Прејди на содржината

Хепатит Ц

Од Википедија — слободната енциклопедија
Хепатит Ц
Вирусот во размер од 50 нанометри
СпецијалностЗаразна болест Уреди на Википодатоците
ЧестотаГрешка во Lua во Модул:PrevalenceData, ред 28: attempt to perform arithmetic on field 'lowerBound' (a nil value)

Хепатит Ц — инфекција што, пред сè, делува врз црниот дроб. Оваа болест ја предизвикува вирусот на хепатит Ц (ХЦВ, на анг. HCV).[1] Хепатит Ц често нема симптоми, но хроничната инфекција може да остави лузна на црниот дроб и по многу години да доведе до цироза. Во некои случаи, болните од цироза имаат и маана на црн дроб, рак на црн дроб или силно отечени вени на хранопроводникот и стомакот, што може да резултира со искрварување до смрт.[1]

Луѓето од хепатит Ц се разболуваат, главно, преку контакт со крв од интравенска употреба на дрога, нестерилна медицинска опрема и трансфузии на крв. Се проценува дека 130–170 милиони луѓе во светот имаат хепатит Ц. Научниците почнаа да го истражуваат ХЦВ во 70-те години од 20. век, а во 1989 година потврдија дека постои.[2] Не е познато дали предизвикува болест кај други животни.

Пегинтерферон и рибавирин се стандардните лекови за ХЦВ. Помеѓу 50-80 отсто од лекуваните успеваат да се излечат. Кај оние кај кои ќе се развие цироза или рак на црниот дроб можно е да треба да се направи пресадување на црн дроб, но вирусот обично се враќа по пресадувањето.[3] За хепатит Ц нема вакцина.

Знаци и симптоми

[уреди | уреди извор]

Хепатит Ц предизвикува акутни симптоми кај само 15 отсто од случаите.[4] Често, симптомите се благи и неодредени, вклучувајќи намален апетит, умор, мачнина, болка во мускулите или зглобовите и губење тежина.[5] Само некои од случаите со акутна инфекција се поврзуваат со жолтица.[6] Инфекцијата поминува без лекување кај 10-15 отсто од луѓето, а кај младите жени тоа се случува уште почесто.[6]

Хронична инфекција

[уреди | уреди извор]

Kaj oсумдесет отсто од оние што се изложени на вирусот се развива хронична инфекција.[7] Повеќето луѓе искусуваат минимални или воопшто не искусуваат симптоми во првите децении од инфицирањето,[8] иако хроничниот хепатит Ц се поврзува со умор.[9] Хепатит Ц е главен причинител за цироза и рак на црниот дроб кај оние што биле инфицирани многу години.[3] Кај 10–30% од инфицираните луѓе постари од 30 години се развива цироза.[3][5] Цирозата е позачестена кај оние со хепатит Б или ХИВ, алкохоличарите и кај мажите.[5] Кај оние што заболуваат од цироза има дваесеткратно поголем ризик за рак на црниот дроб, што е годишна стапка од 1-3%.[3][5] Кај алкохоличарите, ризикот е стократно зголемен.[10] Хепатит Ц е причинител на 27 отсто од случаите со цироза и 25 отсто од случаите со рак на црниот дроб.[11]

Цирозата на црниот дроб може да води до висок крвен притисок во вените што се поврзани со црниот дроб, насобирање на течност во абдоменот, лесни модринки или крварење, зголемени вени, особено во стомакот и езофагусот, жолтица (пожолтување на кожата) и оштетување на мозокот.[12]

Ефекти вон црниот дроб

[уреди | уреди извор]

Хепатит Ц ретко се поврзува со Шогренов синдром (автоимуно нарушување), пониско ниво на тромбоцити, хронична болест на кожата, дијабетес и нехоџкинсов лимфом.[13][14]

Случаи на хепатит Ц инфекции во САД според изворот на пренесување

Вирусот на хепатит Ц е мал, капсулиран РНК вирус со една верига и со позитивна поларност.[3] Тој е дел од родотhepacivirus во фамилијата Flaviviridae.[9] Има седум главни генотипи на ХЦВ.[15] Во Соединетите Американси Држави, генотипот 1 предизвикува 70% од случаите, генотипот 2 предизвикува 20%, а секој од другите генотипи предизвикува по 1%.[5] Генотипот 1 е најчест во Јужна Америка и Европа.[3]

