Оддел за економски и социјални работи на Обединетите нации

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Одделот за економски и социјални работи на Обединетите нации (ОЕСР ОН) е дел од секретаријатот на Обединетите Нации, одговорен за контрола на најважните самити и конференции на ОН, и исто така работи за Економскиот и социјален совет и Вториот и Третиот комитет на Генералното собрание на Обединетите Нации. Потоа, Одделот за економски и социјални работи на ОН им помага на земјите ширум светот во одредувањето на агендата и донесувањето на одлуки со цел да ги задоволи нивните економски, општествени и еколошки предизвици. Ја поттикнуваа и поддржува меѓународната соработка за да го потпомогне развојот за сите земји. Со обезбедувањето на широк спектар на аналитички производи, политички совети и техничка помош, Одделот за економски и социјални работи на ОН ефикасно ги пренесува глобалните задолженија од економската, општествената и еколошката сфера во национални политики и дејствувања и продолжува да има главна улога во набљудувачкиот процес кон меѓународни договорени развојни цели. Исто така, овој оддел е дел од Групата за развој на ОН.

Позадина[уреди | уреди извор]

Одделот за економски и социјални работи на ОН е дел од Секретаријатот на ОН кој е основан преку редовни пресметани придонеси од земјите-членки. Одделот се реорганизира во неговата денешна форма во 1997 година. Генералениот потсекретар за економски и социјални работи го советува Генералниот секретар за општествен, економски и одржлив развој и ги одржува главните партнерства со владите, агенциите на ОН и организации за граѓанското општество. На чело на овој оддел е Ву Хонгбу кој ја презеде оваа функција како Генерален потсекретар за економски и социјални работи на 1 август 2012 година, по неговото назначување од Генералниот секретар Бан Ки Мун на 31 мај 2012 година. Исто така, Генералниот потсекретар за економски и социјални работи заседава со Извршниот комитет за економски и социјални работи, мрежата на Секретаријатот на ОН за заедничко планирање и поттикнување на развој. Во водењето и управувањето на Одделот за економски и социјални работи (ОЕСР), Генералниот потсекретар ја има поддршката од Помошниот генерален секретар за економски развој, Помошниот генерален секретар за политичко управување и меѓуагенциски работи и од Помошниот генерален секретар и специјалниот советник на Генералниот секретар за родови прашања и унапредување на жените.

Мисија[уреди | уреди извор]

Мисијата на Одделот за економски и социјални работи на ОН да поддржува развој за сите, особено за најранливите, ја одразува најважната грижа за праведност и еднаквост во сите земји, мали и големи, развиени и во развивање. Ја нагласува потребата за сите владини акционери, ОН и други меѓународни организации, граѓанското општество и приватниот сектор да си ја извршат обврската за подобрување на економската и општествена добросостојба. Праведното учество на сите луѓе и нации е она што ги прави ОН единствени и и ја дава на агендата за развој нејзината универзална законитост.

Функција[уреди | уреди извор]

Одделот за економски и социјални работи на ОН работи во три главни меѓусебно поврзани области:

  • Исполнува, обновува и анализира широк спектар на економски, општествени и еколошки податоци и информации за тоа кои земји-членки на ОН се подготвуваат да ги разгледаат честите проблеми и да сведат баланс за политички можности;
  • Ги олеснува преговорите на земјите-членки во многу меѓувладини тела за заеднички движења за дејствување за да обрне внимание на тековните или појавувањето на нови глобални предизвици;
  • Ги советува заинтересираните влади за начините и средствата за пресоздавање на политички рамки кои биле развиени на конференции и самити на ОН во програми на државно ниво кои помагаат да се изградат национални капцитети преку техничка поддршка.

Во 2012 година, поради зголемениот товар на одржување на зголемениот број конференции, вклучувајќи ја и Милениумската декларација, одделот се прошири и доби нова канцеларија за Помошен генерален секретар. Седиштето на Одделот за економски и социјални работи на ОН е во Њујорк, но има важна помошна канцеларија во Рим (Италија) која управува со усогласувањето на Италијанската асоцијација и програмите за Млади професионални директори.

Поради важноста ОН да се придржуваат до економските и социјални работи, овој Оддел содржи неколку важни оддели како што се: Одделот за политички развој, Канцеларијата за финансирање на развојот, Одделот за одржлив развој, Одделот за општествен развој, Одделот за јавна администрација, Одделот за статистика и Одделот за население. И овој оддел е дел од Групата за развој на ОН.

