Прејди на содржината

Свети Винцент и Гренадини

Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Винцент и Гренадини
Знаме Грб
Гесло: "Pax et Justitia" (латински)
„Мир и правда“
Химна: "Свети Винцент, земјо многу убава" (Saint Vincent, Land So beautiful)

Кралска химна: "Боже, чувај го Кралот" 'God Save the King'
Местоположбата на Свети Винцент и Гренадини
Главен градКингстаун
Најголем град гл. град
Службен јазик англиски
секојдневен јазик винќански креолски
Народности 
Демоним Светивинќанец, Винќанец
Уредување Унитарна парламентарна уставна монархија
   Монарх Чарлс III
   Гувернер Сузан Дуган
   Премиер Ралф Гонсалвес
Законодавство Собрание
Независност
   Придружна држава 27 октомври 1969 
   од Обединето Кралство 27 октомври 1979 
Површина
   Вкупна 389 км2 (184-та)
   Вода (%) незначително
Население
   проценка за 2016 г. 109.643[1] (179-та)
   Попис 2011 109,991 
   Густина 307 жит/км2 (39-та)
БДП (ПКМ) проценка за 2019 г.
   Вкупен $1.373 милијарди 
   По жител $12,431[2] 
БДП (номинален) проценка за 2019 г.
   Вкупно $864 милиони 
   По жител $7,827[2] 
ИЧР (2018) 0.728[3]
висок · 94-та
Валута Источнокарипски долар (XCD)
Часовен појас (UTC-4)
Се вози на лево
НДД .vc
Повик. бр. +1 784

Свети Винцент и Гренадини, скратено СВГ, (англиски: Saint Vincent and the Grenadines) е држава во Средна Америка, дел од Карипските Острови Мали Антили. Западно од државата се наоѓа Карипското Море, додека источно од државата се наоѓа Атлантскиот Океан. Вкупната површина на земјата изнесува 389 км2 со вкупно население од 120.000 жители. Државата е составена од островот Свети Винцент и две третини од островите Гренадини, каде една третина припаѓа на Гренада.

Северно од Свети Винцент и Гренадините се наоѓа државата Света Луција, источно се наоѓа Барбадос, додека јужно од истата се наоѓа државата Гренада. Главен град на земјата е Кингстаун со службен јазик англиски. Низ историјата, таа била колонија и на Франција и на Велика Британија.

Потекло на поимот

[уреди | уреди извор]

Островот Свети Винцент се стекнал со истото име уште со доаѓањето на Кристофер Колумбо на островот. Имено, тој стигнал на островот на 22 јануари 1498 година кога бил празникот на Свети Винцент од Сарагоса — покровител на Португалија. Претходно островот се викал Хаироун. Понекогаш на македонски државата и островите се именуваат како Свети Винсент и Гренадините.

Историја

[уреди | уреди извор]

Географија

[уреди | уреди извор]
Карта на СВГ.

Свети Винцент и Гренадини е островска држава составена од неколку острови. Државата се наоѓа во Средна Америка, поточно дел е од островите Мали Антили. Јужно од државата се наоѓа Гренада, додека северно е Света Луција. Западно од државата се наоѓа Карипското Море, додека источно се наоѓа Атлантскиот Океан. Најголем остров е Свети Винцент со вкупна површина од 344 км2, додека останатите помали острови Гренадини зафаќаат површина од 45 км2, но јужните островчиња од Гренадините се под контрола на Гренада. Главен град на државата е Кингстаун и државата има вкупно население од 120.000 жители.

бр.островадм. центардруги нас. местаповршина  (км2)население
1Острови Свети ВинцентКингстаунЏорџтаун, Биера Вилиџ, Бијабу, Шатобеле342.8109010
1.1Свети ВинцентКингстаунЏорџтаун, Биера Вилиџ, Бијабу, Шатобеле342.7109000
1.2ЈангЈанг АјландИљја де Форт, Саут Поинт, Сансет Поинт0.0710
1.3останати островиКау и Калвс0.030
2ГренадиниПорт ЕлизабетДовер, Дерик, Ештон,Бедно, Чарлстаун, Клифтон, Френдшип, Ловел, Олд Вол, Пеџет Фарм, Хамилтон47.2311000
2.1БекијаПорт ЕлизабетХамилтом, Белмон, Пеџет Фарм, Дерик17.005900
2.2Петит НевисЕјлин Кориа0.290
2.3КватрГранд БејMitchell mansion1.520
2.4БатовијаЛендинг Поинт0.710
2.5БалисоЛендинг Беј1.290
2.6МустикЛовелБританија Беј, Довер5.70800
2.7Петит Мустик0.400
2.8СаванНорт Поинт0.110
2.9Петит Кануан0.200
2.10КануанЧарлстаунИненс Беј, Глоси, Тафија, Френдшип, Барбрус, Рили Беј, и др.7.601200
2.11МероОлд ВолЛанс Бандо, Солтвисл Беј, Салин Беј, и др.2.10280
2.12ТобагоПетит БатоПетит Рамо, Барадол, Петит Тобак0.250
2.13Јунион со Хепи и ФригатаКлифтонЕштон9.002700
2.14Морпион и уште два насипа0.0020
2.15Петит Сент ВинсентТелескоп ХилВест Енд Бич, Карибијан Бич, Винди Хил, Крос Поинт, Атлантик Бич, и др.0.4680
2.16ПалмКактус ХилСансет Грил Бич, Норт Бич0.5430
2.17останати островиПиџн, Пилорис, Ребит, Доув, Кетолик, Пунес0.060
 Свети Винцент и ГренадиниКингстаунЏорџтаун, Виара Вилиџ, Бијабу, Порт Елизабет, Шатобеле390120000

