Болест

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Болест (на лат. morbus) — нарушување од нормалната животна дејност на организмот, придружено со структурни и функционални измени во него.

Видови болести[уреди | уреди извор]

  • Според динамиката на протекување
    • перакутни - протекуваат за 1-3 денови, понекогаш за часови или дури минути; такви се повеќето тровења, некои алергични состојби, некои инфективни болести и др.;
    • акутни - протекуваат за 2-7 денови; така протекуваат повеќето воспалителни процеси и инфективни болести, и др.;
    • субакутни - протекуваат за 7-20 денови; така протекуваат некои бактериски и габични инфекции, и др.;
    • хронични - траат повеќе од 20 денови; така протекуваат повеќето автоимуни болести, габичните инфекции, и др.
  • Според локализацијата
    • општи (генерализирани) - го засегаат целиот организам; такви се речиси сите заразни и метаболитни болести, и др.;
    • месни (локални) - засегаат строго ограничени делови; општите промени во организмот се незначителни; такви се повеќето кожни болести, траумите (изгорувања, скршеници, исшачувања итн.) и др.

Предметот на медицината е настанувањето, развивањето, лечењето и профилактиката на болестите, секој дел од медицината изучува определен аспект на некоја група од болести. Основните медицински науки, коишто ги изучуваат болестите во целост, се:

Некои од познатите болести во секојдневието[уреди | уреди извор]

  • Апсцес- Abscessus, новоформирана патолошка шуплина, обвиена со капсула по чија внатрешност се расположени епителни клетки - исполнета со гној, при локализирано гнојно воспаление.
  • Хепатит - воспаление на црниот дроб најчесто предизвикано од вирус или токсична материја
  • Хепатит А - воспаление на црниот дроб предизвикано од RNK вирус, од фамијлијата Picornaviridae, а најчесто се пренесува со ингестија на контаминирана храна и вода.
  • Хепатит Б - воспаление на црниот дроб предизвикано од DNK вирус ( Hepatitis B virus, од фамилијата Hepadnaviridae) кој опстојува во крвта и најчесто се пренесува преку сескуален контакт или трансфузија на инфицирана крв или крвни продукти.
  • Хепатит Ц - воспаление на црниот дроб предизвикано од ретровирус (Hepatitis C вирус, од familijata Flaviviridae) кое има слични клинички манифестациии како Hapatitis B.
  • Рак - Cancer, болест која се карактеризира со неконтролирана клеточна делба, како и со способност на клетките на ракот да инвадираат други ткива, со директно растење или со миграција на клетките на далечни локализации.
  • Гастритис - воспаление на слузокожата на желудникот, кое настанува поради дејство на неинфективни (на пример при примена на нестероидни антиифламаторни лекови - аналгетици) или инфективни (на пример бактерии од родот на хелиобактер) агенси.
  • Настинка - Акутно вирусно воспаление на горнореспираторниот тракт
  • Заушки - Акутно воспаление на задвиличната плунковна жлезда

Болеста како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

Болеста како тема во книжевноста[уреди | уреди извор]

  • „Калина грло болело“ - македонска народна песна.[1]
  • „Болна лежала Стојанка“ - македонска народна песна.[2]
  • „Болно лежит малој моме“ - македонска народна песна.[3]
  • „Ленче бре, Ленче, попово ќерче“ - македонска народна песна.[4]
  • „Ти се молам мајко ко ќе умрам“ - македонска народна песна.[5]
  • „Боледувањето на Ѓерзелез“ (Ђерзелезово боловање) - босанска народна песна.[6]
  • „Болниот Јово и тамбурата“ (Болани Јово и тамбура) - српска народна песна.[7]
  • „Болниот и болеста“ (Боник и болест) - српска народна приказна.[8]
  • „Болеста на Дениција“ - песна на македонскиот поет Петре М. Андреевски од 1968 година.[9]
  • Подемот и падот на Паркинсоновата болест“ - роман на српскиот писател Светислав Басара.[10]
  • „Госпоѓа во посета на болното дете на својата слугинка“ (Gospođa u posjeti kod bolesnog djeteta svoje sluškinje) - песна на хрватскиот писател Мирослав Крлежа.[11]
  • „И мечето има грип“ - расказ на македонската писателка Оливера Николова.[12]
  • „Болест“ - поетски циклус на рускиот писател Борис Пастернак од 1918-1919 година.[13]
  • „Џемперот на болниот“ - песна на рускиот писател Борис Пастернак.[14]
  • „Од Болничкиот дневник“ - песна на рускиот поет Василиј Филипов.[15]
  • „Болеста на Атанас Иваноски“ - расказ на македонскиот писател Живко Чинго од 1963 година.[16]
  • „Оздравување на болниот“ - песна на македонскиот поет Ацо Шопов.[17]

Болеста како тема во народната музика[уреди | уреди извор]

