Дигитален јаз

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дигиталниот јаз измерен во однос на пропусниот опсег не се затвора, туку флуктуира нагоре и надолу. Iniини коефициенти за телекомуникациски капацитет (во kbit/s) кај поединци ширум светот[1]

Дигитален јаз (digital divide) како израз за првпат е употребен од страна на д-р Сајмон Мурс во интервју за Дигитална инклузија. Дигиталниот јаз ја опишува социо-економската раслоеност на општеството во врска со пристапот до компјутерите и интернетот. Терминот исто така се однесува на достапноста на квалитетна корисна дигитална содржина за определена група на граѓани. Јазот е социјален и политички проблем.

Достапноста на компјутерите и интернетот се само дел од аспектите поврзани со оваа проблематика. Квалитетот и корисноста на функциите кои ги нуди ИКТ се исто така битен елемент при анализата на локалните состојби.

Корисниците не мора да поседуваат компјутер за да бидат е-граѓани. Јавните точки за интернет пристап - Е-точки, мобилните уреди, џебните компјутери се исто така можен начин за користење на е-услугите.

Дигиталниот јаз нема јасни граници во општеството и поделеност на две групи. Економската состојба, цената на опремата и интернет пристапот, образованието претставуваат само дел од причинителите на дигиталниот јаз. Светските искуства говорат дека освен либерализацијата на пазарот, образованието и квалитетните локални содржини неопходно е создавање на национални и локални е-услуги од страна на Владата, локалните самоуправи, банките и фирмите. Овие услуги го прошируваат квалитетно општествениот опсег на ИКТ.

  1. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име HilbertBitsDivide.