Пренесување

[уреди | уреди извор]

Главен метод за пренесување во развиениот свет е преку интравенска употреба на дрога (ИУД, на анг. IDU). Во светот во развој, главни методи се трансфузии и несигурни здравствени процедури[16] Причината за пренесување е непозната во 20 отсто од случаите;[17] но најверојатно голем дел од нив се должат на ИУД.[6]

Интравенска употреба на дрога

[уреди | уреди извор]

ИУД е главен ризик-фактор за хепатит Ц во многу делови на светот.[18] Прегледот на 77 земји покажува дека 25 имаат стапка на хепатит Ц од 60 до 80 отсто кај корисниците на интравенски дроги, а тука спаѓаат и САД[7] и Кина.[18] Во 12 земји стапките се поголеми од 80 отсто.[7] Инфицирани со хепатит Ц се дури десет милиони корисници на интравенска дрога; Кина (1,6 милиони), САД (1,5 милиони) и Русија (1,3 милиони) имаат повисок вкупен број на заболени.[7] Стапките за случаи на хепатит Ц кај затворениците во САД се десет до дваесет пати повеќе од оние кај граѓаните на слобода, факт што студиите го припишуваат на високоризично однесување како ИУД или тетовирање со нестерилна опрема.[19][20]

Здравствена изложеност

[уреди | уреди извор]

Трансфузиите, крвните производи и трансплантираните органи без проверка за ХЦВ создаваат значителен ризик за инфекција.[5] САД воспоставија универзална проверка во 1992 година. Оттогаш стапката на инфицираност се смали од износот еден на 200 по единици крв,[21] до еден на 10.000 до 10.000.000 по единици крв.[6][17] Овој мал ризик и натаму останува, бидејќи има период од околу 11-70 денови помеѓу тоа, потенцијалниот дарител на крв да добие хепатит Ц и неговата крв да биде позитивна на тестот.[17] Во некои земји уште не се прави проверка за хепатит Ц поради трошокот за тоа.[11]

Лицето што има повреда од игла од лице со ХЦВ, има 1,8% шанси да заболи од болеста.[5] Ризикот е поголем ако иглата е шуплива и раната од пробивањето е длабока.[11] Постои ризик од изложеност на слузница на крв, но тој ризик е мал и воопшто не постои кога изложеноста на крв се случува кај неоштетена кожа.[11]

Болничката опрема може да пренесе хепатит Ц преку: повторна употреба на игли и шприцови, епрувети за повеќекратна употреба, кеси за инфузија и нестерилизрана хируршка опрема.[11] Лошите стандарди во здравствените и стоматошлошки објекти се главна причина за ширење на ХЦВ во Египет, земјата со најголема стапка на инфицираност во светот.[22]

Полов однос

[уреди | уреди извор]

Не е познато дали хепатит Ц може да се пренесе преку секс.[23] Постои поврзаност помеѓу високоризичното сексуално однесување и хепатит Ц, но не е јасно дали пренесувањето на болеста се должи на употребата на дрога, што не била спомната, или пак, на самиот секс.[5] Доказите потврдуваат дека не постои ризик за хетеросексуалните парови што немаат секс со други луѓе.[23] Сексуални активности со кои се повредува внатрешната обвивка на аналниот канал, како што е анална пенетрација, или пак, што се јавуваат кога постојат и сексуално преносливи инфекции, како ХИВ или генитално гноење, претставуваат ризик.[23] Владата на Соединетите Американски Држави препорачува употреба на кондом само за да се спречи пренесувањето на хепатит Ц кај луѓето што имаат повеќе партнери.[24]

Тетовирањето се поврзува со два до трипати зголемен ризик од хепатит Ц.[25] Тоа може да се должи на нестерилизирана опрема или контаминација на боите што се користат.[25] Тетоважите или пирсинзите што се правеле пред средината на 80-те години од 20. век од непрофесионалци особено загрижуваат, затоа што стерилните техники во таа средина била скромни. Ризикот е поголем кај поголемите тетоважи.[25] Речиси половина од затворениците делат нестерилна опрема за тетовирање.[25] Ретко се случува тетоважите во лиценциран салон да се поврзуваат со инфекција со ХЦВ.[26]

