Цел за одржлив развој 2

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Лого на ЦОР 2

Цел за одржлив развој 2 (скратено ЦОР 2) — втора од Целите за одржлив развој на Обединетите нации донесени во 2015 година којашто има за цел да „нема глад“. Официјалниот текст гласи: „да се стави крај на гладувањето, да се постигне безбедност на храната и подобрување на исхраната и да се промовира одржливо земјоделство“.[1][2] Целта има 5 потцели коишто треба да бидат постигнати до 2030 година, а напредокот кон остварување на потцелите се мери со помош на 14 показатели.[3]

ЦОР 2 ги нагласува сложените меѓузависности на безбедната храна, исхраната, руралната преобразба и одржливото земјоделство.[4] Според Обединетите нации, во светот има околу 690 милиони луѓе коишто се гладни, што соодветствува на 9,9% од светското население.[5] Многу потрагичен е податокот дека едно од девет лица во светот секоја вечер си легнува гладно, вклучувајќи 20 милиони луѓе коишто се под ризик да останат гладни во земји како Јужен Судан, Сомалија, Јемен и Нигерија.[6]

Неисхранетоста и екстремниот глад сочинуваат клучна препрека за одржлив развој. Обата проблеми создаваат стапица од којашто луѓето не можат да побегнат. Гладните луѓе се помалку продуктивни и склони на болести, а како такви не би биле во можност да го унапредат своето живеење.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Цели за одржлив развој“. Регионален центар за животна средина.
  2. United Nations (2015) Resolution adopted by the General Assembly on 25 September 2015, Transforming our world: the 2030 Agenda for Sustainable Development (A/RES/70/1)
  3. United Nations (2017) Resolution adopted by the General Assembly on 6 July 2017, Work of the Statistical Commission pertaining to the 2030 Agenda for Sustainable Development (A/RES/71/313)
  4. „2017 HLPF Thematic review of SDG2“ (PDF). High-Level Political Forum on Sustainable Development.
  5. „Goal 2: Zero Hunger“. United Nations Sustainable Development (англиски). Посетено на 29 август 2020.
  6. mercy corps, global hunger facts. „Global hunger facts“.