Оддели[уреди | уреди извор]

Анализа на политиката за развој: Одделот за анализа и политика за развој е основа за развивањето на економијата во Одделот за економски и социјални работи и единицата за главни развојни истражувања во ОН. Главните функции на овој оддел се набљудување на светската економска и општествена ситуација, поддржување на управувањето на макроекономската политика и анализирање на развојните трендови за подобрување на извршувањето на Агендата за развој на ОН.

Одржлив развој: Одделот за одржлив развој ги олеснува преговорите, градењето на консензус и донесувањето на одлуки на меѓувладино ниво кое служи како важен секретаријат на Комисијата за одржлив развој на ОН. Одделот работи на спроведување на Агендата 21, Јоханесбургшкиот план за спроведување, Програмата од Барбадос за дејствување и Стратегијата од Мауритиус за одржлив развој на малите островски земји во развој. Спроведува истражувања и презема анализи за да го извести донесувањето на политики за одржливиот развој. Понатаму, овој Оддел обезбедува градење на капацитетите во земјите во развој и транзициски земји директно и преку Центарот за регионален развој на ОН.

Јавната администрација и управување со развојот: Одделот за Јавна администрација и управување со развојот им помага на земјите да ги изградат и зајакнат нивните јавни установи. Им помага на владите да ги унапредат реформите во јавниот сектор и да го подобрат квалитетот на јавниот сервис за набавка. Нудејќи активности за градење на капацитети, поттикнување на ширењето на знаење и обезбедување на обука и алатки достапни на интернет, овој Оддел ги штити ефикасните, ефективните и граѓански насочени јавни сервиси кои се основани врз принципите на транспарентност, одговорност и граѓанско учество.

Статистика: Одделот за статистика на Одделот за економски и социјални работи е светски центар за податоци од сите области, давајќи му на светот статистички информации собрани од целиот систем на ОН. Го управува и олеснува развивањето на светскиот статистички систем и служи како секретаријат на Комисија за статистика на Обединетите нации. Овој оддел настојува да ги развие статистичките стандарди и норми за глобални статистички активности и ги поддржува напорите на земјите да ги зајакнат нивните национални статистички системи. Одделот има сеопфатно издание за технички прирачници и статистички информации.

Финансирање за развој: Канцеларијата за финансирање на развој обезбедува поддршка за постојана контрола на договори и задолженија кои се содржани во Монтрејскиот консензус и Декларацијата од Доха. Го поддржува обемниот меѓвладин процес со учество на сите релевантни акционери, внимава на клучните области од домашната мобилизација на ресурси, прилив на приватни инвестиции, меѓународна трговија, официјална развојна помош, надворешни долгови и глобалниот финансиски и економски систем и архитектура.

Економскиот и социјален совет (ЕСС) за поддршка и управување: Канцеларијата на Екомонскиот и социјален совет (ЕСС) за поддршка и управување обезбедува важна поддршка и го промовира консензусот на Економскиот и социјален совет на Обединетите нации и Генералното собрание. Главна одговорност на оваа канцеларија е да ја поддржи Годишната министерска ревизија на Економскиот и социјален совет и Форумот за развојна соработка за да обезбеди севкупен квалитативен преглед на напредокот во воведувањето на Милениумските развојни цели. Глобалните подготвителни состаноци, регионалните советувања и националните прегледи се важни елементи за овој процес да обезбеди суштински преглед на министерско ниво и квалитет и дијалог насочен кон дејствување врз прашањата за развој на соработката. Канцеларијата активно ги ангажира агенциите на ОН и граѓанското општество да планираат заеднички насоки за дејствување. Исто така, Канцеларијата советува за зајакнувањето на врската меѓу Економскиот и социјален совет и Комисијата за градење на мирот со цел да придонесе до координиран, поврзан и обединет пристап до повоено градење на мирот.

Население: Одделот за население на Одделот за економски и социјални работи е светски лидер во демографските истражувања. Подготвува проценки и прогнозирања за работи како што се вкупното население, фертилитет, морталитет, миграции и урбанизација, кои служат како препорака за системот на ОН, многу влади на држави, академии, медиуми и корпорациски корисници низ светот. Одделот е важен секретаријат на Комисијата за население и развој и оттука го набљудува спроведувањето на Програмата за дејствување на Меѓународната конференција за население и развој од 1994 година и нејзините дополнителни задолженија. Таа подготвува неколку показатели кои се поврзани со целите за репродуктивното здравје на Милениумските развојни цели и учествува во советувањето на Генералното собрание во областа на меѓународна миграција и развој.