Контакт со крв

[уреди | уреди извор]

Предметите за лична нега, како бричови, четки за заби и опрема за маникир и педикир, можат да дојдат во контакт со крв. Со нивно делење се ризикува изложеност на ХЦВ.[27][28] Треба да се внимава со исеченици и рани или со друго крварење.[28] ХЦВ не се шири преку вообичаен контакт, како што е гушкање, бакнување или заеднички прибор за јадење и готвење.[28]

Пренесување од мајка на дете

[уреди | уреди извор]

Пренесувањето хепатит Ц од инфицирана мајка на нејзиното дете се јавува кај помалку од 10% од случаите на бременост.[29] Нема мерки со кои се менува овој ризик.[29] Пренесувањето може да се јави за време на бременост и при пораѓањето.[17] Долгото пораѓање се поврзува со зголемен ризик од пренесување.[11] Нема докази дека доењето шири ХЦВ; меѓутоа, инфицираната мајка треба да избегнува доење ако пупките ѝ се испукани и раскрварени[30] или постои голема вирусна инфекција.[17]

Дијагноза

[уреди | уреди извор]
Serologic profile of Hepatitis C infection

Дијагностичките тестови за хепатит Ц вклучуваат: антитело на ХЦВ, матрица ELISA, вестерн блотирање и квантитативна РНК на ХЦВ.[5] Верижната реакција на полимераза (ВРП, на анг. PCR) може да открие РНК на ХЦВ една до две недели по инфекцијата, додека на антителата им треба повеќе време за да се обликуваат и да се откријат.[12]

Хроничниот хепатит Ц е инфекција со вирус на хепатит Ц што е отпорен повеќе од шест месеци, според присуството на неговата РНК.[8] Поради тоа што хроничните болести обично немаат симптоми со децении,[8] клиничарите обично ги откриваат преку lтестови за функција на црниот дроб или за време на рутинска проверка кај луѓето со зголемен ризик. Тестот не знае да прави разлика помеѓу акутните и хроничните инфекции.[11]

Тестирање на крв

[уреди | уреди извор]

Тестирањето за хепатит Ц обично започнува со испитување крв за да се открие присуството на антитела на ХЦВ, преку ензимска имуно-матрица.[5] Ако е позитивен овој тест, се прави уште еден тест за да се потврди имуно-матрицата и за да се одреди сериозноста.[5] Со рекомбинантна имуно-блот матрица се потврдува имуно-матрицата, а со верижна реакција на полимераза во РНК на ХЦВ се одредува сериозноста.[5] Ако нема РНК и имуно-блотот е позитивен, лицето претходно било заразено, но инфекцијата поминала со лекување или сама од себе, а ако имуно-блотот е негативен, имуно-матрицата е погрешна.[5] Потребни се шест до осум недели по инфицирањето, пред тестовите за имуно-матрица да бидат позитивни.[9]

Ензимите на црниот дроб се променливи на почетокот на инфекцијата;[8] почнуваат да се качуваат, во просек, седум недели по инфекцијата.[9] Ензимите на црниот дроб немаат голема поврзаност со сериозноста на болеста.[9]

Биопсија

[уреди | уреди извор]

Биопсиите на црниот дроб можат да го одредат степенот на оштетеност на црниот дроб, но постои ризик и од зафатот.[3] Типичните промени што се откриваат со биопсија се лимфоцити во ткивото на црниот дроб, лимфоидни фоликули во порталната тријада и промени на жолчните канали.[3] Достапни се повеќе испитувања за крв што можат да го откријат степенот на оштетеност и да ја отстранат потребата од биопсија.[3]

Проверка

[уреди | уреди извор]

Само 5–50% од инфицираните во САД и Канада се свесни за својот статус.[25] Тестирањето се препорачува за луѓето во високоризична група, а тука спаѓаат и оние со тетоважи.[25] Проверката е препорачлива кај луѓето со покачени ензими на црн дроб, затоа што најчесто ова е единствениот знак за хроничен хепатит.[31] Рутинската проверка не е препорачана во Соединетите Американски Држави.[5]

