Милениумски развојни цели

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Милениумските развојни цели се осум меѓународни развојни цели за коишто сите 192 земји-членки на Обединетите Нации и најмалку 23 меѓународни организации се договорија да ги постигнат до 2015 година. Тие вклучуваат искоренување на екстремната сиромаштија, намалување на стапката на смртност кај децата, борба против смртоносни болести како што е сидата како и развивање на глобално партнерство за развој.

Основа[уреди | уреди извор]

Целта на Милениумските развојни цели е да се поттикне развој преку подобрување на социјалните и економските услови во најсиромашните земји во светот. Тие произлегуваат од претходните меѓународни развојни цели и официјално беа воспоставени по Милениумскиот самит во 2000 година кадешто сите светски лидери ја усвоија Милениумската декларација на Обединетите нации, а од кадешто произлегуваат и осумте цели предводени од групата на Џефри Сакс.

На Милениумскиот самит беше презентиран и извештајот на Генералниот секретаријат под наслов „Ние луѓето: улогата на Обединетите Нации во 21-от век“. Милениумскиот форум подготви и дополнителен влез кадешто се собраа претставници од повеќе од 1.000 невладини организации како и организации на граѓанското општество од повеќе од 100 земји. Форумот се одржа во мај 2000 година со цел да се затвори двегодишниот процес на консултации којшто ги опфаќа проблемите како што се искоренување на сиромаштијата, заштита на животната средина, човекови права и заштита на ранливите групи. Одобрувањето на Милениумските развојни цели е веројатно најважниот исход на Милениумскиот самит. Во областа на мирот и безбедноста, усвојувањето на Извештајот на Брахими се смета за правилно опремување на организацијата за спроведување на мандатите од страна на Советот за безбедност.

Идеите пред Милениумските развојни цели[уреди | уреди извор]

Милениумските развојни цели потекнуваат од Милениумската декларација на Обединетите нации. Според декларацијата, секој поединец има право на достоинство, слобода, еднаквост, основен стандард на живеење којшто вклучува и ослободување од глад и насилство, а ја поттикнува и толеранцијата и солидарноста. Милениумските развојни цели имаат за цел да ги воспостават овие идеи преку поставување цели и индикатори за намалување на сиромаштијата со цел да се постигнат правата содржани во Декларацијата во наредните петнаесет години.

Милениумските развојни цели се осврнуваат на три главни области од човековиот развој (човештвото): зацврстување на човечкиот капитал, подобрување на инфраструктурата како и зголемување на социјалните, економските и политичките права кадешто фокусот главно се става врз зголемување на основните стандарди за живеење.

Целите, избрани во рамките на фокусот врз човековиот капитал, вклучуваат: подобрување на исхраната, здравството (вклучувајќи намалување на нивото на смртност кај децата, хив/сида, туберколоза и маларија како и зголемување на репродуктивното здравје и образование.

За фокусот врз инфраструктурата, целите вклучуваат: подобрување на инфраструктурата преку зголемување на пристапот до безбедна вода за пиење, енергија и технологија на модерно информирање и комуницирање; проширување на земјоделското производство преку одржливи практики; подобрување на транспортната инфраструктура; како и заштита на животната средина.

И на крај, целите за фокусот врз социјалните, економските и политичките права вклучуваат: права на жените, намалување на насилството, зголемување на политичкиот глас, обезбедување на еднаков пристап до јавните услуги како и зголемување на безбедноста на имотните права. Избраните цели се наменети за да се зголемат човековите способности на поединецот како и „унапредување на средствата за продуктивен живот“. Милениумските развојни цели придаваат големо значење на политиките на поединецот, па за да се постигнат, тие треба да се прилагодат на потребите на поединецот. Оттука, најголемиот број на предлози за политиките се општи.

Милениумските развојни цели, исто така, ја истакнуваат и улогата на развиените земји во помагањето на земјите во развој, како што е наведено во осмата цел. Осмата цел ги поставува целите за развиените земји за да постигнат „глобално партнерство за развој“ со подршка на фер трговија, олеснување на долговите за земјите во развој, зголемување на финансиската помош и пристап до основните достапни лекови како и охрабрување на трансфер на технологијата. На тој начин, земјите во развој не се оставени сами на себе во постигнувањето на Милениумските развојни цели, но се сметаат за партнер во развојот на договорот за намалување на сиромаштијата.

