Прејди на содржината

Костарика

Од Википедија — слободната енциклопедија
Република Костарика
República de Costa Rica
Знаме Грб
Гесло"Vivan siempre el trabajo y la paz"  (шпански)
„Долго да живее работата и мирот“
Химна
Noble patria, tu hermosa bandera  (шпански)
Благородна земјо, твоето убаво знаме


Местоположба на Костарика
Главен град
(и најголем)
Сан Хосе
9°56′N 84°5′W / 9.933° СГШ; 84.083° ЗГД / 9.933; -84.083
Службен јазик шпански
Признаени регионални јазици лимонски креолски, брибриски
Демоним Костариканци

(Костариканец/Костариканка)

Уредување уставна претседателска република
 •  Претседател Луис Гуљелмо Солис
Независност Објавена 
 •  од Шпанија 15 септември 1821 
 •  од Мексико 1 јули 1823 
 •  од Обединети покраини на Средна Америка 21 март 1847 
 •  Призната од Шпанија 10 мај 1850 
 •  Устав 7 ноември 1949[1] 
Површина
 •  Вкупна 51,100 км2 (128-ма)
 •  Вода (%) 0.7
Население
 •  проценка за јуни 2011 г. 4,608,426[2] (123-та)
 •  Густина 89 жит/км2 (107-ма)
БДП (ПКМ) проценка за 2010 г.
 •  Вкупен $51.166 милијарди[3] 
 •  По жител $11,215[3] 
БДП (номинален) проценка за 2010 г.
 •  Вкупно $35.780 милијарди[3] 
 •  По жител $7,843[3] 
Џиниев коеф. (2009)50.7[4]
висок
ИЧР (2013) 0.763[5]
висок · 68ма
Валута Костарикански колон (CRC)
Часовен појас UTC−06:00 (UTC-6)
Се вози на десно
НДД .cr
Повик. бр. +506

Костарика (шпански: Costa Rica) или официјално Република Костарика (República de Costa Rica) — држава во Средна Америка. Костарика се наоѓа во копнениот дел на Средна Америка и на север се граничи со Никарагва, на југ се граничи со Панама, на запад излегува на Тихиот Океан, додека на исток излегува на Карипското Море. Главен град на Костарика е Сан Хосе.

Костарика е држава која ја има укинато сосема својата војска во 1949 година.[6][7][8] Костарика постојано била сметана за една од најдобрите латиноамерикански држави според Индексот на човеков развој, истата била рангирана на 62 место во светот и Костарика е една од државите кои имаат постојан висок индекс за човеков развој од државите со сличен приход.[9] Во поглед на грижата за околината, Костарика е трета земја во светот и прва во Америка.[10] Според „Индексот за среќата на планетата“, Костарика е рангирана на првото место и се смета за „најзелена“ држава во светот.[11]

Потекло на поимот

[уреди | уреди извор]

Името на државата е од шпанско потекло и Costa Rica значи „богат брег“. На македонски името на државата секогаш се пишува слеано, не според погрешниот начин на одделно пишување на името „Коста Рика“.

Историја

[уреди | уреди извор]

Географија и клима

[уреди | уреди извор]
Географија
Карта на Костарика.

Костарика се наоѓа во Средна Америка на копнениот дел од овој континент. Државата се наоѓа во поширокиот регион наречен Латинска Америка и на север се граничи со Никарагва, на југ со Панама, на исток излегува на Карипското Море, додека на запад излегува на Тихиот Океан. Костарика има вкупен брег од 1.290 километри, од кои 212 се на Карипското Море, додека 1.016 километри се на Тихиот Океан. Костарика има вкупна површина од 51.100 км2, каде живеат околу 4.608.426 жители според проценките за 2010 година.

Највисоката точка во државата е Серо Чирипо со надморска височина од 3.819 метри и овој врв е петти највисок во Средна Америка. Највисок вулкан во државата е Иразу со надморска височина од 3.431 метри. Најголемо езеро во државата е езерото Аренал.

Костарика има и неколку острови. Кокосовиот Остров има 24 км2 и е оддалечен од континенталниот дел од државата. Островот Калеро е најголем остров во државата и има површина од 151.6 км2. Околу 25% од вкупната површина на државата има статус на заштитена област. Костарика има најголема густина на животински и растителни видови во светот.[12]

Клима

Бидејќи Костарика се наоѓа меѓу осмиот и дванаесеттиот степен северно од екваторот, климата во државата е тропска. Сепак, во државата има неколку микроклиматски региони во зависност од надморската височина, дождовите, топографијата и географијата на секој регион.

Сезоните во Костарика се одредени според тоа колку дождови има во одредениот период, не според стандардните четири сезони. Годината може да биде поделена на два периода, сува сезона која кај мештаните е позната како лето и дождливата сезона која локално е позната како зима. „Летото“ е од декември до април, додека „зимата“ е од мај до ноември.

