Дијалект

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Дијалект (грчки: διάλεκτος) или наречје е разновидност на еден јазик којашто се зборува на одредена географска област и којашто не е кодифицирана (за разлика од книжевниот јазик). Дијалектот се употребува при усно општење, а поретко и писмено. И покрај тоа што дијалектот не е официјално кодифициран, сепак тој си има одредени граматички, фонетички, синтактички и пред сè лексички особености, коишто во помала или поголема мерка го прават поразличен од книжевниот (литературен, стандарден) јазик. Дијалектот на поширока област може да се дели и на поддијалекти, а тие на свои поддијалекти итн.

Науката којашто ги изучува дијалектите се нарекува дијалектологија.

Видете исто така[уреди]