Спречување

[уреди | уреди извор]

Од 2011 година не постои вакцина за хепатит Ц. Вакцините се во етапа на развој, а за некои има позитивни резултати.[32] Со комбинирање на превентивни стратегии, како програми за менување игли и лекување на злоупотреба на дрога, се намалува ризикот од хепатит Ц кај корисниците на интравенски дроги и тоа за 75%.[33] Проверката на крводарителите е важна на ниво на држава, а исто така и придржување на универзалните мерки на претпазливост во објектите за здравствена заштита.[9] Во земји каде што има недоволна понуда на стерилни шприцови, лекарите треба орално да даваат лекови, а не со инјекција.[11]

Лекување

[уреди | уреди извор]

ХЦВ предизвикува хронична инфекција кај 50 - 80% од заразените лица. Околу 40-80% од овие случаи поминуваат со лекување.[34][35] Во ретки случаи, инфекцијата може да помине и без лекување.[6] Оние со хроничен хепатит Ц треба да избегнуваат алкохол и лекови што се токсични за црниот дроб,[5] а треба и да се вакцинираат за хепатит A и хепатит Б.[5] Оние со цироза треба да направат тестови на ултразвук за рак на црниот дроб.[5]

Луѓето кај кои се докажани аномалии на црниот дроб поради инфекција со ХЦВ, треба да побараат терапија.[5] Тековната терапија е комбинација на пегилиран интерферон и на антивирусен лек рибавирин за 24 или 48 седмици, зависно од типот на ХЦВ.[5] Подобрен е исходот кај 50–60% од оние што се лекуваат.[5] Комбинирањето на боцепревир или телапревир со рибавирин и пегинтерферон алфа, го подобрува антивирусната реакција за генотип 1 на хепатит Ц.[36][37][38] Чести се несаканите ефекти при лекувањето, а кај половина од лекуваните болни се јавуваат симптоми на грип, како и емоционални проблеми.[5] Лекувањето за време на првите шест месеци е поефикасно отколку кога хепатит Ц ќе стане хроничен.[12] Ако кај лицето се јави нова инфекција што не поминува по осум до дванаесет седмици, се препорачуваат 24 часа со пегилиран интерферон.[12] За оние со таласемија (нарушување на крв), се чини дека е корисен рибавирин, но ја зголемува потребата за трансфузии.[39] Заштитниците на алтернативни терапии тврдат дека некои од нив се корисни за хепатит Ц, вклучувајќи млечен трн, женшен и колоидно сребро.[40] Меѓутоа, не се покажало дека која било алтернативна терапија го подобрува исходот кај хепатит Ц, а не постојат ниту докази дека алтернативните терапии се воопшто ефикасни врз вирусот.[40][41][42]

Прогноза

[уреди | уреди извор]

Реакцијата на лекување зависи од генотипот. Непрекината реакција се јавува кај околку 40-50% од оние со генотип 1 на ХЦВ, со лекување од 48 седмици.[3] Непрекината реакција се јавува кај 70-80% од оние со ХЦВ, генотипи 2 и 3, со лекување што трае 24 седмици.[3] Непрекината реакција од 65% има кај оние со генотип 4, со лекување што трае 48 седмици. Доказите за лекување на болеста од генотип 6, во моментов се недоволни, но и повеќе од тоа се за лекување што трае 48 седмици, во истите дози, за болеста од генотип 1.[43]

Епидемиологија

[уреди | уреди извор]
Распространетост на хепатит Ц во светот во 1999 година
Изгубена година на живот за хепатит Ц во 2004 година, за 100.000 жители
  no data
  <10
  10–15
  15–20
  20–25
  25–30
  30–35
  35–40
  40–45
  45–50
  50–75
  75–100
  >100

Помеѓу 130 и 170 милиони луѓе, или ~ 3% од населението во светот, живеат со хроничен хепатит Ц.[44] Помеѓу 3-4 милиони луѓе се заразуваат годишно, а повеќе од 350.000 луѓе умираат годишно од болести поврзани со хепатит Ц.[44] Стапките значително се зголемија во 20-от век, што се должи на комбинација од ИУД и интравенски лекови или нестерилна медицинска опрема.[11]

