Естремадурски јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Екстремадурски
estremeñu
Застапен во Шпанија
Подрачје Екстремадура
Народ 1,1 милион (?)[1]
Говорници 200.000  (1994)e14
Јазично семејство
Јазични кодови
ISO 639-3 ext

Естремадурски или екстремадурски (самонар. estremeñu, eʰtːɾeˈmeɲʊ) — романски јазик кој го говорат неколку стотини илади луѓе во Шпанија, на подрачјето северозападниот дел на автономната заедница Екстремадура и соседните делови од покраината Саламанка.[2][3] Точната граница меѓу естремадурскиот и шпанските дијалекти кои се говорат во Екстремадура е нејасна и тешка за утврдување.

Говори[уреди | уреди извор]

Говорите на естремадурскиот јазик се делат на три наречја: северно или „горно“ (artu estremeñu), средно (meyu estremeñu) и јужно или „долно“ (baju estremeñu).[3] Северното наречје, кое важи за главно,[4] се говори во северозападниот дел на автономната заедница Екстремадура и југозападниот дел на покраината Сакаманка (во автон. заедница Кастилја и Леон). Средното и јужното наречје се застапени во остатокот на Екстремадура. Од XVIII век наваму тие говори не се разликуваат доволно од шпанскиот за да бидат посебни јазици, туку се сметаат за наречја.

Северното наречје е присутно и во неколку села на северот на Саламанка во посебен говор наречен „реболјарски“, кој е речиси изумрен.

Споредба со други јазици[уреди | уреди извор]

латински италијански романски шпански португалски естремадурски леонски македонски
altus alto inalt alto alto artu [5] altu висок
prope quasi aproape casi quase cuasi, abati cuasi речиси
dicere dire a zice decir [deˈθir] dizer izil [iˈðil] dicire вели
facere fare a face hacer [aˈθer] fazer hazel [haˈðel] facere прави
focus fuoco foc fuego fogo hueu fueu оган
flamma fiamma flamă llama chama flama chama пламен
legere leggere a citi leer ler leel lliere чита
lingua lingua limbă lengua língua luenga/léngua llingua јазик
lumbum lombo (zona) lombară lomo lombo lombu llombu бедра
mater madre mamă madre mãe mairi mai мајка
merula merlo mierlă mirlo melro mielru mielru кос
monstrare mostrare demonstrare mostrar mostrar muestral amuesare снежи
noster nostro nostru nuestro nosso muestru/nuestru nuesu наш
tussis tosse tuse tos tosse tossi tose кашлица

* Зборовите во табелата се исклучиво северноестремадурски.

** Естремадурските зборови во табелата се запишани со правописот на Исмаел Кармона Гарсија.

Пример[уреди | уреди извор]

естремадурски леонски астурски шпански македонски
El estremeñu es una luenga palrá nel noroesti de la comuniá autónoma d'Estremaúra. L'estremennu yía una llingua falada nel noruesti la comunidá autónoma Estremadura. L'estremeñu ye una llingua falada nel noroeste de la comunidá autónoma d'Estremadura. El extremeño es una lengua hablada en el noroeste de la comunidad autónoma de Extremadura. Естремадурскиот е јазик кој се говори во северозападот на автономната заедница Екстремадура.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Википедија
Издание на Википедија — слободната енциклопедија на естремадурски јазик
  1. Extremaduran — Ethnologue (XIII изд., 1996).
  2. Ethnologue
  3. 3,0 3,1 Proel
  4. Españolsinfronteras
  5. Izionariu castellanu-estremeñu (2005)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]