Парламентарен систем

Од Википедија — слободната енциклопедија
Карта на различни парламентарни системи

Парламентарен систем или парламентарна демократија се одликува со зависноста на извршната власт од директна или индиректна поддршка од парламентот, изразена преку гласање за владата и гласање на доверба на владата. Поради тоа не постои јасна поделба на овластувањата помеѓу извршната и легислативната власт. Парламентарните системи обично имаат јасна диференцијација помеѓу шефот на владата и шефот на државата, при што шефот на владата е премиер или прв министер избран од парламентот, а шефот на државата е претседател (често избран на општи избори) или монарх.