Политички систем

[уреди | уреди извор]

Свети Винцент и Гренадини е уставна монархија каде шеф на државата е кралот Чарлс III. Тој во државата е претставен од генералниот гувернер, кој моментално на таа позиција е Фредерик Балантајн.

Гувернерот има церемонијална улога. Контролата на владата е во рацете на премиерот и неговиот кабинет на министри. Моментален премиер на државата е Ралф Гонсалвес. Државата нема формална армиска војска, но присутна се кралските полициски сили на Свети Винцент и Гренадини.

Административна поделба

[уреди | уреди извор]
Парохии на СВГ.

Административни, државата е поделена на шест парохии. Пет од парохиите се на островот Свети Винцент, додека шестата е составена од сите Гренадини кои се во склоп на државата. Кингстаун се наоѓа во парохијата Свети Џорџ. Најголема парохија е Шарлот.

парохијаглавен град
ШарлотЏорџтаун
ГренадиниПорт Елизабет
Сент ЕндруЛају
Сент ДејвидШатобелер
Сент ЏорџКингстаун
Сент ПатрикБаруали

Стопанство

[уреди | уреди извор]
Кингстаун.

Земјоделството е доминантна гранка во стопанството и производството. Покрај тоа, во државата има и сектор за услуги, кој се заснова на туризмот. Владата не била многу успешна во промоција на нови индустриски гранки и има висок степен на невработеност од 22%. Туризмот во државата има голем потенцијал за развој. Бидејќи филмот Пиратите од Карибите се снимал во оваа држава, тоа резултирало зголемен туризам.

Демографија

[уреди | уреди извор]
Бекија.

Вкупното население на Свети Винцент и Гренадини изнесува 118.149 жители според пописот од јуни 2008 година. Етнички, 66% од населението е црно, 6% се Индијци, 19% мешано население, 2% се староседелско население, 4% се бело население и 3% останато. Голем дел од населението е со африканско потекло кое било донесено на островите за работа на плантажи. Државата има голем степен на емиграција.

Службен јазик во државата е англискиот јазик, но голем број од населението зборува Винцентски креолски јазик.[4][5][6] Англискиот се користи во образованието, религијата и останатите општествените установи.

Голем дел од населението се Христијани.

Верници во Свети Винцет и Гренадини
Христијани
 
88,70 %
Муслимани
 
1,50 %
Без Религија
 
2,50 %
Хиндуисти
 
3,40 %
Народна Религија
 
2,00 %
Други
 
2,00 %
Карта на Гренадините.

Музиката на Свети Винцент и Гренадините вклучува големи тапани, калипсо, сока и други инструменти. Популарни во државата се бендовите. Најпознат меѓународен пејач е Марлон Рудет, водечки вокал на групата Mattafix позната по хитот „Big City Life“.

Додатни информации

[уреди | уреди извор]
  • Bobrow, Jill & Jinkins, Dana. 1985. St. Vincent and the Grenadines. 4th Edition Revised and Updated, Concepts Publishing Co., Waitsfield, Vermont, 1993.
  • CIA Factbook entry Архивирано на 13 февруари 2016 г.
  • Gonsalves, Ralph E. 1994. History and the Future: A Caribbean Perspective. Quik-Print, Kingstown, St. Vincent.
  • US Dept of State Profile
  • Williams, Eric. 1964. British Historians and the West Indies, Port-of-Spain.

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
Влада
Општо
Друго
  1. „Изгледи за светското население: Преработка за 2017 г.“. ESA.UN.org. Оддел за економски и социјални работи на ООН, Отсек за население. Посетено на 10 September 2017. (англиски)
  2. 1 2 Report on St. Vincent and the Grenadines, International Monetary Fund.
  3. „Human Development Report 2019“ (англиски). United Nations Development Programme. 10 December 2019. Архивирано од изворникот (PDF) на 2019-12-09. Посетено на 10 December 2019.
  4. Gordon, Raymond G., Jr. (ed.) (2005). „Ethnologue: Languages of the World, 15th edition“. Dallas, TX: SIL International.CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)
  5. „St. Vincentians“. everyculture.com.
  6. „Country Fact Sheet on Saint Vincent and the Grenadines“. Research Directorate of the Immigration and Refugee Board of Canada. Архивирано од изворникот на 2020-05-15. Посетено на 2010-03-07.