Сераниља

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Серанилја)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Сераниља (шпански: Banco Serranilla) — подводен гребен со мали ненаселени островчиња во западниот дел на Карипско Море. Се наоѓа на 350 км североисточно од Никарагва и 280 км југозападно од Јамајка. Најблиско копно е гребенот Бахо Нуево на 110 км источно. Првично е прикажан на шпанските карти во 1510 година и моментално е окупиран од страна на Колумбија. Предмет е на политички спор околу суверенитетот помеѓу Хондурас, Никарагва и САД. Долг е 40, а широк 32 км покривајќи површина од 1.200 км2.