Вануату

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Република Вануату
Знаме грб
ГеслоLong God yumi stanap (бислама)
Nous nous tenons devant Dieu (француски)
With God we stand (англиски)
„Со Господ сме“[1][2]
ХимнаYumi, Yumi, Yumi
Ние, Ние, Ние

Главен градПорт Вила
Најголем град гл. град
Службен јазик
Народности (1999)
Демоним Вануаќанец
Уредување Унитарна парламентарна република
 •  Претседател Талис Обед Мосес
 •  Премиер Шарлот Салваи
Законодавство Парламент
Независност
 •  од Франција и Обединетото Кралство 30 јули 1980 
 •  Член на ООН 15 септември 1981 
Површина
 •  Вкупна 12.189 км2 (157-ма)
Население
 •  Попис 2016 272,459[3] 
 •  Густина 19.7 жит/км2 (188-ма)
БДП (ПКМ) проценка за 2018 г.
 •  Вкупен $820 милиони[4] (178-ма)
 •  По жител $2,850[4] (155-та)
БДП (номинален) проценка за 2018 г.
 •  Вкупно $957 милиони[4] (175-та)
 •  По жител $3,327[4] (124-та)
Џиниев коеф. (2010)37.6[5]
среден
ИЧР (2018) 0.597[6]
среден · 141-ва
Валута Вануатски вату (VUV)
Часовен појас VUT (вануатско време) (UTC+11)
Се вози на десно
НДД .vu
Повик. бр. +678

Вануату (бислама, англиски и француски: Vanuatu) или службено Република Вануату (Ripablik blong Vanuatu, Republic of Vanuatu, République de Vanuatu) е независна островска држава во Океанија. Островите на државата се со вулканско потекло и се наоѓаат на 1750 километри источно од Австралија, 540 километри североисточно од францускиот регион Нова Каледонија, југоисточно од Соломоните и западно од Фиџи. Главен град на државата е Порт Вила.

Вануату е населен од Вануаќани, меланезиски народи. Првите Европејци кои ги посетиле островите биле шпанските истражувачи кои биле предводени од Португалецот Педро Фернандес де Кеирос. Кеирос пристигнал на островот Еспириту Санто во 1606 година. Овие острови биле под јусрисдикција на шпанскиот трон како дел од колонијата Шпански Источни Инди. Името на колонијата била Австралија на Еспириту Санто (La Austrialia del Espíritu Santo).

Во 1880-те Франција и Велика Британија објавиле дека архипелагот е под нивна управа. Во 1906 година двете европски империјалистички држави се согласиле за заедничко управување со островите под новото колонијално име Нови Хебриди. Оваа состојба траела сè до 1970-те кога почнале да се појавуваат движењата за независност на Вануаќаните. Во 1980 година островите познати како Нови Хебриди станале независни под новото име Вануату.

Меѓу останатите меѓународни организации, Вануату е и член на ООН, Комонвелтот на нациите, Франкофонијата и Форумот на Тихоокеанските Острови.

Име[уреди | уреди извор]

До независноста на Вануату, државата и островите биле именувани како Нови Хебриди.

Денешното име на државата потекнува од зборовите vanua („земја“, „дом“),[7] и tu ("стои").[8] Двата збора го означуваат независниот статус на новата нација.[8]

Историја[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Историја на Вануату.

Праисторискиот период на Вануату е сиромашен со информации, но сепак се потврдува теоријата дека австронезиско население се доселило на островите пред 4.000 години.

Првиот остров пронајден од страна на европејците бил островот Еспириту Санто кога во 1606 година португалскиот истражувач Педро Фернандес де Кеирос работел за шпанскиот крал. Европејците не се вратиле сè до 1768 година, кога Луи Антоан де Бугенвил повторно ги посетил островите. Во 1774 година, капетан Кук ги именувал островите како Нови Хебриди, име кое се користело сè до независноста на Вануату.

Долго време островите биле под раководство на Франција и Велика Британија и месното население било под притисок без никакви права. Со доаѓањето на Американците на островите во 1940-те се подигнал и национализмот на месното население.

Првата политичка партија во Вануату била во раните 1970-ти години и била наречена Национална партија на Нови Хебриди. Во 1974 година партија била преименувана во „Vanua'aku Pati “ и партијата се изборила за независност и во 1980 година се основала Република Вануату.

Географија и клима[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Географија на Вануату.
Островот Ефте.

Вануату е архипелаг кој се состои од околу 82 релативно мали вулкански острови од кои 65 се населени. Два од овие острови Франција си ги присвојува кон своите прекуокеански територии, поточно кон Нова Каледонија. 14 острови имаат над 100 километри квадратни. Најголем остров е Еспириту Санто.

