Јудеопортугалски јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Јудеопортугалски
Judeu-Português
Застапен во Холандија, Германија (Хамбург), Англија, Северна Америка, Бразил
Изумрен почеток на XIX век[се бара извор]
помалку од 2000 корисници во ограничен литургиски контекст[се бара извор]
Јазично семејство
Писмо латиница, хебрејска азбука
Јазични кодови
ISO 639-3

Јудеопортугалски јазик — исчезнат еврејски јазик кој бил користен од португалските Евреи во Португалија.

Опис[уреди | уреди извор]

Јудеопортугалскиот јазик бил мајчин јазик на Сефардите во Португалија пред XVI век и исто така во многу места на португалската еврејска дијаспора. Текстовите биле пишувани на хебрејска азбука или на латиница.

Бидејќи португалските Евреи се венчавале со други избркани Сефарди, бил под влијание на соседниот јазик ладино. Поради блиската сличност со стандардниот португалски јазик, јудеопортугалскиот исчезнал во Португалија, преживувајќи во секојдневна употреба од страна на дијаспората до почетокот на XIX век. Јудеопортугалскиот влијаел на јазиците папијаменто и сарамакански јазик.

Особини[уреди | уреди извор]

Влијанија од ладино[уреди | уреди извор]

јудеопортугалски португалски ладино значење на македонски
ay hay таму е
Dio Deus (arch. Deo) Dio Господ
manim mãos manos раце

Португалски архаизми[уреди | уреди извор]

јудеопортугалски современ португалски значење на македонски
algũa alguma секое
angora agora сега
aynda ainda уште
dous dois две
he é е
hũa uma еден

Влијанија од хебрејски[уреди | уреди извор]

јудеопортугалски хебрејски значење на англиски
cados kodesh свето
esnoga - (од грчко потекло) синагога
jessiba yeshiva верско училиште
massó matzah ритуален леб
misvá mitzvah заповед
ros rosh глава
rassim rashim глави
rossaná rosh hashanah Еврејска Нова година
sabá Shabbat сабота
sedacá tzedakah милосрдие
queilá qehila собир
quidus kiddush благослов со вино
tebá tevah средишна плоча во синагога

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Шаблон:Еврејски јазици