Милениумски развојни цели[уреди | уреди извор]

Милениумските развојни цели се развиени надвор од осумте поглавја на Обединетите нации потпишани во септември 2000 година. Постојат осум цели и 21 потточка на овие цели како и бројни мерливи индикатори за секоја потточка.

Цел 1: Искоренување на екстремната сиромаштија и глад[уреди | уреди извор]

Потточка 1А: Преполување на процентот на луѓе коишто живеат со помалку од 1 долар дневно

  • Процент на луѓе коишто живеат со помалку од 1 долар дневно (вредности на ПКМ-Паритет на куповна моќ)
  • Сооднос на јазот на сиромаштијата
  • Удел во најсиромашниот квинтал во националната потрошувачка

Потточка 1Б: Постигнување на достојно вработување за жените, мажите и младите луѓе

  • Раст на БДП по вработен човек
  • Стапка на вработеност
  • Процент на вработени коишто живеат со помалку од 1 долар дневно (вредности на ПКМ)
  • Процент на вработени во едно семејство во вработеното население

Потточка 1В: Преполување на процентот на населението коешто страда од глад

  • Зачестеност на деца до петгодишна возраст со тежина помала од нормалната
  • Процент на населението коешто живее под минималното ниво на потрошувачката на храна и енергија

Цел 2: Постигнување на универзално основно образование[уреди | уреди извор]

Потточка 2А: До 2015 година, сите деца да можат да завршат основно образование

  • Запишување во основно училиште
  • Завршување на основно образование
  • Писменост на деца на возраст од 15 до 14 години

Цел 3: Промовирање на полова еднаквост како и правата на жените[уреди | уреди извор]

Потточка 3А: Елиминирање на половата нееднаквост во основното и средното образование, по можност до 2005 година, како и на сите нивоа до 2015 година

  • Сооднос на девојчиња и момчиња во основно, средно и високо образование
  • Удел на жените во платите за вработување надвор од земјоделскиот сектор
  • Процент на местата на жените во националниот парламент

Цел 4: Намалување на стапката на смртност кај децата[уреди | уреди извор]

Потточка 4А: Намалување од две третини на стапката на смртност кај децата на под пет години во периодот помеѓу 1990 и 2015 година

  • Стапка на смртност под пет години
  • Стапка на смртност на доенчиња (бебиња коишто сеуште немаат 1 година)
  • Процент на едногодишни деца вакцинирани против мали сипаници.

Цел 5: Подобрување на здравјето на мајките[уреди | уреди извор]

Потточка 5А: Намалување на стапката на смртност на мајките од три четвртини во периодот помеѓу 1990 до 2015 година

  • Стапка на смртност на мајките
  • Процент на породувања од стручен персонал

Потточка 5Б: Постигнување на универзален пристап до репродуктивното здравје до 2015 година

  • Стапка на распространетост на контрацепција
  • Наталитет на адолесценти
  • Покриеност на претпородилна нега
  • Несоодветна потреба за планирање на семејство

Цел 6: Борба против ХИВ/СИДА, маларија и други болести[уреди | уреди извор]

Потточка 6А: Да се запре и да се намали ширењето на ХИВ/СИДА до 2015 година

  • Распространетост на ХИВ помеѓу луѓето на возраст од 15 до 24 години
  • Користење на кондом за време на ризичен сексуален однос
  • Процент на населението на возраст од 15 до 24 години со напредно и правилно познавање за ХИВ/СИДА

Потточка 6Б: Постигнување на универзален пристап за лекување од ХИВ/СИДА за сите оние на кои им е тоа потребно до 2015 година

  • Процент на населението со напредна ХИВ инфекција и со пристап до антиретровирусни лекови

Потточка 6В: Да се запре и да се намали ширењето на зачестеноста на болеста маларија и другите актуелни болести

  • Распространетост на стапката на смртност поврзана со маларија
  • Процент на деца под петгодишна возраст коишто спијат во шатори прскани со средства против инсекти
  • Процент на деца под петгодишна возраст коишто се лекуваат со соодветни лекови против маларија
  • Распространетост и стапка на смртност поврзана со туберколоза
  • Процент на откриени случаи на туберколоза како и процент на излечени случаи со краток курс по директно набљудување на процесот на лекување

Цел 7: Обезбедување одржливост на животната средина[уреди | уреди извор]

