Ибероромански јазици

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ибероромански јазици
Географска
распространетост:
изворно на Пиинејскиот Полуостров и јужна Франција; денес ширум светот
Класификација:индоевропски
Гранки:
окситанско-романска (источноибериска)

Ибероромански јазици или ибериски јазици[1] — група романски јазици со потекло од Пиринејскиот Полуостров или Иберија (денешна Шпанија, Португалија, Гибралтар и Андора) и јужна Франција.

Најзастапени ибероромански јазици се шпанскиот, португалскиот, каталонскиот и галицискиот[2] — секој од нив со своите дијалекти и месни говори. Според заеморазбирливоста, Далби вбројува седум јазици: португалски, шпански, астурлеонски, арагонски, каталонски, провансалски и гаскоњски.[3]

Потекло и развој[уреди | уреди извор]

Јазична карта на југозападна Европа

Како и останатите романски јазици,[4] иберороманските јазици водат потекло од народниот (вулгарен) латински. Ова е нестандардниот (за разлика од класичниот латински) облик на латинскиот јазик кој го говереле војниците и трговците низ Римското Царство. Со ширењето на царството, овој станал матичен јазик на народите од покорените територии. Латинскиот и неговите потомци се говорат на Пиринејскиот Полуостров уште од времето на Пунските војни, кога Римјаните ја зазеле оваа територија[5].

Современите ибероромански јазици се создадени со следниов развој:

  • латинизација на населението на Иберија.[6]
  • јавување на повеќе видоизменети облици на латинскиот во Иберија, со мали разлики според местото.[7]
  • VIII - X век: прераснување на латинските варијанти во старошпански, галициско-португалски, астурлеонски и наварско-арагонски (западноибериски јазици), како и првобитниот каталонски јазик. Генетската класификација на првобитниот каталонски и окситански не е со утврдена со сигурност. Некои стручњаци сметаат дека предокот е ибероромански (затоа источноибериски), додека пак други сметаат дека е галороманскиот.[8][9][10]
  • XV - XX век: понатамошен развој до денешните кастилјски, португалски, галициски, каталонски, астурски, леонски, мирандски и тн.

Лоза[уреди | уреди извор]

Застапеност на иберороманските јазици во светот
Иберороманските јазици на Пиринејскиот Полуостров

Иберороманските јазици се договорна група. Многу стручњаци го користат поимот во чисто географска смисла, без да мора да значи дека сите припаѓаат во едно филогенетско колено (т.е. не мора да се од ист предок). Некои автори претпоставуваат источноибериските (окситанско-романски) се посродни на јазиците во северна Италија (или франкопровансалскиот, оилските јазици и ретороманските). Ова е најприфатеното географско групирање на иберороманските јазици:

  • источноибериски
  • западноибериски

† означува изумрен јазик

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. David A. Pharies (2007). A Brief History of the Spanish Јазик. University of Chicago Press. стр. 13. ISBN 978-0-226-66683-9. 
  2. Ethnologue: Statistical Summaries
  3. David Dalby, 1999/2000, The Linguasphere register of the world's languages and speech communities. Observatoire Linguistique, Linguasphere Press. Volume 2. Oxford.[1]
  4. Sarah Thomason (2001). Language Contact. Georgetown University Press. стр. 263. ISBN 978-0-87840-854-2. 
  5. Keith Brown, Sarah Ogilvie (2008). Concise Encyclopedia of Languages of the World. Elsevier Science. стр. 1020. ISBN 978-0-08-087774-7. 
  6. Ralph Penny (2002). A History of the Spanish language. Cambridge University Press. стр. 8. ISBN 978-0-521-01184-6. 
  7. Penny, p. 16
  8. M. Teresa Turell (2001). Multilingualism In Spain: Sociolinguistic and Psycholinguistic Aspects of Linguistic Minority Groups. Multilingual Matters. стр. 591. ISBN 978-1-85359-491-5. 
  9. Fernando Cabo Aseguinolaza, Anxo Abuín Gonzalez, César Domínguez (2010). A Comparative History of Literatures in the Iberian Peninsula. John Benjamins Publishing Company. стр. 3961. ISBN 978-90-272-3457-5. 
  10. Rafael Lapesa (1968). Historia de la lengua española (7th ed.). Gredos. стр. 124. ISBN 84-249-0073-1. ISBN 84-249-0072-3. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]