Хондурас
| Република Хондурас República de Honduras
|
||||||
|---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
| Гесло: "Libre, Soberana e Independiente"(шпански)
"Слободна, суверена и независна" |
||||||
| Химна: Национална Химна на Хондурас |
||||||
| Главен град | Тегусигалпа 14°6′N 87°13′W / 14.100°N 87.217°W | |||||
| Најголем град | главниот град | |||||
| Службен јазик | шпански | |||||
| Народности | 90% мешани 7% староседелци 2% црнци 1% белци |
|||||
| Демоним | Хондурашани
(Хондурашанец/Хондурашанка) |
|||||
| Уредување | Република | |||||
| • | Претседател | Хуан Орландо Эрнандес | ||||
| • | Заменик претседател | Рикардо Альварес | ||||
| Независност | ||||||
| • | од Шпанија | 15 септември 1821 | ||||
| • | од Федерална Република во Средна Америка | 31 мај 1838 | ||||
| Површина | ||||||
| • | Вкупна | 112,492 км2 (102-ра) | ||||
| Население | ||||||
| • | проценка за август 2009 г. | 7.810.848 (93-та) | ||||
| • | Попис 2000 | 6.975.204 | ||||
| • | Густина | 64 жит/км2 (128-ма) | ||||
| БДП (ПКМ) | проценка за 2008 г. | |||||
| • | Вкупен | $32.779 милијарди[1] | ||||
| • | По жител | $4.275[1] | ||||
| БДП (номинален) | проценка за 2008 г. | |||||
| • | Вкупно | $14.001 милијарди[1] | ||||
| • | По жител | $1.826[1] | ||||
| Џиниев коеф. (1992–2007) | 55.3[2] висок |
|||||
| ИЧР (2013) | ▬ 0.617[3] среден · 129та |
|||||
| Валута | Лемпира (HNL) |
|||||
| Часовен појас | CST (UTC-6) | |||||
| Се вози на | десно | |||||
| НДД | .hn | |||||
| Повик. бр. | 504 | |||||
Хондурас (шпански: Honduras) или официјално Република Хондурас (República de Honduras) — држава во копнена Северна Америка. На север излегува на Карипското Море, додека на југ излегува на Тихиот Океан. На запад, Хондурас се граничи со Гватемала, на југозапад со Ел Салвадор и на југоисток со Никарагва.
Поранешното име на државата било Шпански Хондурас, за да се разликува од поранешниот Британски Хондурас, денес Белиз.[4] Вкупната површина на Хондурас изнесува 112.492 со вкупно население од 7.810.848 жители. Главен град на државата е Тегусигалпа, додека службен јазик е шпанскиот јазик.
Потекло на поимот
[уреди | уреди извор]Шпанците имале различни термини со кои ја означувале територијата која денес е позната како Хондурас.
- Гвајмурас - е име кое Колумбо го дал за град кој е во близина на денешен Трухиљо кој подоцна станало име за целата територија
- Хигуерас - е име кое се поврзува со плодови од дрвото Хикаро.
- Хондурас - на шпански буквално значи „длабочина“. Ова се поврзува со изреката на Кристофер Колумбо кој по излегувањето од Хондурас рекол: „Благодарам на Господ што излеговме од оваа длабочина“ (Gracias a Dios que hemos salido de esas Honduras).[5]
Историја
[уреди | уреди извор]Географија и клима
[уреди | уреди извор]
Хондурас е држава во Северна Америка која на север излегува на Карипското Море, додека на југ излегува на Тихиот Океан. На запад, Хондурас се граничи со Гватемала, на југозапад со Ел Салвадор и на југоисток со Никарагва. Климата во државата е тропска, каде јужниот и централниот дел од земјата се релативно топли.
Територијата на Хондурас е претежно составена од планини, но има и тесни долини покрај бреговите. Вкупната површина на Хондурас изнесува 112.492 км2 каде живеат околу 7.810.848 жители. Главен град на Хондурас е Тегусигалпа.
Политички систем
[уреди | уреди извор]Хондурас е претседателска република, каде претседателот е шеф на државата и на владата. Извршната власт во државата е во рацете на владата, додека законодавната власт е во рацете на Националниот конгрес на Хондурас. Политичкиот живот е под доминација на конзервативната Национална партија на Хондурас и на Либералната партија на Хондурас. Уставно, судската власт е независна.