Потточка 7А: Интегрирање на начелата на одржливиот развој во националните политики и програми како и замена на дефицитот на ресурси од животната средина

Потточка 7Б: Намалување на дефицитот на биолошка разновидност како и постигнување на значајно намалување на стапката на дефицит до 2010 година

  • Процент на површина покриена со шуми
  • Испуштање на јаглерод диоксид, вкупен БДП во износ од 1 долар по глава на жител (ПКМ)
  • Потрошување на супстанции коишто ја уништуваат озонската обвивка
  • Процент на залихи на риба во рамките на безбедните биолошки граници
  • Процент на вкупниот број на водни ресурси коишто се употребуваат
  • Процент на заштитени копнени и морски површини
  • Процент на загрозените видови на кои им се заканува истребување

Потточка 7В: Преполување на процентот на население без одржлив пристап до безбедна вода за пиење како и основна санитација до 2015 година (за повеќе информации, погледнете го влезот за снабдување со вода)

  • Процент на населението со одржлив пристап до подобрен извор на вода, и градски и рурален
  • Процент на градското население со пристап до подобрена санитација

Потточка 7Г: Да се постигне значајно подобрување на животот на најмалку 100 милиони сиромашни граѓани до 2020 година

  • Процент на градско население коешто живее во сиромашни квартови како и осигурување дека живеалиштата на загрозените видови се заштитени.

Цел 8: Развој на глобално партнерство за развој[уреди | уреди извор]

Потточка 8А: Дополнителен развој на отворен и предвидлив трговско-финансиски систем кадешто владеат правилата и недискриминацијата

  • Вклучува заложба за добро управување, развој и намалување на сиромаштијата и на национално и на меѓународно ниво

Потточка 8Б: Обрнува внимание на посебните потреби на најмалку развиените земји

Вклучува: Слободен пристап до царинските давачки и квоти за извозот на најмалку развиените земји; зајакната програма за ослободување од долгот на ХИПС како и откажување на официјалниот билтерален долг; и побогата финансиска помош за развој на прекуокеанските земји коишто се залагаат за намалување на сиромаштијата.

Потточка 8В: Обрнува внимание на посебните потреби на земјите во развој без излез на море како и на малите островски земји во развој

Преку Програмата за дејствување за одржлив развој на малите островски земји во развој и исходот на 21-та вонредна седница на Генералното собрание.

Потточка 8Г: Детално се справува со должничките проблеми на земјите во развој преку национални и меѓународни мерки со цел да се постигне одржлив долг на долгорочна основа

  • Некои индикатори, наведени подолу, се следат одделно за секоја од најмалку развиените земји, Африка, земјите во развој кои не излегуваат на море како и малите островски земји во развој.
  • Официјална финансиска помош за развој
  • Нето финансиска помош за развој, износ за најмалку развиените земји како процент од БНП за донаторите
  • Процент од вкупниот доделен износ на финансиската помош за развој на прекуокенските земји на донаторите за основните социјални услуги (основно образование, основна здравствена заштита, исхрана, чиста вода и хигиена)
  • Процент на распределената билатералната финансиска помош за развој за прекуокеанските земји на донаторите
  • Финансиска помош за развој на прекуокенаските земји доделена за земјите кои не излегуваат на море како процент од нивниот БНП

( Финансиска помош за развој на прекуокенаските земји доделена за малите островски земји во развој како дел од нивното БНП

  • Пристап на пазарот:
  • Процент од вкупниот извоз на развиените земји (по вредност и со исклучок на оружје) од земјите во развој и од најмалку развиените земји, увезени без царина
  • Просечни царински давачки наметнати од развиените земји за земјоделските производи, текстилот и облеката од земјите во развој
  • Земјоделска подршка за земјите-членки на Организацијата за економска соработка и развој како процент од нивното БДП
  • Процент на финансиска помош за развој на прекуокеанските земји за помош на градење на трговски капацитети
  • Одржливост на долгот:
  • Вкупен број на земјите коишто влегоа во групата на тешко задолжени сиромашни земји
  • Ослободување од долгот по иницијатива на тешко задолжените сиромашни земји
  • Сервисирање на долг како процент помеѓу извозот на добра и услуги

Потточка 8Д: Да се обезбеди пристап до основните лекови коишто би биле достапни за граѓаните во земјите во развој во соработка со фармацевтски компании

  • Процент на населението со пристап до основни лекови и лекови со достапни цени на одржлива основа