Просечни температури во Костарика [13]

месеци јануари февруари март април мај јуни јули август септември октомври ноември декември
Висока температура (C) 27 27 28 28 27 27 27 27 26 26 26 26
Ниска температура (C) 17 18 18 18 18 18 18 18 17 18 18 18
Врнежи (mm) 6.3 10.2 13.8 79.9 267.6 280.1 181.5 276.9 355.1 330.6 135.5 33.5
Просечна сончева светлина 40 37 39 33 25 20 21 22 20 22 25 34

Политички систем

[уреди | уреди извор]
Петседателот на Костарика - Луис Гуљелмо Солис.

Костарика е претседателска, претставничка демократска република со повеќепартиски систем на управување. Извршната власт во државата е управувана од претеседателот на државата и неговиот/нејзиниот кабинет. Претседателот е шеф на државата и шеф на владата. Законодавната власт во Костарика е во рацете на Законодавното собрание на Костарика. Претседателот и 57 пратеници се избираат преку парламентарни избори за мандат од 4 години. Законодавната власт е независна и има извршна улога. Костарика е држава со силен систем на уставни проверки и баланси. Гласањето во Костарика е задолжително, но не е присилно. Покрај претседател, во државата има и два потпретседатела.

Административна поделба

[уреди | уреди извор]
Покраините на Костарика.

Костарика е поделена на 7 покраини. Покраините се поделени на 81 кантон и секој е управуван од управници. Управниците се избрани преку избори за термин од четири години. Понатака, кантоните се поделени на 421 округ. Покраините на Костарика се:

На
карта
Покраина Население % од
вкуп.
Густина
(жит/км²)
Површина % од
вкуп.
1 Алахуела 848.146 - 86,9 9.757,5 19,1%
3 Гванакасте 326.953 - 32,2 10.140,7 19,8%
4 Ередија 433.677 - 163,2 2.657,0 5,2%
2 Картаго 490.903 - 157,1 3.124,7 6,1%
5 Лимон 386.862 - 42,1 9.188,5 18,0%
6 Пунтаренас 410.929 - 36,5 11.265,7 22,0%
7 Сан Хосе 1.404.172 - 282,8 4.965,9 9,7%
Костарика 4.301.712 84,2 51.092

Демографија

[уреди | уреди извор]

Според податоците од 2010 година, во Костарика живееле 4,640,000 жители.[14] Белото и мешаното население (местици) сочинуваат околу 94% од населението. Поединечно, 80% се белци, 14% се местици,[15] 3% се црнци, 1% се староседелци, 1% се Кинези и 1% други.[16]

Во државата има нешто над 60.000 староседелци и истите сочинуваат 1.5% од вкупното население. Повеќето од нив живеат во посебни резервати и тие се дел од следниве етнички групи: Китириси, Матамбу, Чоротега, Малеку, Брибријци, Кабекарци, Гвајми, Борука и Тераба.

Што се однесува за населението со европско потекло, најдоминантни се жителите со шпанско потекло,[17] како и жители со италијанско, германско, англиско, холандско, француско, ирско, португалско, либанско и полско потекло. Покрај овие во Костарика има и еврејско население. Црнците во Костарика се од јамајско потекло, кои се потомци на емигрантските јамајски работници од 19 век.

Според пописот од 2000 година, 94% се изјасниле како белци или местици, а помалку од 3% како црнци или староседелци. Мешањето на староседелците со Европејците е далеку помало во споредба со останатите латиноамерикански држави. Од ова исклучок е покраината Гванакасте, каде има поголем процент на мешано население поради минатата добра унија меѓу Шпанците и староседелците Чоротега.

Костарика има поголем број бегалци кои се доселени од Колумбија и Никарагва. Како резултат на таа нелегална имиграција, денес се проценува дека околу 10–15% (или 400,000–600,000 жители) од вкупното население на државата се Никарагванци.[18][19] Дел од Никарагванците се на привремен престој во Костарика, каде работат сезонски работи. Костарика прифатила голем број бегалци од останатите држави, особено во 1970-те и 1980-те години, најмногу од Чиле и Аргентина, како и од Ел Салвадор.[20]

Според податоците од Светската банка, во 2010 година во државата имало 489,200 имигранти, главно од Никарагва, Панама, Ел Салвадор, Хондурас, Гватемала и Белиз. Околу 125,306 Костариканци живееле во странство, главно во САД, Панама, Никарагва, Шпанија, Мексико, Канада, Германија, Венецуела, Доминиканска Република и Еквадор.[21]

Главниот јазик кој се зборува во Костарика е шпанскиот. Во државата сè уште се зборуваат некои староседелски јазици. Според бројот на говорници, најголем староседелски јазик е брибрискиот јазик, па потоа малекуски јазик, кабекарски јазик и нгаберски јазик. Некои од овие јазици имаат и по неколку илјади говорници во Костарика, додека пак некои се зборувани од стотици, како што се терибески јазик и борукаски јазик. Покрај брегот на државата може да се сретне и англиски креолски јазик, како и јамајски патоа. Околу 10,7% од костариканското возрасно население зборува англиски, 0,7% француски и 0,3% зборува португалски или германски како втор јазик.[22]

Религија

[уреди | уреди извор]
Базилика Нуестра Сењора де лос Анхелес.

