Број (граматика)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Броеви се зборови со кои се означува количеството на предметите, било да е тоа точно избројано или само приближно определено. Броевите стојат до именките, па затоа понекогаш од нив ја преземаат членската морфема, но кај нив нема род и број (освен кај броевите еден и два). Разликуваме два вида бројност: одредена и приближна.

- Со броевите може да изразиме одредена или приближна бројност. Под одредена бројност подразбираме точно определен број на лица или предемети.


А. Одредена Бројност кај броевите

Меѓу броевите што ја изразуваат одредената бројност со своите форми се издвојуваат еден и два по тоа што имаат форми за род.

еден (м.р) една (ж.р.) едно (ср.р)

два (м.р.) две (ж.р.) две (ср.р.)


Б. Приближната бројност обично се искажува така што ќе се сврзат и ќе се изговорат со еден акцент два соседни броја.

два-три, три-четири, пет-шест, шест-седум, седум-осум