Потточка 8Ѓ: Да се стават на располагање придобивките на новите технологии, а особено информациите и комуникацијата, во соработка со приватниот сектор

  • Телефонски линии и мобилни преплатници
  • Компјутери
  • Интернет корисници

Дебата за Милениумските развојни цели[уреди | уреди извор]

Негативните страни на Милениумските развојни цели вклучуваат недостаток од аналитичка моќ и оправдувања за одбраните цели. Милениумските развојни цели ги изоставаат важните идеали како што се недостаток на силни цели и индикатори за еднаквост што многу научници го сметаат тоа за нивна голема мана поради разликите на напредокот кон намалување на сиромаштијата помеѓу различни групи кај народите. Милениумските развојни цели, исто така, имаат недостиг од фокус врз локалното учество и овластување (исклучувајќи ги овластувањата на жените) како и врз одржливоста којашто ја доведува нивната иднина по 2015 година во прашање. Споед тоа, додека Милениумските развојни цели се алатка за постигнување напредок во намалувањето на сиромаштијата и го обезбедуваат политичкиот патоказ за постигнување на овие цели, тие не ги опфаќаат сите потребни елементи за постигнување на идеалите изнесени во Милениумската декларација. Друга критика за Милениумските развојни цели е тешкотијата или недостигот од мерки за некои од целите. Амир Атаран, вонреден професор и истражувач во областа на правото, здравјето на населението и глобалната развојна политика при Универзитетот во Отава, смета дека е практично невозможно да се измерат целите поврзани со морталитетот кај мајките, маларијата и туберколозата и дека моменталната проценка на ОН нема научна важност или пак таа воопшто не постои. ОН често вржат истражувања на домаќинствата за проценка на податоци за Милениумски развојни цели поврзани со здравјето на луѓето. Но, се смета дека овие анкети даваат мали и некорисни мерки за податоците коишто тие се обидуваат да ги добијат. Покрај тоа, и многу други организации вршат непотребни истражувања со коишто само ги истрошуваат ограничените материјали. Исто така, земјите со највисок степен на смртност кај мајките, маларија и туберколоза често имаат најмалку доверливи податоци. Атаран смета дека без прецизни мерки за податоците од минатото и сегашните податоци за Милениумските развојни цели поврзани со здравјето на луѓето е невозможно да се одреди дали е постигнат напредок во однос на овие цели, гледајќи ги Милениумските развојни цели како нешто повеќе од реторички повик за вооружување.

Поборниците за Милениумските развојни цели сметаат дека е тешко да се измерат некои цели, но сепак постои валидност во поставувањето на целите како што е поставувањето на политичка и оперативна рамка за постигнување на целите.Тие, исто така, сметаат дека мерењето на Милениумските развојни цели коишто не се поврзани со здравјето на луѓето често пати е одлично и затоа тие велат дека не е во ред сите Милениумски развојни цели да се осудат на неуспех само поради недостиг од податоци. За потешкотијата да се измерат целите, тие сметаат дека треба да се идентификуваат најдобрите практики, а тврдат и дека нивната импликација е мерлива како и нивните позитивни ефекти врз напредокот. Со зголемување на квантитетот и квалитетот на здравствените системи кај земјите во развој ќе се собираат повеќе податоци а, исто така, ќе се постигне и поголем напредок. На крај, Милениумските развојни цели ќе го насочат вниманието кон мерките на благосостојбата надвор од приходите што ќе придонесе финансирање за постигнување на овие цели.

Се смета дека Милениумските развојни цели ќе го потпомогнат и човековиот развој преку негово мерење коешто нема да бидат само врз основа на приходот туку ќе се даде предност на интервенциите, воспоставување на цели со операционализирани мерки за напредок (иако тешко е да се постигне напредок со оглед на потребните податоци за негово мерење) како и зголемено учество на развиените земји во намалувањето на сиромаштијата низ светот. Мерењето на човековиот развој во склоп на Милениумските развојни цели оди надвор од приходите и се насочува кон здравјето и образованието вклучувајќи ги половите и репродуктивните права, одржливоста на животната средина и ширење на технологијата. Давањето приоритет на интервенциите им помага на земјите во развој со ограничени ресурси да донесуваат одлуки за тоа каде да ги распределуваат ресурсите и преку кои јавни политики. Милениумските развојни цели, исто така, ја зајакнуваат и заложбата на развиените земји да им помогнат на земјите во развој како и да ја поттикнат финансиската помош на размена на информации. Заедничката одговорност на земјите во развој и на развиените земји за постигнување на овие цели ја зголемува веројатноста за нивниот успех којашто е зајакната со подршката на 189 земји (Милениумските развојни цели се најшироко прифатени цели за намалување на сиромаштијата коишто некогаш биле поставени во светот).

