Официјален дигитален речник на македонскиот јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
Вид место
дигитален речник
Достапно намакедонски
Земја на потеклоМакедонија Македонија
Основач(и)Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“[1]
Адресаmakedonski.gov.mk
Зачленувањене
Тековна состојбаактивен

Официјален дигитален речник на македонскиот јазик — еднојазичен описен речник на македонскиот јазик. Речникот е издаден од Владата, Министерството за образование и наука и Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“[1]. По обем речникот се определува на околу 100 000 збора (заедно со внесените како подзаглавни зборови во речничките статии), а по изборот на лексичките единици и по обработката има нормативен карактер.[1]

Електронскиот толковен речник е промовиран на 5 мај 2021 година по повод Денот на македонскиот јазик, востановен во 2019 година во чест на историскиот 5 мај 1944 кога е усвоена современата македонска азбука.[2]

Промоцијата била во рамките на чествувувањето 100 години од раѓањето на Блаже Конески, што било и во календарот на УНЕСКО за меѓународни јубилеи во 2021, и во годината кога се одбележувале 95 години од смртта на Крсте Петков Мисирков (1874-1926).[2]

Опис[уреди | уреди извор]

Официјалниот дигитален речник на македонскиот јазик е поставен на семрежната адреса makedonski.gov.mk и пристапот до неа е слободен.

Корпус на македонски зборови[уреди | уреди извор]

ОДРМЈ ги содржи најупотребуваните зборови на современиот македонски стандарден јазик. Речникот се надоградува со зборови од различните стилови, коишто се издвојуваат со честата и општоприфатена употреба во усната и писмената комуникација.

Пребарување на зборовите[уреди | уреди извор]

Пребарување на зборовите е можно по првата буква, по дел од зборот или како цел збор. Речникот е наменет за најширок круг корисници како неопходен прирачник што ги упатува во правилната употреба на зборовите.

Барање на кратенки[уреди | уреди извор]

Речникот содржи над 1300 често употребувани кратенки во македонскиот јазик, и истите може да се пребаруваат со избор на јазичето „Кратенки“.

Барање на топоними[уреди | уреди извор]

Речникот содржи над 1200 географски термини, и истите може да се пребаруваат со избор на јазичето „Топоними“.

Можност за предлагање нови зборови[уреди | уреди извор]

Речникот овозможува предлагање на нови зборови при што се бара и предлог за нивно толкување.

Значење[уреди | уреди извор]

ОДРМЈ доаѓа како втор дигитален речник на македонскиот јазик и дава свој придонес за збогатување на дигиталните ресурси за македонскиот јазик.

Противречности[уреди | уреди извор]

По реакцијата на Здружението за унапредување на правата на Ромите „Аваја“ до Владата, зборовите циганчи, циганштија (кои се вклучени во ТРМЈ) и други беа отстранети. Овој потег предизвика реакција во јавноста, класифирајќи го како цензура. За Институтот за македонски јазик ваквиот потег бил „помало зло“.[3][4]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „Официјален дигитален речник на македонскиот јазик“. makedonski.gov.mk. Посетено на 24 мај 2021.
  2. 2,0 2,1 „Официјален дигитален речник на македонскиот јазик“. vesnik-ilinden.com. Илинден. Посетено на 28 јануари 2023.
  3. „Повлекување на зборовите од толковниот речник – цензура или "помало зло"?“. Телма. 7 мај 2021. Посетено на 24 мај 2021.
  4. „Феноменот Толковен речник: Светот ги збогатува речниците, ние кастриме!“. Факултети. 8 мај 2021. Посетено на 24 мај 2021.