Административна поделба
[уреди | уреди извор]
Хондурас е поделен на 18 департмани, и тие се:
Стопанство
[уреди | уреди извор]Економијата на Хондурас е во поспор развој. Во последните години просечниот економски развој на земјата се проценил на 7% што ја направило земјата една од најбрзо растечките економии во Северна Америка, но сепак и денес околу 50% од населението живее во сиромаштија.[6] Според Светската банка, Хондурас е една од трите најсиромашни држави во западната полутопка, по Хаити и Никарагва. Се проценува дека има околу 27.9% невработеност.
Население, јазик и религија
[уреди | уреди извор]

Според ЦИА, Хондурас има население од 7.48 милиони жители. Етнички гледано, населението на Хондурас е составено од околу 90% мешано население, 7% староседелско население, 2% црно население и 1% бело население.[7]
Седумте признати староседелски етнички групи во Хондурас се:
- Чорти, мајански народ
- Гарифуна, кои зборуваат аравачки јазик
- Печи
- Толупани
- Ленка
- Мискито
Хондурас е христијанска земја, каде 97% се Католици и 3% се Протестанти. Службен јазик во државата е шпанскиот, но се зборуваат и локални јазици.
- Христијани - 6,657,600
- Муслимани - 7,600
- Без Религија - 798,000
- Будисти - 7,600
- Народна Религија - 83,600
- Други - 45,600
Култура
[уреди | уреди извор]Хондурас има богата култура. Денес најпознат хондурски сликар е Хосе Антонио Велсакез, но и Карлос Гарај и Роке Зелаја. Двата најпознати хондурски писатели се Фројлан Туркиос и Рамон Амаја Амадор. Меѓу музичарите познати се Рафаел Коело Рамос, Лидија Хандал и други. Меѓу шпанско говорното население околу Хондурас, населението е познато како Катрачо или Катрача (женски), што се смета за комплимент.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Мајански храм.
- Ара папагали - национална птица во Хондурас.
- Белоопашест елен - национално животно на Хиндурас.
- Орхидеја - национално цвеќе на Хондурас.
- Плажа во Роатан.
- Теписи за време на прославата на Велигден.
- Катедрала во Комајагва.
- Хондураска шума.
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 3 4 „Honduras“. International Monetary Fund. Посетено на 1 октомври 2009.
- ↑ 1992–2007: „Human Development Report 2009 – M Economy and inequality – Gini index“. Human Development Report Office, United Nations Development Programme. Архивирано од изворникот на 2009-10-17. Посетено на 17 октомври 2009.
- ↑ „Human Development Report 2010“ (PDF). United Nations. 2010. Архивирано од изворникот (PDF) на 2010-11-21. Посетено на 5 ноември 2010.
- ↑ „Archeological Investigations in the Bay Islands, Spanish Honduras“. Архивирано од изворникот на 2010-09-22. Посетено на 2010-03-11.
- ↑ „Columbus's quote“. Архивирано од изворникот на 2015-10-07. Посетено на 2010-03-14.
- ↑ „web.worldbank.org“. Архивирано од изворникот на 2009-03-05. Посетено на 2010-03-14.
- ↑ „CIA - The World Factbook - Honduras“. Архивирано од изворникот на 2020-05-15. Посетено на 2010-03-14.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]| Повеќе за Хондурас на збратимените проекти на Википедија | |
| Дефиниции и преводи на Викиречник ? | |
| Податотеки на Ризницата ? | |
| Образовни ресурси на Викиуниверзитет ? | |
| Новинарски известувања на Викивести ? | |
| Мисли на Викицитат ? | |
| Изворни текстови на Викиизвор ? | |
| Прирачници на Викикниги ? | |
| Информации за патување во Википатување ? ? | |
- Општа мрежно место за Хондурас
- Влада на Хондурас Архивирано на 11 септември 2008 г. (шпански)
- Институт за туризам на Хондурас Архивирано на 13 октомври 2005 г.
- Шеф на држава и кабинет Архивирано на 10 декември 2008 г.
- „Светска книга на факти“ на ЦИА — запис за „Хондурас“ (англиски)
- Хондурас на страната на UCB Архивирано на 7 април 2008 г.
- Хондурас на Curlie (англиски)
- Растителен и животински свет Архивирано на 15 март 2010 г. (шпански)
- Совети за патување во Хондурас Архивирано на 7 февруари 2009 г.
- Honduras Weekly
| ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