Во САД, околу 2% од луѓето имаат хепатит Ц,[5] со 35.000 до 185.000 нови случаи во годината. Стапките се намалени на Западот уште од 90-те години на 20-от век, поради подобрената проверка на крвта пред трансфузија.[12] Годишно, од ХЦВ во САД умираат од 8000 до 10.000. Се очекува оваа стапка на смртност да се зголемува како што се инфицираат луѓето преку трансфузија пред тест за ХЦВ, а тие потоа ќе се разболат и ќе умрат.[45]

Стапките на инфицираноста се поголеми во некои земји во Африка и Азија.[46] Земји со многу високи стапки на инфицираност се: Египет(22%), Пакистан (4,8%) и Кина (3.2%),[44] Големата стапка во Египет се поврзува со масовна кампања за лекување што веќе е прекината, за шистосомијаза, преку неправилно стерилизирани стаклени шприцови.[11]

Историја

[уреди | уреди извор]

Во средината на 70-те години од 20-от век, Харви Алтер, началник на Одделението за инфективни болести во Одделот за трансфузиона медицина на Државниот здравствен институт и неговиот тим од научници покажале дека најголемиот дел од посттрансфузионите случаи на хепатит не се должат на вирусот на хепатит А или Б . И покрај ова откритие, меѓународните истражувачки напори да се идентификува вирусот во следната деценија беа неуспешни. Во 1987, Мајкл Хаутон, Кју-Лим Чу и Џорџ Куо od Корпорацијата „Каjрон“, во соработка со Д-р Д.В. Бредли од Центарот за контрола и спречување на болести (или ЦКСБ, на анг. CDC) користеле нов пристап на молекуларно клонирање за идентификација на непознат организам и создавање на дијагностички тест.[47] Во 1988 година, Алтер го потврди вирусот преку проверка на неговото постоење во панел со примероци што не се хепатит А или Б. Во април 1989 година, откритието на ХЦВ било објавено во два написа во списанието Сајнс (на анг. Science).[48][49] Откритието довело до значително подобрување на воспоставувањето дијагноза, а била подобрена и антивирусната терапија.[47] Во 2000 година, лекарите Алтер и Хаутон биле наградени со наградата „Ласкер“ за истражување во клиничката медицина за „пионерската работа што доведе до откритието на вирусот којшто предизвикува хепатит Ц, како и до развојот на методи за проверка, со што се намалува ризикот од хепатит поврзан со трансфузии во САД од 30% во 1970 година, до речиси нула во 2000 година“.[50] Во 2020 година Алтер и Хаутон, заедно со Чарлс Рајс ја добиле Нобеловата награда за медицина, за истите заслуги.

„Кајрон“ поднеле тужба за неколку патенти за вирусот и неговата дијагноза.[51] Конкурентска апликација за патент од страна на ЦКПБ во 1990 година била отфрлена, откако „Кајрон“ им платиле 1,9 милиони САД долари на ЦКПБ и 337.500 САД долари на Бредли. Во 1994 година, Бредли ја тужел корпорацијата „Кајрон“ и барал да се поништи патентот, тој (Бредли) да биде вклучен како соизумител и да прими надоместок за штета и награда. Тужбата била отфрлена во 1998 година, по губење на парница во апелационен суд.[52]

Општество и култура

[уреди | уреди извор]

Светската заедница за хепатит го координира Светскиот ден на хепатит, што секоја година се одржува на 28 јули.[53] Економските трошоци за хепатит Ц се значајни и за поединецот и за општеството. Во Соединетите Американски Држави, се проценува дека просечните трошоци во животот за оваа болест, за 2003 година, биле 33.407 УСД,[54] а од 2011 година, трошоците за пресадување на црн дроб изнесуваат околу 200.000 УСД.[55] Во Канада, во 2003 година, трошоците за една тура антивирусна терапија достигнувала и 30.000 КАД,[56] додека пак, трошоците во 1998 година, во Соединетите Американски Држави биле помеѓу 9200 и 17.600 УСД.[54] Во многу делови на светот, луѓето не можат да си дозволат лекување со антивирусни лекарства, поради недостигот на здравствено осигурување што би ги опфатило ваквите лекарства.[57]

