Дигитален речник на македонскиот јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Дигитален речник на македонскиот јазик
Вид место
онлајн речник
Достапно намакедонски
СопственикSAM97 GmbH
Адресаmakedonski.info
Место на Алекса 143 (Македонија, мај 2018)
Зачленувањене

Дигитален речник на македонскиот јазик – дигитален толковен речник на македонскиот јазик. Речникот е издаден од SAM97 GmbH[1]. Дигиталниот речник во септември 2019 година броел 75.557 зборови. Од нив 51% биле именки, 25% глаголи, 18% придавки и 5% прилози. Останатите 2% се делат меѓу предлози, извици, сврзници, честички и модални зборови.[2]

Опис[уреди | уреди извор]

Дигиталниот речник на македонскиот јазик е поставен на семрежната адреса http://www.makedonski.info/ и пристапот до неа е слободен.

За составување на речникот била користена следната литература[1]:

Покрај толкувањето на заглавните зборови на македонски јазик, речникот дава:

  • преводни еквиваленти на англиски, албански, латински и во мала мера на турски, германски, француски, бугарски и српски јазик.
  • можност за пребарување на македонските еквиваленти на одреден англиски, латински или албански збор преку опцијата „Обратно“.
  • можност за пребарување по области преку внатрешната опција „Употреба“, при што во резултатот зборовите се подредени по „Категорија“.
  • можност за проверка на правописот на одреден збор преку опцијата „Правопис“.
  • можност за барање синоними на одреден збор преку опцијата „Синоними“.
  • можност за разложување на зборот на слогови преку опцијата „Синоними“.
  • можност за барање на употреба на одреден збор во текстови преку опцијата „Корпус“.
  • можност за пребарување само на дел на зборот, на почетокот, на крајот или во секој дел од заглавните зборови.

Значење[уреди | уреди извор]

Во денешново време потребата од дигитализација на содржините е неопходност за да се намали дигиталниот јаз. Во таа смисла Дигиталниот речник на македонскиот јазик има извонредно значење за македонскиот јазик и за македонската култура воопшто. Изборите кои ги дава овој речник како барање на синоними или барање наводи за употреба на некој збор во книжевноста во огромна мерка ја олеснуваат работата како на учениците и студентите, така и лицата кои професионално се бават со литература.

Исто така значајно е што речникот е отворен за промени, вклучување на нови зборови под наведените услови[1]:

  • Зборот треба да е содржан во Речникот на македонскиот јазик од Блаже Конески
  • Зборот треба да е содржан во Толковниот речник на македонскиот јазик издаден од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“.
  • Да постојат конкретни примери од македонската книжевност или македонскиот печат со употреба на предложениот збор.

како и за исправање на воочени грешки.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Импресум на семрежното место на ДРМЈ
  2. „Творецот на дигиталниот речник на македонски јазик Шинаси Деребеј одржа предавање во МАНУ“. АКО. 22 септември 2019. Посетено на 3 декември 2020.