Тихи Океан
![]() Океани |
---|
Тихи Океан или Пацифик (од лат. Mare Pacificum што значи тивко т.е., тихо море) е најголемиот и најдлабокиот океан на Земјата. Се протега од Беринговото море на Арктикот до Антарктикот на југ и од Индонезија до Колумбија. Површината на океанот изнесува 179 милиони км2 , а најдлабоката точка е 11 км под површината на водата која се наоѓа во Маријанскиот Ров близу Маријанските Острови што воедно ја ретставува и најголмата длабочина на море во светот.[1] Во Тихиот Океан има голем број острови и островски држави. Исто така во Тихиот океан постојат околу 25.000 острови (повеќе отколку во сите океани заедно), од кој најмногу се наоѓаат јужно од екватораот.[2]
Долж неправилните западни граници на Тихиот океан, лежат многу ивични мориња, од кои најголеми се Корално, Јужнокинеско, Јапонско, Тасманово и Жолто море. Малајскиот проток е споен со Индискиот Океан на запад, како и Магелановиот проток на исток со Атлантикот. На север, Беринговиот мореуз го спојува со Северниот Леден Океан.
Како Тихиот океан се шири на ± 180° географска должина, на запад станува исток, азијската страна на океанот правилно се смета за источна на Тихим океан, додека спротивната страна е западната на Тихиот океан. Датумската граница поголемиот дел ја прати ±180° географска должина која се разграничува на источен и западен дел. Но, на некој места се одделува од таа географска одредница. Тако на север се врти спрема исток да би се заокружил најисточниот дел на Азија, потоа се врти спрема запад посетувајќи ги Алеутските острви, за да потоа многу појужно се сврти спрема запад како би се опфатила острвската држава Кирибати и уште некој помали острови.
Во текот на патувањата на Фернандо Магелан до Филипините, по излегувањето од теснецот низ Огнена земја (теснец кој подоцна го добил името по него) познат по јаките бури, тогаш му се причинило дека Тихиот океан е многу мирен, по што и го добил името. Сепак ,подоцна се испоставило дека не е секогаш мирен. Копното по Тихиот океан е подложно на вулкански ерупции и земјотреси. Исто така, бројни тајфуни започнуваат на тоа подручје. Еден од најопасните е цунами, (кои се последица на подводните потреси) со огромни таласи кои ги уништуваат островите и градовите на својот пат.
Држави и територии[уреди | уреди извор]
Држави и територии кои се наоѓаат во самиот океан или граничат со истиот:
Независни држави[уреди | уреди извор]
Австралија
Брунеј
Камбоџа
Канада
Чиле
НР Кина
Колумбија
Костарика
Еквадор
Ел Салвадор
СД Микронезија
Фиџи
Гватемала
Хондурас
Индонезија
Јапонија
Кирибати
ДНР Кореја
Јужна Кореја
Малезија
Маршалски Острови
Мексико
Науру
Никарагва
Нов Зеланд
Палау
Панама
Папуа Нова Гвинеја
Перу
Филипини
Русија
Самоа
Сингапур
Соломони
Тајван
Тајланд
Источен Тимор
Тонга
Тувалу
САД
Вануату
Виетнам
Територии[уреди | уреди извор]
Американска Самоа (САД)
Остров Бејкер (САД)
Кукови Острови (Нов Зеланд)
Коралноморски Острови (Австралија)
Велигденски Остров (Чиле)
Француска Полинезија (Франција)
Гуам (САД)
Хонгконг (Кина)
Хоуленд (САД)
Џарвис (САД)
Џонстонов Атол (САД)
Кингменов Гребен (САД)
Макао (Кина)
Мидвејски Атол (САД)
Нова Каледонија (Франција)
Ниуе (Нов Зеланд)
Норфолшки Остров (Австралија)
Северни Маријански Острови (САД)
Палмирски Атол (САД)
Питкерн (ОК)
Токелау (Нов Зеланд)
Валис и Футуна (Франција)
Вејк (САД)
Тихиот Океан како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]
Некои дела од областа на уметноста и популарната култура се инспирирани од Тихиот Океан, како на пример:
- „Тихиот Океан, Pacific grows“ - расказ на рускиот писател Едуард Лимонов.[3]
![]() |
Оваа статија за од областа на географијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|
- ↑ „Japan Atlas: Japan Marine Science and Technology Center“. Посетено на 4 јули 2007.
- ↑ International Hydrographic Organization (1953). „Limits of Oceans and Seas“ (PDF) (изд. 3rd.). Monte Carlo, Monaco: International Hydrographic Organization. Посетено на 12 јуни 2010.
- ↑ Едуард Лимонов, Девојка-ѕвер!. Скопје: Темплум, 2007, стр. 31-35.