Напредок[уреди | уреди извор]

Напредокот во однос на постигнувањето на овие цели е нерамномерен. Некои земји постигнаа некои од целите додека другите земја се на пат да ги остварат. Големите земји коишто ги постигнаа овие цели се: Кина (кадешто сиромашното население се намали од 452 милиони на 278 милиони) и Индија поради јасните внатрешни и надворешни фактори на населението и економскиот развој. Сепак, постојат области на коишто им е најпотребно намалување на сиромаштијата како што се на пример регионите во Супсахарска Африка кадешто треба да се направат драстични промени во подобрувањето на квалитетот на живење. Паралелно со Африка, сиромаштијата во Супсахарска Африка се намали само за еден процент и токму поради тоа се изложува на голем ризик да не ги исполни Милениумските развојни цели до 2015 година. Основните прашања ќе утврдат дали Милениумските развојни цели се постигнати или не. Главно станува збор за целите повразни за полот, поделени во хуманитарни и развојни агенди како и агенда за економски раст според истражувачите при Институтот за развој на прекуокеанските земји. Постигнувањето на Милениумските развојни цели не зависи само од економскиот развој и скапи решенија. Во случајот на Цел 4 од Милениумските развојни цели, некои земји во развој како Бангладеш покажаа дека возможно е да се намали смртноста кај децата со само скромен раст преку воспоставување скапи но ефективни интервенции како што е широката имунизација на морбили. Цел 8 од Милениумските развојни цели е единствена во смисла на тоа дека повеќе се фокусира врз обврските и достигнувањата на владите коишто донираат отколку врз успесите кај земјите во развој. Центарот за глобален развој годишно го објавува индексот за развој којшто се смета за индикатор за нумеричко таргетирање на осмата милениумска развојни цел. Осмата цел повеќе ги опфаќа мерките за напредокот на донаторот како што се трговијата, миграциите и инвестициите отколку што Официјалната финансиска помош за развој ги зема во предвид политиките за голем број индикатори коишто влијаат врз земјите во развој.

За да се забрза напредокот на Милениумските развојни цели, Групата на министрите за финансии, Г8, се сретнаа во Лондон во јуни 2005 година (за време на подготовките за Самитот на земјите на Г8 групата во Глениглас во јули) и се договорија да обезбедат доволни финансиски средства за Светската банка, ММФ и Африканската банка за развој со цел да се откаже дополнителниот долг во износ од 40 до 50 милијарди долари од земјите-членки на ХИПС (група на најзадолжените земји во светот). Со ова ќе им се овозможи на сиромашните земји да можат да ги прераспределат средствата сочувани од заборавениот долг на социјални програми за подобрување на здравјето и образованието како и за ублажување на сиромаштијата.

Финансиски поддржани од групата Г8, Светска банка и ММФ, Африканската банка за развој го поддржа Планот од Глениглас и ја спроведе Мултилатералната иницијативата за ослободување од долг за да се изврши ослободувањето од долг. Иницијативата за ослободување од мултилатерален долг го дополнува ХИПС со тоа што на секоја земја којашто е вклучена во проектот ХИПС и се овозможува 100% прошка на мултилатералниот долг. Земјите коишто претходно донеле одлука за прифаќање на прошка на целосен долг односно кога нивните агенции коишто им дале заем потврдиле дека земјите продоложиле да ги одржуваат реформите спроведени за време на статусот на ХИПС. Други земји, пак, последователно стигнале до моментот кога автоматски примиле целосна прошка на нивните мултилатерални долгови во рамките на Иницијативата за ослободување од мултилатерален долг.