Истражувања

[уреди | уреди извор]

Од 2011 година, околу стотина лекарства за хепатит Ц се во фаза на развој.[55] Овие лекарства вклучуваат вакцини за лекување на хепатит, имуномодулатори и инхибитори циклофилин .[58] Овие потенцијални нови лекарства се должат на поголемото разбирање на вирусот на хепатит Ц.[59]

  1. 1,0 1,1 Ryan KJ, Ray CG (editors), уред. (2004). Sherris Medical Microbiology (4. изд.). McGraw Hill. стр. 551–2. ISBN 0838585299.CS1-одржување: излишен текст: список на уредници (link)
  2. Houghton M (2009). „The long and winding road leading to the identification of the hepatitis C virus“. Journal of Hepatology. 51 (5): 939–48. doi:10.1016/j.jhep.2009 август 004 Проверете ја вредноста |doi= (help). PMID 19781804.
  3. 3,00 3,01 3,02 3,03 3,04 3,05 3,06 3,07 3,08 3,09 3,10 Rosen, HR (2011-06-23). „Clinical practice. Chronic hepatitis C infection“ (PDF). The New England journal of medicine. 364 (25): 2429–38. PMID 21696309. Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-12-15. Посетено на 2014-01-08.
  4. Maheshwari, A; Ray, S, Thuluvath, PJ (2008-07-26). „Acute hepatitis C.“. Lancet. 372 (9635): 321–32. doi:10.1016/S0140-6736(08)61116-2. PMID 18657711.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  5. 5,00 5,01 5,02 5,03 5,04 5,05 5,06 5,07 5,08 5,09 5,10 5,11 5,12 5,13 5,14 5,15 5,16 5,17 5,18 5,19 5,20 5,21 Wilkins, T; Malcolm, JK, Raina, D, Schade, RR (2010-06-01). „Hepatitis C: diagnosis and treatment“. American family physician. 81 (11): 1351–7. PMID 20521755.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  6. 6,0 6,1 6,2 6,3 6,4 Chronic Hepatitis C Virus Advances in Treatment, Promise for the Future. Springer Verlag. 2011. стр. 4. ISBN 9781461411918.
  7. 7,0 7,1 7,2 7,3 Nelson, PK; Mathers, BM, Cowie, B, Hagan, H, Des Jarlais, D, Horyniak, D, Degenhardt, L (2011-08-13). „Global epidemiology of hepatitis B and hepatitis C in people who inject drugs: results of systematic reviews“. Lancet. 378 (9791): 571–83. doi:10.1016/S0140-6736(11)61097-0. PMID 21802134.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  8. 8,0 8,1 8,2 8,3 Chronic Hepatitis C Virus Advances in Treatment, Promise for the Future. Springer Verlag. 2011. стр. 103–104. ISBN 9781461411918.
  9. 9,0 9,1 9,2 9,3 9,4 9,5 Dolin, [edited by] Gerald L. Mandell, John E. Bennett, Raphael (2010). Mandell, Douglas, and Bennett's principles and practice of infectious diseases (7. изд.). Philadelphia, PA: Churchill Livingstone/Elsevier. стр. Chapter 154. ISBN 978-0443068393.CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)
  10. Mueller, S; Millonig, G, Seitz, HK (2009-07-28). „Alcoholic liver disease and hepatitis C: a frequently underestimated combination“. World journal of gastroenterology : WJG. 15 (28): 3462–71. PMID 19630099.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  11. 11,00 11,01 11,02 11,03 11,04 11,05 11,06 11,07 11,08 11,09 Alter, MJ (2007-05-07). „Epidemiology of hepatitis C virus infection“. World journal of gastroenterology : WJG. 13 (17): 2436–41. PMID 17552026.
  12. 12,0 12,1 12,2 12,3 12,4 Ozaras, R; Tahan, V (2009 Apr). „Acute hepatitis C: prevention and treatment“. Expert review of anti-infective therapy. 7 (3): 351–61. PMID 19344247. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  13. Zignego AL, Ferri C, Pileri SA, Caini P, Bianchi FB (2007). „Extrahepatic manifestations of Hepatitis C Virus infection: a general overview and guidelines for a clinical approach“. Digestive and Liver Disease. 39 (1): 2–17. doi:10.1016/j.dld.2006 јуни 008 Проверете ја вредноста |doi= (help). PMID 16884964.