Општествена политика и развој: Одделот за општествена политика и развој им помага на владите и граѓанското општествените организации да создадат општествени политики кои поттикнуваат повеќе сигурни, праведни, слободни и хармонични општества. Одделот работи со развојните партнери за да го поттикне реализирањето на „општество за сите“, каде што сите членови, вклучувајќи и постари лица, млади, лица со хендикеп, локално население и други често маргинализирани групи да имаат исто мислење и исто учество. Обезбедува основна поддршка и оддржување за Комисијата за општествен развој, Постојаниот форум за локални прашања на ОН и Конференцијата за државни партии до Конвенцијата за права на лицата со хендикеп.

Шуми: Форумот на Секретаријатот за шуми на ОН е фокусна точка на Одделот за економски и социјални работи за сите прашања од политиката за шумите. Обезбедува важна поддршка за двегодишните сесии на Форумот, подготвува технички извештаи и аналитички студии и дијалози за шумите за да се подобри соработката и координацијата на прашања за шумите. Обезбедува детален и поврзан приказ на шумите што опфаќа економски, социјални и еколошки аспекти. Во 2009 година, Секретаријалот доби дозвола да започне олеснителен процес кој ќе им помогне на земјите во мобилизирање на финансирањето за оддржливо управување со шумите.

Одржани конференции од 1990 година па наваму[уреди | уреди извор]

2012

  • Конференција за одржлив развој на ОН (Рио+20).

2011

  • Конференција за најнеразвиените земји на ОН.

2010

2009

  • Конференција на ОН за светската финансиска и економска криза и нејзиното влијание врз развојот.

2008

  • Дополнителна меѓународна конференција за финансирање на развојот за оценка на спроведувањето на Монтрејскиот консензус.
  • Настан на високо ниво за Милениумските развојни цели од 2008 година.

2006

  • Дијалог на високо ниво за Меѓународната миграција и развој.

2005

  • Светски самит во 2005 година.
  • Десетгодишен преглед на Декларацијата од Копенхаген и Програмата за дејствување.
  • Десетгодишен преглед на Декларацијата од Пекинг и платформата за дејствување.
  • Втората фаза од Светскиот самит за информатичко општество.

2004

  • Десетгодишен преглед на Програмата за дејствување од Барбадос.

2003

  • Меѓународна министерска конференција за затворени и транзитски земји во развој.
  • Прва фаза од Светскиот самит за информатичко општество.

2002

  • Меѓународна конференција за финансирање на развојот.
  • Светски самит за одржлив развој.
  • Второ светско собрание за стареењето.
  • Специјално заседание на Генералното собрание за децата.
  • Светски самит за храна: Пет години подоцна.

2001

  • Трета конференција на ОН за Најмалку развиените земји.
  • Специјално заседание на Генералното собрание и целосен преглед и проценка на спроведувањето на агендата за живеалишта.
  • Специјално заседание на Генералното собрание за ХИВ/СИДА.

2000

  • Милениумски самит.
  • Светски форум за образование.
  • Општествен самит +5.
  • Специјално заседание на Генералното собрание за петгодишниот преглед на Декларацијата од Пекинг и Платформата за дејствување.

1999

  • Дваесет и прво специјално заседание на Генералното собрание за Меѓународната конференција за население и развој.

1996

  • Втора конференција на ОН за Населување на човекот (ХАБИТАТ 2).
  • Светски самит за храна.

1995

  • Четврта светска конференција за жени.
  • Светски самит за општествен развој.

1994

  • Меѓународна конференција за население и развој.
  • Глобална конференција за одржлив развој на мали островски земји во развој.

1993

  • Светска конференција за човекови права.

1992

  • Конференција на ОН за еколошката средина и развојот.
  • Меѓународна конференција за исхрана.

1990

  • Светски самит за деца.
  • Светска конференција за образование за сите.
  • Втора конференција на ОН за најмалку развиените земји.

Граѓанско општество[уреди | уреди извор]

Областа на невладини организации на Одделот за економски и социјални работи на ОН е фокусна точка во Секретаријатот на ОН за невладини организации во советодавен статус со Економскиот и социјален совет (ЕСС) и за невладините организации кои бараат статус. Одделот за економски и социјални работи на ОН соработува со 3400 невладини организации кои се во советодавен статус со Економскиот и социјален совет (ЕСС) и сите други невладини организации кои сакаат да соработуваат со ОН. Според областа на невладини организации, нејзините цели се следниве:

  • Поддршка на невладините организации: навремено информирање за настани и можности за да се соработува со Обединетите нации.
  • Меѓувладина поддршка: работиме со Комитетот на невладините организации, кој има средби два пати годишно за да расправа за акредитација на невладините организации во Економскиот и социјален совет на ОН.
  • Конференциска регистрација: преку мрежата на граѓанското општество (CSONet) се олеснува учеството на невладините организации до повеќето меѓувладини процеси кои се одржуваат во седиштето на Обединетите Нации и пошироко.