Христијанството е доминантна религија во Костарика. Според уставот од 1949 година, државна религија во Костарика е католицизмот, но истиот устав ја гарантира слободата на религиска определеност.

Според скорешните национални статистики за религија, кој биле издадени во 2007 година од Универзитетот Костарика, околу 70.5% од населението се Католици, 13.8% се Евангелисти, 11.3% немале религија и 4.3% се следбеници на други религии.

Поради скорешните мали имиграциски движења во државата од Азија и Средниот Исток, исто така и други мали религиски групи се присутни во државата: будизам, хиндуизам, јудаизам и ислам. Бројката на следбеници на овие религии е мала.

Синагогата Шареј Зион[23] се наоѓа во близина на метрополитскиот парк Ла Сабана во Сан Хосе. Неколку домаќинства во близина на паркот имаат симболи на Давидовата ѕвезда.[24]

Мормонското движење тврди дека во државата има нивни 35.000 следбеници и истите имаат храм во Сан Хосе. Овој храм е регионален храм за Мормоните од Костарика, Панама, Никарагва и Хондурас.[25] Сепак, оваа религиска група е застапена од помалку од 1 процент од населението на државата.[26][27]

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Според Светската банка, бруто-домашниот производ на државата по глава на жител во 2009 изнесувал 11.122 американски долари, но сепак оваа држава во развој се соочува со четвртата најголема инфлација во Латинска Америка. Покрај тоа, Костарика се соочува и со недостаток на подобрување на постоечката инфраструктура и изградба на нова, процентот на сиромаштија изнесува од 5% до 8%,[28][29], невработеноста во 2009 година била 7.8%,[28] и трговскиот дефицит изнесувал 5.2%. До глобалната рецесија во 2008 година, Костарика имала пораст на економијата од 7 % до 9%, а во 2008 година тој пораст изнесувал 3%.[28][30]

Костарикански појадок со гало пинто.

Територијата на Костарика е местото каде се сретнуваат средноамериканските староседелски и јужноамериканските староседелски култури. Така, северозападниот дел од државата бил најјужната територија на наватлското културно влијание, пред да дојдат Шпанците во 16 век. Централните и јужните делови на државата биле под чипчаското културно влијание. Во XVII и XVIII век крајбрежјето на Карипското Море било населено со црнечко население, т.е. работници донесени од Африка.

Костариканската кујна е мешавина од староседелски, шпански, африкански и останати елементи. Меѓу староседелското население најпопуларни се јадењата од пченка, како што е тамал. Шпанците во Костарика донеле поголем број останати хранливи состојки, пред сè зачини и домашни животни. Додатно на тоа, во Костарика е присутна и карипската кујна која е донесена со населувањето на црнците. Поради тоа денес костариканската кујна е разновидна и богата.[31]

Поради фактот што Шпанците ја колонизирале територијата во 16 век, денес во Костарика забележителна е шпанската култура. Покрај тоа, како резултат на колонизацијата, шпанскиот јазик е доминантен јазик во државата, а најголема религија е католицизмот. Фразата „Pura Vida“ доста често се користи за опишување на костариканскиот начин на живот и во превод значи „чист живот“ или „добар живот“.