Додека Светска банка и Африканската банка за развој ја ограничија Милтилатералната иницијатива за ослободување од долг за земјите коишто ја завршија програмата ХИПС, критериумите на ММФ за оваа иницијатива се помалку рестриктивни за да се усогласат со барањето за „еднаков третман“. Наместо ограничување на подобноста на земјите од ХИПС, секоја земја со годишен приход од 380 долари по глава на жител или помалку се квалификува за Мултилатералната иницијатива за ослободување од долг. ММФ го усвои прагот од 380 долари бидејќи тоа е блиску до земјите квалификувани за ХИПС. Сепак, со приближувањето на 2015 година растат и глобалните несигурности како што се економската криза и климатските промени коишто ја отворија можноста да се преиспита пристапот на Милениумските развојни цели до политиката за развој. Според политичкиот извештај „Во фокус“ на Институтот за развојни студии, дискусијата за „по 2015 година“ е за преиспитување на вредноста на типот на Милениумските развојни цели, пристапот до меѓународниот развој базиран врз цели, за досегашниот напредок во намалувањето на сиромаштијата, за животот во неизвесна иднина како и истражување за тоа како каков вид на систем е потребен по истекот на рокот на Милениумските развојни цели. Понатамошниот развој во осмислувањето на стратегии и пристапи за постигнување на Милениумските развојни цели вклучува и истражување од Институтот за развој на прекуокенаснките земји за улогата на капиталот. Истражувачите при Институтот за развој на прекуокеанските земји тврдат дека напредокот може да се забрза поради неодамнешните откритија во улогата на капиталот којшто тој ја игра во создавањето на виртуозниот круг кадешто растењето на капиталот се грижи за тоа сиромашните да учествуваат во развојот на нивните земји со што доаѓа и до намалување на сиромаштвото и финансиската стабилност. Сепак, капиталот не треба да се гледа само од економска гледна точка туку и од политичка. Постојат бројни примери за тоа, кои вклучуваат и трансфер на пари во Бразил, елиминирање на такси на корисници во Уганда како и последователно огромно зголемување на посетите на најсиромашните или пак двоен пристап кон либерализација во Маврициус (сеопфатен раст и развој) за да се излезе на патот на Светската трговска организација. Според тоа, истражувачите при Институтот за истражување на прекуокеанските земји предлагаат да се мери капиталот во табели за да се овозможи јасен преглед за тоа како да се постигнат Милениумските развојни цели многу побрзо. За таа цел, Институтот за истражување на прекуокеанските земји соработува со партнери со цел да се подготват табелите пред состанокот за преглед на Милениумските развојни цели во 2010 година.

Како пречка за реализацијата на Милениумските развојни цели, Меѓународниот суд за политика за дрога и наркотични средства ги забележува и ефектите од зголемена употреба на дрога. Други научници, коишто го истражуваат развојот, како што се Наила Кабер, Карин Кроун и Нолин Хејзер сметаат дека зголемениот фокус врз овластувањата на жените како и родовата еднаквост и политиките поврзани со нив ќе го забрзаат напредокот на Милениумските развојни цели. Кабер смета дека зголемувањето на овластувањата на жените и пристапот до платена работа ќе помогне во намалувањето на смртноста кај децата. Својот став таа го поткрепува со докази дека земјите од Јужна Азија со високо ниво на полова дискриминација го ограничуваат пристапот на жените до храна и здравствена заштита и токму тоа е причина за овие земји да имаат највисоки стапки на многу мала тежина на новороденчињата во светот. Тоа е така бидејќи жените се неисхранети. Откако малата тежина на новороденчињата ги ограничи шансите за преживување, здравјето на жените се подобри со зголемување на нивната моќ во семејството преку платена работа, а со тоа ќе се намали и смртноста кај децата. Друг начин за зајакнување на жените којшто ќе помогне да се забрзаат и Милениумските развојни цели е обратната врска помеѓу школувањето на мајката и смртноста кај децата како и позитивната колерација помеѓу зголеменото залагање на мајките за незаработен приход и здравјето на своите деца, особено девојчињата. Зголемувањето на образованието на мајките и учеството во работата ги зголемува овие ефекти. На крај, овластувањата на жените преку создавање на економски можности за нив го намалува учеството на жените во пазарот на сексуалниот однос со што се намалува и ширењето на СИДА, опфатено во шестата милениумска развојна цел.

Растот потврдува дека ресурсите, технологијата и знаењето постојат за да се намали сиромаштијата преку подобрување на половата еднаквост, што е само политичка волја којашто не постои. Таа смета дека доколку земјите-донатори и земјите во развој заедно се фокусираат врз следните седум „приоритетни области“: зголемен број на девојчиња со завршено средно образование, загарантирани сексуални и репродуктивни здравствени права, подобрување на инфраструктурата за да се олеснат оптоварувањата на жените и девојчињата, гарантирање на правата на сопственост на жените, намалување на половата нееднаквост при вработување, зголемено учество на жените во власта како и борба против насилството против жените, може да се постигне одличен напредок за реализација на Милениумските развојни цели.

