите истите.

Записите на Википедија можат да се отворат на речиси секој сметач, но за таа цел треба да имате програм. Доколку сметачот автоматски не ги отвара податотеките кога ќе стиснете на нив, проблемот може да го решите со преземање на бесплатен програм од семрежјето.

Звучните снимки на Википедија користат формат „Ogg Vorbis“, а видеоснимките користат формат Ogg Theora. Овие формати се слични на форматите MP3 и MPEG. Разликата е во тоа овие целосно бесплатни, отворени и непатентирани.

MIDI-снимките на Википедија можат да се слушаат без посебен програм.



Помош со претворање на на форматот на аудиоснимките во формат погоден за Википедија ќе најдете на: Википедија:Медија.