Македонски речник од 16 век

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Македонски речник од 16 век
АвторЧиро Џанели во соработка со Андре Вајан
Наслов на
оригиналот
Un lexique macédonien du XVI siècle
ЗемјаФранција
Јазикмакедонски со грчка азбука и француски превод
ИздавачИнститут за словенски студии при Парискиот универзитет
Издадена
1958

Македонски речник од 16 векречник напишан во 16 век од непознат автор, а објавен во 1958 година. Текстовите презентирани за анализа во ова издание биле изработени од „Институтот за словенски студии“ при Парискиот универзитет во 1958 година и се студија заснована на зборови и фрази од Македонија во 16 век. Станува збор за еден од најраните ракописи напишани на чисто македонски народен јазик, а неговите содржини се собрани од селото Богатско, кое се наоѓа во регионот Костурскиот Округ, во југозападна Македонија. Авторот останува анонимен и единствениот заклучок што може да се заклучи е дека тој можеби го зборувал македонскиот јазик како мајчин или го стекнал како дополнителен јазик заради живеење во близина на луѓето што го зборувале тоа. Текстовите биле напишани со грчка азбука, што не било невообичаено на Балканот за време на османлискиот период, како што имало слични примери со албанскиот и влашкиот јазик.[1]

Речнички и лингвистички карактеристики[уреди | уреди извор]

Текстовите откриваат карактеристични локални обележја кои трајно ги преживеале вековите, а сè уште се присутни во голем број денешни говорни македонски дијалекти. Овој факт ја открива извонредната доследност на македонскиот јазик, и покрај непостоењето државна поддршка или школување сè до 20 век. Текстот дава примери на зборови од текстовите, паралелно со лингвистичките карактеристики на јазикот на Македонците.[1]

Животни, храна, анатомија[уреди | уреди извор]

Мраве (мрави), цурвец (црв), сокол, врапци, голоби (гулаби), кокошки, петел, офци (овци), кози, јагне, мечика (мечка), елен, лисица, кон (коњ), круша, месо, сирени (сирење), јајца, вино, сол, жито, коска, гас (газ), куро (кур), маде.[1]

Единствени и позајмени зборови[уреди | уреди извор]

Се користи зборот галухци (глувци), кој исто така може да се рече: глухци или глуфци, а Македонците се единствените што го користат овој збор. Се користи зборот Велигден, кој се изговора со „г“ само на македонски јазик. Турските заемки се многу ретки, еден пример е „јоргано“.[1]

Дијалектни особини[уреди | уреди извор]

Костурскиот Округ содржи дијалекти кои содржат архаични карактеристики, како што е зборот „ранка“ (рака), а не како заедничката македонска варијанта „рака“. Интересен тренд е пронајден во употреба на повеќекратни транзиции на зборови кои се присутни во разни македонски и словенски дијалекти. На пример, во текстот се употребува зборот „дедо“, а не „дјадо“, но сепак„ хљап“ (леб) а не „леп“ или „леб“.

Одреден член[уреди | уреди извор]

Типичниот македонски постпозитивен одреден член е даден во зборовите „крушата“, и „душата“. Се забележува дека во „пато“ исто како и во „јоргано“ се испушта крајното „т“ што е случај и во неколку денешни македонски дијалекти.[1]

Зборови и реченици непроменети со векови[уреди | уреди извор]

Речникот содржи повеќе од 300 зборови и фрази, текстовите ја демонстрираат јачината на зачувување на македонскиот јазик. Следува споредба на реченици помеѓу текстовите од речникот и македонскиот дијалект од Битола, како што се зборува денес.

Костурски дијалект 16 век:

„Господине, брате, да си здрав, да си прост, остави ни да спиме, ела да јаме, и да пиеме, дол да појдиме, да работиме“.

Битолски дијалект 21 век:

„Господине, брате, да си здрав, да си прост, остаи да спиаме, ела да јаиме, и да пиаме, долу да појдиме, да работиме.“

Костурски дијалект 16 век:

„Имате хљап-о да купиме, имате вино да купиме, од која страна да појдиме во Богаско.“

Битолки дијалект 21 век:

„Имате леп да купиме, имате вино да купиме, од која страна да појдиме во Богатско.“

Како што може да се забележи речнички и граматички се скоро идентични.

Сите елементи што подоцна биле потребни за да се подмлади македонскиот народ, кој со векови бил потчинет, биле присутни во овој период. Јазикот на народот се зацврстил, се развила традиција на хералдика и симболика која вклучувала амблем на канџест лав и историски личности од минатото на Македонија, а црквите продолжиле да ги зачувуваат локалните обичаи и да служат како културни центри за населението. Значењето на сите овие елементи заедно не може да биде преценето, јазикот на средновековна Македонија е ист како јазикот на Македонците денес. За жал, преживеал само мал дел од поголема количина македонска книжевност од средниот век, голем дел од нив е ограбена и уништена од грчките свештеници и учители. Како и да е, македонскиот како јазик ја достигна својата сегашна форма векови пред создавање на балканските држави во 19 и 20 век.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 Gianelli, Ciro; André Vaillant. „Macedonian lexicon – 16th century“. Посетено на 4 мај 2020.