И Кабир и Хејзер сметаат дека сегашните Милениумски развојни цели не ставаат доволен акцент врр следењто на половата нееднаквост во намалувањето на сиромаштијата бидејќи постојат само цели поврзани со здравјето, образованието и политичката застапеност. Со цел да се охрабрат овластувањата на жените и напредокот на Миленимските развојни цели, потребно е да се стави поголем акцент врз развојните политики на половата интеграција како и собирање податоци врз основа на пол.

Преглед на самитот во 2010 година[уреди | уреди извор]

Главната конференција се одржа во седиштето на ОН во Њујорк од 20 до 22 септември 2010 година за да се разгледа постигнатиот напредок бидејќи преостануваат уште пет години до крајниот рок. Конференцијата заврши со усвојување на глобалниот акционен план за постигнување на осумте цели против сиромаштија заклучно до крајниот датум, 2015 година. Конференцијата ја одбележаа и новите големи заложби за здравјето на жените и децата како и новите иницијативи во светот за борба против сиромаштијата, гладот и болестите.

Предизвици на Милениунмските развојни цели[уреди | уреди извор]

Иако финансиската помош на развиените земји за постигнување на Милениумските развојни цели се зголемуваше во последните неколку години, се покажа дека половина и повеќе од неа е наменето за ослободување од долгот на сиромашните земји. Исто така, останатите пари од финансиската помош се наменети за помош при природни катастрофи и воена помош со коишто земјата не постигнува дополнителен развој.

Според Одделот за економски и социјални прашања при Обединетите нации (2006 година), 50 најмалку развиени земји добиваат само окулу една третина од целата финансиска помош којашто доаѓа од развиените земји. Тоа го покрева прашањето дека финансиската помош од богатите за сиромашните не се распределува во зависност од нивните потреби за развој туку богатите ја распределуваат на нивните најблиски сојузници.

Многу експерти се сомневаат во моделот на Милениумските развојни цели за директниот пренос на милијарди долари од владите на богатите земји во често бирократските или корумпирани влади во земјите во развој. Оваа форма на финансиска помош доведе до широк цинизам од пошироката јавност во богатите земји и негативно влијае врз ширењето на потребната финансиска помош.

Контроверзност за финансирање од 0,7% од БНД[уреди | уреди извор]

Во текот на изминатите 35 години, членовите на ОН постојано „се залагаа за бруто домашен производ (БДП) од 0,7% за богатите земји“ во склоп на Официјалната помош за развој.Оваа заложба за првпат се случи во 1970 година од страна на Генералното собрание на ОН.

Оваа заложба гласеше: Секоја напредна држава на економски план постепено ќе ја зголемува својата официјална помош за развој наменета за земјите во развој и напорно ќе работи за да постигне минимум нето износ од 0,7% од нејзиниот бруто национален производ до средината на оваа декада кога станува збор за пазарните цени.

Сепак, САД и некои други држави не се сложија за Монтерејовиот консензус којшто ги повикува развиените земји коишто не ја постигнале целта од 0,7% од бруто националниот производ (БНП) да го направат тоа во поскоро време како Финансиската помош за развој на прекуокеанските земји во развој“.

Помош за целта од 0,7%[уреди | уреди извор]

ОН сметаат дека донаторите треба навистина да се залагаат за постигнување на оваа долготрајна цел од 0,7% од БНД до 2015 година.

Европската Унија неодамна ја потврди својата заложба за оваа цел. Според Советот за надворешни врски на ЕУ, почнувајќи од мај 2005 година, четирите од пет земји коишто ја надминале целта на ОН за Финансиска помош за развој на прекуокенските земји од 0,7% од БНД се земји-членки на Европската Унија.“

Многу организации работат на тоа да го привлечат политичкото внимание на САД кон Милениумските развојни цели. Во 2007 година, проектот Борген започна да функционира со сенаторот Барак Обама кога се донесе Глобалниот акт за сиромаштија, нацрт-закон со кој Белата куќа се обврзува да развие стратегија за постигнување на целите. Почнувајќи по 2009 година па се до денес, нацрт-законот не е усвоен, а тоа е периодот кога Барак Обама е избран за претседател.

