Честичка (граматика)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Честичка — неменлив збор што се придава на други зборови за да ги засилат или изменат во нивното значење или значењето на целата реченица.

Примери за честички според нивната намена се следните:

  1. со засилувачко значење: де, бе, ма, барем, пак, меѓутоа, просто;
  2. за потврдување: да;
  3. за негирање: не, ни ниту;
  4. со прашално значење: зар, ли, дали;
  5. за изделување: само, единствено;
  6. со количествено значење: точно, токму, скоро, речиси, рамно;
  7. со начинско: би, да, нека, ќе;
  8. со придружно: исто така, уште, притоа;
  9. за компарација: по-, нај- (се пишуваат заедно со зборот)
  10. со определено значење: имено, токму, баш;
  11. со неопределено значење: -било, -годе; и
  12. со показно значење: ете, еве, ене.