Прејди на содржината

Заменка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Примери
  • Јас ја сакам неа.
  • Тоа ме потсетува на нешто.
  • Тој гледаше во вас.
  • Земи го тоа или другото.
  • Кој беше кај вас вчера?

Заменките (латински: pronomen) сочинуваат една од неменливите зборовни групи. Заменките се зборови кои ги заменуваат именките или именските фрази.[1][2] Зборот кој заменката го заменила се нарекува претходник.

За подобро илустрирање на функцијата на заменките е земена следната реченица:

„Марија му го дала моливот на Петар“.

Сите именки во оваа реченица може да се заменат со соодветна заменка и се добива следното:

„Таа му го дала тоа на него.“

Реченицата со заменки е тешко разбирлива и не може лесно да се одреди што сака зборувачот да каже, освен ако именките не биле споменати во претходните реченици од текстот или разговорот.

Видови заменки

[уреди | уреди извор]

Класификацијата на заменките е следната:

Заменки во македонскиот јазик

[уреди | уреди извор]

Заменките во македонскиот јазик се делат на три групи: лични заменки, лично-предметни заменки и показни заменки.

Лични заменки
број лице подмет директен предмет индиректен предмет
без предлози со предлози
долга кратка долга кратка

присвојна

еднина I јас мене ме мене ми мене
II ти тебе те тебе ти тебе
III м.р. тој него го нему му него
ж.р. таа неа ја нејзе ѝ неа
с.р. тоа него го нему му него
множина I ние нас нè нам ни нас
II вие вас ве вам ви вас
III тие нив ги ним им нив

Поврзано

[уреди | уреди извор]