Предизвици за целта од 0,7%[уреди | уреди извор]

Сепак, многу членки на Организацијата за економска соработка и развој, вклучувајќи ги и клучните членки како што се Америка, немаат постигнато напредок во однос на ветувањето за помош од 0,7% од нивниот БНП за намалување на сиромаштијата до крајниот рок, 2015 година. Придонесите на некои земји се критикувани бидејќи изнесуваат многу помалку од 0,7%.

Џон Болтон вели дека САД не се сложил во Монтереј да троши 0,7% од БДП за развојна помош. Навистина, Вашингтон постојано се спротивставува на поставувањето на одредени цели за надворешна финансиска помош откако Генералното собрание при ОН за првпат ја одобри целта од 0,7% во 1970 година.

Владата на Австралија се залага да обезбеди 0,5% од БНД во Меѓународната финансиска помош за развој до 2015/16 година, без да се постигне долготрајната цел од 0,7%.

Сродни организации[уреди | уреди извор]

„Милениумската кампања на Обединетите нации“ е кампања којашто има за цел да ја зголеми подршката за постигнување на Милениумските развојни цели и бара каолициски партнери за дејствување. Милениумската камапања ги опфаќа меѓувладините, владините и граѓанските организации и медиуми и на глобално и на регионално ниво.

„Милениумски ветувања“ е американска непрофитна организација посветена на постигнување на Милениумските развојни цели и основана вп 2005 година од реномираниот меѓународен економист и специјален советник за Милениумските развојни цели во Генералниот секретеријат при ОН, професор Џефри Сакс, заедно со лидерот на Вол Стрит а воедно и филантроп, Реј Чембрс. Оваа организација го координира проектот за милениумските села во партнерство со Институтот за планетата Земја при Универзитетот во Колумбија и УНДП чија цел е да се покаже можноста за постигнување на целите преку интегриран пристап како и пристап предводен од заедницата за да се постигне сеопфатен развој. На овој проект моментално се работи на 14 веб-локации во 10 земји во Супсахарска Африка.

„Проектот против глобална сиромаштија“ е меѓународна образовна и едукативна организација којашто употребувајќи ги своите мултимедијални презентации насловени „1,4 милијарди причини за Милениумските развојни цели“ ги едуцира луѓето за овие цели и за нивниот капацитет да стават крај на сиромаштвото во рок од една генерација. Тие патуваат до работните места на луѓето, училиштата, универзитетите, групи во заедницата и во црквите низ Австралија, Нов Зеланд, Обединетото Кралство и Америка за да ги едуцираат луѓето за знаењето и ресурсите коишто им се потребни за да се постигнат Милениумските развојни цели.

„Мика Челинџ“ е меѓународна кампања којашто ги поттикнува христијаните да ги подржат Милениумските развојни цели. Нивната цел е „да ги охрабрат нивните лидери да ја преполоват глобалната сиромаштија до 2015 година."

„8 визии за надеж“ е глобален уметнички проект којшто истражува и покажува како уметноста, културата, уметниците и музичарите, како вршители на позитивни промени, можат да ви помогнат во реализацијата на осумте Милениумски развојни цели на ОН.

„Единицата за развој на образованието за идни светски центри“ организира, дизајнира и спроведува кампањи за подигање на свеста за развојот на образованието, како и разни тренинзи, конференции и ресурси од 2005 година. Таа, исто така, води голем број на европски проекти низ светот како што се Пристап до развој на образованието и изучување на Милениумските развојни цели.

Проекти слични на Милениумските развојни цели[уреди | уреди извор]

„Пристап до развој на образованието“ е веб-локација реализирана во рамките на проектот „Пристап до развој на образованието“ (ONG-ED/2007/136-419), финансиран од ЕУ, којашто обезбедува соодветни информации за развој на образованието/глобалното образование и им помага на предавачите да најдат средства и материјали коишто најмногу одговараат на нивната работа.

„Изучување на Милениумските развојни цели“ е европски проект чија цел е да ја подигне свеста и јавната подршка за Милениумските развојни цели со активно ангажирање на наставници во институтите за обука како и активно ангажирање на ученици во развојот на локално-ориентираните средства за настава, промовирајќи ги Милениумските развојни цели, со посебен акцент на Супсахарска Африка како и нивно вклучување во образовните системи.