Цели за одржлив развој

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Цели за одржлив развој (ЦОД) претставуваат група на цели во врска со идниот меѓународен развој. Тие се утврдени од Обединетите нации и се промовирани како Глобални цели за одржлив развој. Истите ги заменуваат Целите за милениумски развој коишто завршија на крајот од 2015. ЦОД се одвиваат од 2015 до 2030 година. Содржат 17 цели и 169 специфични точки за тие цели.[1]

Цели[уреди | уреди извор]

Во август 2015, 193 држави се согласија за следните 17 цели:[2]

  1. Нема сиромаштија: Да се искорени сиромаштијата во сите форми насекаде.
  2. Нема глад: Да се искорени гладот, да се постигне безбедност на храната и подобрена исхрана и да се промовира одржливо земјоделство.
  3. Добро здравје: Да се обезбеди здрав живот и да се промовира благосостојба за сите на секоја возраст.
  4. Квалитетно образование: Да се обезбеди инклузивно и рамноправно квалитетно образование и да се промовираат можности за доживотно учење за сите.
  5. Родова рамноправност: Да се постигне родова еднаквост и да се поттикнат сите жени и девојки.
  6. Чиста вода и санитарни услови: Да се обезбеди пристап и одржливо управување со вода и санитација за сите.
  7. Обновлива и достапна енергија: Да се обезбеди пристап до достапна, сигурна, одржлива и модерна енергија за сите.
  8. Добри работни места и економија: Да се промовира постојан, инклузивен и одржлив економски развој, целосно и продуктивно вработување и пристојна работа за сите.
  9. Иновативност и добра инфраструктура: Да се изгради флексибилна инфраструктура, да се промовира инклузивна и одржлива индустријализација и да се прифати креативноста.
  10. Да се намали нееднаквоста: Да се намали нееднаквоста во и помеѓу државите.
  11. Одржливи градови и заедници: Градовите и населбите да бидат инклузивни, безбедни, флексибилни и одржливи.
  12. Одговорно користење на ресурсите: Да се обезбедат одржливи шеми на користење и производство.
  13. Преземете мерки за климата: Да се преземат итни мерки за справување со климатските промени и нивното влијание.
  14. Одржливи океани: Да се заштитат и користат океаните, морињата и нивните ресурси за одржлив развој.
  15. Одржливо користење на земја: Да се заштити, обнови и промовира одржливо користење на екосистемите на земјата, одржливо да се управува со шумите, да се спречи дезертификација, да се запре деградацијата на земјата и да се прекине загубата на биоразновидност.
  16. Мир и правда: Да се промовираат мирни и инклузивни општества за одржлив развој, да се обезбеди пристап до правда за сите и да се изградат ефикасни, одговорни и инклузивни институции на сите нивоа.
  17. Партнерство за одржлив развој: Да се зајакнат средствата за имплементација и да се обнови глобалното партнерство за одржлив развој.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Technical report by the Bureau of the United Nations Statistical Commission (UNSC) on the process of the development of an indicator framework for the goals and targets of the post-2015 development agenda – working draft“ (PDF). March 2015. конс. 1 May 2015. 
  2. „The Global Goals For Sustainable Development“. Global Goals. конс. 2 September 2015. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]