  • „Девет години болен лежав“ - македонска староградска песна.[18]
  • „Ајде болно лежи“ - македонска староградска песна.[19]
  • „Ајде разболе се мојто либе“ - македонска народна песна.[20]
  • „Разболела се Ирина мома“ - македонска народна песна.[20]
  • „Катинка болна легнала“ - македонска народна песна.[21]
  • „Три години болна лежам“ - македонска народна песна.[22]
  • „Раболела се Калина“ - македонска народна песна.[23]

Болеста како тема во популарната музика[уреди | уреди извор]

  • „Ширење на болеста“ (англиски: Spreading the Disease) - албум на американската хеви-метал група „Антракс“ (Anthrax) од 1985 година.[24]
  • „Време за разболување“ (англиски: Time to get ill) - песна на американската рап-група „Бисти Бојс“ (Beastie Boys) од 1986 година.[25]
  • „Лепрозен“ (англиски: The Leper) - песна на американската рок-група „Дајносор“ (Dinosaur) од 1985 година.[26]
  • „Болест“ (англиски: The Disease) — песна на британската рок-група „Echo And The Bunnymen“ од 1981 година.[27]
  • „Сè уште болен“ (англиски: Still ill) - песна на англиската рок-група „Смитс“ (The Smiths) од 1984 година.[28]
  • „Градска болест“ (англиски: City Sickness) - песна на рок-групата „Тиндерстикс“ (Tindersticks) од 1993 година.[29]
  • „Шампион во сипаници“ (англиски: Smallpox Champion) - песна на американската рок-група „Фугази“ (Fugazi) од 1993 година.[30]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Блаже Тренески, Стојна ситноода. Скопје: Студентски збор, 1981, стр. 110.
  2. Блаже Тренески, Стојна ситноода. Скопје: Студентски збор, 1981, стр. 111-112.
  3. Блаже Тренески, Стојна ситноода. Скопје: Студентски збор, 1981, стр. 112-113.
  4. Блаже Тренески, Стојна ситноода. Скопје: Студентски збор, 1981, стр. 113.
  5. Блаже Тренески, Стојна ситноода. Скопје: Студентски збор, 1981, стр. 113-114.
  6. Народне лирске песме. Београд: Просвета, 1963, стр. 71-72.
  7. Народне лирске песме. Београд: Просвета, 1963, стр. 79.
  8. Вук Караџић, Српске народне приповијетке. Београд: Лагуна и Вукова задужбина, 2017, стр. 400.
  9. Петре М. Андреевски, Дениција. Скопје: Три, 2005.
  10. Svetislav Basara, Uspon i pad Parkinsonove bolesti. Beograd: Dereta, 2011.
  11. Miroslav Krleža, Lirika. Sarajevo: Svjetlost, 1966, стр. 52-56.
  12. Оливера Николова, Приказни за Зоки Поки, Скопје: Култура, Наша книга, Мисла, Македонска книга, Детска радост, 1980, стр. 12.
  13. Борис Леонидович Пастернак, Изабране песме. Нови Сад: Orpheus, 2011, стр. 46-50.
  14. Борис Леонидович Пастернак, Изабране песме. Нови Сад: Orpheus, 2011, стр. 51.
  15. Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига III: Средина XX века – поч. XXI века (неомодернизам, неоавангарда, постмодернизам и нова трагања). Београд: Paidea, 2007, стр. 238.
  16. Живко Чинго, Пасквелија. Скопје: Култура, 1968, стр. 198-204.
  17. Ацо Шопов, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 135-136.
  18. YouTube, Ansambl Biljana Devet godini bolen lezhav (пристапено на 24.11.2019)
  19. YouTube, Ajde Bolno lezi mojto libe - Lambe Alabakovski (пристапено на 24.11.2019)
  20. 20,0 20,1 Macedonian Folklore Classics, Nikola Badev. Macedonian Radio and Television, MP 41020.
  21. Ѓорѓи Доневски, Сокол ми лета високо. Скопје: Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев“, 1978, стр. 180.
  22. Ѓорѓи Доневски, Сокол ми лета високо. Скопје: Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев“, 1978, стр. 81.
  23. Ѓорѓи Доневски, Сокол ми лета високо. Скопје: Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев“, 1978, стр. 146.
  24. YouTube, ANTHRAX - Spreading The Disease [Full Album] HQ (пристапено на 22.12.2016)
  25. Beastie Boys, Licensed to Ill, Def Jam Recordings, 1986.
  26. DISCOGS, Dinosaur* ‎– Dinosaur (пристапено на 30.7.2020)
  27. Discogs, Echo And The Bunnymen* ‎– Heaven Up Here (пристапено на 26.3.2021)
  28. YouTube, THE SMITHS · The Smiths · FULL ALBUM HQ AUDIO (пристапено на 6.6.2017)
  29. DISCOGS, Tindersticks ‎– Tindersticks (пристапено на 19.8.2018)
  30. DISCOGS, Fugazi ‎– In On The Kill Taker (пристапено на 21.8.2020)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]