Копното на Вануату изнесува околу 4.700 километри квадратни. Повеќето од земјата е ридеста, со нестабилна почва и мали количини на свежа вода. Брегот е воглавно карпест. На Вануату има неколку активни вулкани, како што е Лопеви, но има и доста подводни вулкани.

Климата на Вануату е суптропска со околу девет месеци топло време и со дождови. Топлината на водата во Вануату е околу 22 °C во зима и околу 28 °C во лето. Дневната просечна температура е помеѓу 20 °C до 32 °C. Вануату има долги врнежливи сезони со можности за циклони.

Политички систем[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Политика на Вануату.

Вануату е парламентарна демократија на чие чело е претседател кој има церемонијална улога и е избран за мандат од 5 години. Електоратот кој го избира претседателот се членовите на парламентот и претседателите на Регионалните совети. Претседателот може да биде сменет поради неспособност. Премиерот е избран од страна на членовите на парламентот.

Административна поделба[уреди | уреди извор]

Покраини на Вануату.
Топографска карта на Вануату и Нова Каледонија.
Островите Бенкс.
Торески Острови.
Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Покраини во Вануату.

Од 1994 година Вануату е поделена на шест покраини. Покраините во Вануату се:

Покраините се автономно единици со свои избрани локални власти познати како покраински совет. Тие собираат локални даноци и создаваат закони, создаваат покраински буџед или вршан некои основни административни работи. Поктраините се поделени на општини, обично една општина е еден остров, предводени од совет и градоначалник.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Економија на Вануату.

Економијата е базирана на земјоделството кое овозможува егзистенција за околу 65% од населението. Најмногу се произведува кава и копра. Кавата во моментот на луѓето им донесува многу приходи па така се намалува одгледувањето на копра. Покрај ова населението се занимава и со крајбрежно производство, туризам и сточарство. Рудното богатство е незначително.

БНП на Вануату се зголемил за 3% во 1990-тите. Бидејќи Вануату има многу мали даноци, државата важи за рај за даноци, но другите држави за тоа се жалат. Владата на Вануату се труди да ги зајакне овие даночни обврски, особено на големите крајбрежни центри.

Демографија[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Демографија на Вануату.

Вануату има население од 221.506 жители. Вануаќаните се мнозинство во државата и сочинуваат 98.5% од населението и остатокот од населението се европејци или мешани меланезиски етнички групи. Три острови отсекогаш биле населени со полинезиско население. Околу 2.000 вануаќани живеат и работат во Нова Каледонија.

Во Вануату има три службени јазици: англиски јазик, француски јазик и бислама. Бислама е пиџин, а додека во урбаните места е креолски јазик и кој вклучува типична меланезиска граматика со англиски зборовен фонд. Тој е единствениот јазик кој може да се разбере како втор јазик. Додатно на овие три јазици се зборуваат уште 113 староседелски јазици.

Христијанството е доминантна религија во Вануату.

Верници во Вануату
Протестанти
  
32 %
Католици
  
13 %
англиканци
  
13 %
Адвентисти
  
11 %
Други
  
14 %

Култура[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Култура во Вануату.

Вануатската култура е многу различна поради локалните културни елементи и влијанијата од странските култури. Вануату може да биде поделен на три културни региони. Така има северен централен и јужен културен регион и сите си имаат свои специфичности.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Vanuatu Daily Post, Harrison Selmen (17 July 2011). „Santo chiefs concerned over slow pace of development in Sanma“. Архивирано од изворникот 25 January 2012. Посетено на 29 August 2011.
  2. Lynch & Pat 1993, p. 319.
  3. „2016 Post-TC Pam Mini-Census Report“. vnso.gov.vu. Government of Vanuatu. 21 July 2017. Посетено на 29 December 2017.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 „World Economic Outlook Database, October 2018“. IMF.org. International Monetary Fund. Посетено на 12 March 2019.
  5. „GINI index (World Bank estimate)“. World Bank. Посетено на 12 March 2019.
  6. „Human Development Report 2019“ (PDF) (англиски). United Nations Development Programme. 10 December 2019. Посетено на 10 December 2019.
  7. Hess, Sabine C. (2009-07). Person and Place: Ideas, Ideals and the Practice of Sociality on Vanua Lava, Vanuatu. Berghahn Books. стр. 115. ISBN 978-1-84545-599-6. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  8. 8,0 8,1 Crowley, Terry (2004). Bislama reference grammar. University of Hawaii Press. стр. 3. ISBN 978-0-8248-2880-6.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Влада
Општи информации

Поврзано[уреди | уреди извор]