Американци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Американци
Flag of the United States.svg
Вкупен број
316.500.000
Подрачја со значајно население
 Мексико738,100-1,000,000[1][2]
 Канада688,000–1,000,000[3]
 Бразил520,000[4]
 Филипини250,000[5]
 Обединето Кралство224,000[6]
 Либерија160,000[7]
 Франција100,000[8]
 Израел100,000[9]
 Германија99,600[10]
 Австралија56,276[11]
 Јапонија52,684[12]
 Саудиска Арабија40,000[13]
 Костарика40,000[14]
 Норвешка33,509[15]
 Либан25,000[16]
 Нов Зеланд17,751[17]
Јазици
Англиски јазик
(голем дел од Америнакците зборуваат шпански и германски)
Вероисповед
Христијанска религија
но исто така и Јудаизам, Ислам, Будизам, Хиндуизам и други
Сродни народи
Европејци, Африканци и Азијци

Американците (англиски: Americans) се граѓаните кои живеат во Соединетите Американски Држави (познати и како Америка). Сите Американци немаат исто етничко и национално наследство, тие се мешавина од народи кои имаат прифатено единствен национален идентитет. Денешните Американци (освен американските староседелци - Индијанци) почнале да го населуваат регионот на САД пред околу 500 години. Американците претежно зборуваат англиски јазик. Американската култура е направена според традициите во Англија, Африка, Ирска, Велс, Германија, Шпанија, Мексико, Холандија и Шкотска.

Американците според расата се делат на бели Американци и Афро-Американци. Белите Американци се мнозинството. Има 308.000.000 бели Американци во САД или 72.4% од вкупното население според пописот во 2010 година и 38.093.725 Афро-Американци или 12.4%. Останатото население се од две или повеќе раси или американски староседелци.

Американците како нивни официјални јазици ги користат американскиот и афро-американскиот англиски јазик кои се дијалекти на англискиот јазик.

Американците како тема во популарната култура[уреди | уреди извор]

  • „Млади Американци“ (Young Americans) - песна од истоимениот албум на британскиот пејач „Дејвид Боуви“ (David Bowie) од 1975 година.[18]

Во делото „Богатството на царот Радован“, српскиот поет Јован Дучиќ вели дека Американците не се љубоморни зашто повеќе го ценат своето време и здравјето отколку своите жени.[19]

Наводи[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]