Петит Невис
Изглед
| Географија | |
|---|---|
| Место | Карипско Море |
| Координати | 12°58′27″N 61°14′37″W / 12.974031°N 61.243522°W |
| Држава | |
| Дополнителни податоци | |
| приватен [1] | |
Петит Невис (англиски: Petit Nevis, „Мал Невис“) е мал остров во Карипското Море, дел од групата на острови Гренадини, во независната островска држава Свети Винцент и Гренадини. Островот не е населен. Во близина на северниот брег има мала издигната карпа.
Географија
[уреди | уреди извор]Островот e со вкупна големина од 0,28 км2. Петит Невис се наоѓа јужно од островот Бекија. Помеѓу Бекија и Петит Невис се наоѓаат малите карпи Семплерс Ки и Сент Елерс Ки.[2] Овој остров не е населен, но се користи од ловци на китови. Сепак ловењето на китови сега е ограничено со закон.
Последниот сопственик на островот била Ејлин Корија, која умрела во јули 2011. Денес островот е под управа на потомците од претходните сопственици.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Petit Nevis - Private Island St. Vincent and the Grenadines Sotheby's International Realty
- ↑ Mapcarta, 2018. Petit Nevis, St Vincent. Accessed 2018-03-30.