  1. Central Intelligence Agency (2011). „Costa Rica“. The World Factbook. Langley, Virginia: Central Intelligence Agency. Архивирано од изворникот на 2020-05-13. Посетено на 2011-10-04.
  2. Estimación para el día de hoy 21 de Junio de 2011 Centro Centroamericano de Población, Universidad de Costa Rica. 2011-06-21.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 „Costa Rica“. International Monetary Fund. Посетено на 2011-04-21.
  4. „Gini Index“. World Bank. Посетено на 2011-03-02.
  5. „2014 Human Development Report Summary“ (PDF). United Nations Development Programme. 2014. стр. 21–25. Посетено на 27 јули 2014.
  6. El Espíritu del 48. „Abolición del Ejército“ (шпански). Посетено на 2008-03-09.
  7. „Costa Rica“. World Desk Reference. Архивирано од изворникот на 2008-02-11. Посетено на 2009-06-09.
  8. „Costa Rica“. Uppsala University. Архивирано од изворникот на 2011-05-10. Посетено на 2009-06-09.
  9. UNDP Human Development Report 2010. „Table 1: Human development index 2010 and its components“ (PDF). UNDP. Посетено на 2010-11-06. pp. 5, 49 and 144
  10. Yale Center for Environmental Law & Policy / Center for International Earth Science Information Network at Columbia University. „2010 Environmental Performance Index“. Архивирано од изворникот на 2010-02-04. Посетено на 2010-01-27.
  11. Ashley Seager (2008-07-04). „Costa Rica is the world's happiest and greenest country in the world“. London: Guardian.co.uk. Посетено на 2009-07-04.
  12. „estudiofi“. Inbio.ac.cr. Архивирано од изворникот на 2010-03-01. Посетено на 2010-06-26.
  13. "Costa Rica Weather". Costa Rica Guides
  14. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2020-04-21. Посетено на 2011-10-26.
  15. "Costa Rica". U.S. Department of State.
  16. „Costa Rica: Ethnic groups“. Cia.gov. Архивирано од изворникот на 2020-05-13. Посетено на 2010-12-21.
  17. „White Settlement in Costa Rica“. Links.jstor.org. Архивирано од изворникот на 2020-05-13. Посетено на 2010-06-26.
  18. www.state.gov Background Note: Costa Rica – People
  19. Dickerson, Marla; Kimitch, Rebecca (2006-03-23). „Costa Rica Seeks to Shut Its Doors to Illegal Migrants From Nicaragua“. Los Angeles Times. Посетено на 2010-05-02.
  20. Biesanz, Karen Zubris; Biesanz, Mavis Hiltunen; Biesanz, Richard (1998). The Ticos: Culture and Social Change in Costa Rica. Boulder: Lynne Rienner Publishers. стр. 118. ISBN 1-55587-737-0.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  21. „Costa Rica country profile (from the Migration and Remittances Factbook 2011)“ (PDF). World Bank. Посетено на 2011-08-17.
  22. Jairo Villegas (2008-03-13). „Solo 1 de cada 10 adultos habla un segundo idioma“. La Nación (Costa Rica). Архивирано од изворникот 2008-03-14. Посетено на 2010-07-22.
  23. Centro Israelita de Costa Rica, Comunidad Judía de Costa Rica, Costa Rican Jewish Community
  24. „Jewish Community in Costa Rica“. Jcpa.org. Посетено на 2010-06-26.
  25. Costa Rica Архивирано на 25 август 2010 г.. LDS Newsroom. Retrieved 2008-12-13.
  26. „San José Costa Rica LDS (Mormon) Temple“. Ldschurchtemples.com. Архивирано од изворникот на 2008-02-28. Посетено на 2010-06-26.
  27. „List of LDS (Mormon) temples in Central America and the Caribbean“. Lds.org. Посетено на 2010-06-26.
  28. 28,0 28,1 28,2 „Rank Order – Inflation rate (consumer prices)“. CIA World Factbook. Архивирано од изворникот на 2020-05-13. Посетено на 2008-02-14.
  29. http://hdr.undp.org/en/media/HDI_2008_EN_Tables.pdf
  30. „Costa Rica: Economy“. U.S. State Department. Посетено на 2007-11-02.
  31. Costa Rican Typical Food

Дополнителни информации

[уреди | уреди извор]
  • CIA World Fact-book. Costa Rica Архивирано на 13 мај 2020 г..
  • Edelman, Marc. Peasants Against Globalization: Rural Social Movements in Costa Rica Stanford: Stanford University Press, 1999.
  • Sebastian Huhn: Contested Cornerstones of Nonviolent National Self-Perception in Costa Rica: A Historical Approach Архивирано на 14 мај 2011 г., 2009.
  • Lara, Sylvia Lara, Tom Barry, and Peter Simonson. Inside Costa Rica: The Essential Guide to Its Politics, Economy, Society and Environment London: Latin America Bureau, 1995.
  • Lehoucq, Fabrice E. and Ivan Molina. Stuffing the Ballot Box: Fraud, Electoral Reform, and Democratization in Costa Rica Cambridge: Cambridge University Press, 2002.
  • Lehoucq, Fabrice E. Policymaking, Parties, and Institutions in Democratic Costa Rica Архивирано на 2 март 2011 г., 2006.
  • Palmer, Steven and Iván Molina. The Costa Rica Reader: History, Culture, Politics Durham and London: Duke University Press, 2004.
  • Sandoval, Carlos. Threatening Others: Nicaraguans and the Formation of National Identities in Costa Rica Athens: Ohio University Press, 2004.
  • Wilson, Bruce M. Costa Rica: Politics, Economics, and Democracy: Politics, Economics and Democracy. Boulder, London: Lynne Rienner Publishers, 1998.
  • Blake, Beatrice. "The New Key to Costa Rica" Berkeley, California: Ulysses Press, 2009.

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]