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  14. Louie, KS; Micallef, JM, Pimenta, JM, Forssen, UM (2011 Jan). „Prevalence of thrombocytopenia among patients with chronic hepatitis C: a systematic review“. Journal of viral hepatitis. 18 (1): 1–7. PMID 20796208. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  15. Nakano T, Lau GM, Lau GM, Sugiyama M, Mizokami M (2011). „An updated analysis of hepatitis C virus genotypes and subtypes based on the complete coding region“. Liver Int. doi:10.1111/j.1478-3231.2011.02684.x. PMID 22142261.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  16. Maheshwari, A; Thuluvath, PJ (2010 Feb). „Management of acute hepatitis C.“. Clinics in liver disease. 14 (1): 169–76, x. PMID 20123448. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  17. 17,0 17,1 17,2 17,3 17,4 Pondé, RA; Mikhaĭlova, A (2011 Feb). „Hidden hazards of HCV transmission“. Medical microbiology and immunology. 200 (1): 7–11. PMID 20461405. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  18. 18,0 18,1 Xia, X; Luo, J, Bai, J, Yu, R (2008 Oct). „Epidemiology of HCV infection among injection drug users in China: systematic review and meta-analysis“. Public health. 122 (10): 990–1003. doi:10.1016/j.puhe.2008 јануари 014 Проверете ја вредноста |doi= (help). PMID 18486955. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  19. Imperial, JC (2010 Jun). „Chronic hepatitis C in the state prison system: insights into the problems and possible solutions“. Expert review of gastroenterology & hepatology. 4 (3): 355–64. PMID 20528122. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  20. Vescio, MF; Longo, B, Babudieri, S, Starnini, G, Carbonara, S, Rezza, G, Monarca, R (2008 Apr). „Correlates of hepatitis C virus seropositivity in prison inmates: a meta-analysis“. Journal of epidemiology and community health. 62 (4): 305–13. PMID 18339822. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  21. Marx, John (2010). Rosen's emergency medicine: concepts and clinical practice 7th. Philadelphia, PA: Mosby/Elsevier. стр. 1154. ISBN 9780323054720.
  22. „Highest Rates of Hepatitis C Virus Transmission Found in Egypt“. Al Bawaba. 2010-08-09. Архивирано од изворникот на 2012-05-15. Посетено на 2010-08-27.
  23. 23,0 23,1 23,2 Tohme RA, Holmberg SD (2010). „Is sexual contact a major mode of hepatitis C virus transmission?“. Hepatology. 52 (4): 1497–505. doi:10.1002/hep.23808. PMID 20635398.
  24. „Hepatitis C Group Education Class“. United States Department of Veteran Affairs. Архивирано од изворникот на 2011-11-09. Посетено на 2014-01-08.
  25. 25,0 25,1 25,2 25,3 25,4 25,5 Jafari, S; Copes, R, Baharlou, S, Etminan, M, Buxton, J (2010 Nov). „Tattooing and the risk of transmission of hepatitis C: a systematic review and meta-analysis“ (PDF). International journal of infectious diseases : IJID : official publication of the International Society for Infectious Diseases. 14 (11): e928-40. PMID 20678951. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  26. „Hepatitis C“ (PDF). Center for Disease Control and Prevention. Посетено на 2 January 2012.
  27. Lock G, Dirscherl M, Obermeier F; и др. (2006). „Hepatitis C —contamination of toothbrushes: myth or reality?“. J. Viral Hepat. 13 (9): 571–3. doi:10.1111/j.1365-2893.2006.00735.x. PMID 16907842.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  28. 28,0 28,1 28,2 „Hepatitis C“. FAQ – CDC Viral Hepatitis. Посетено на 2 Jan 2012.
  29. 29,0 29,1 Lam, NC; Gotsch, PB, Langan, RC (2010-11-15). „Caring for pregnant women and newborns with hepatitis B or C.“. American family physician. 82 (10): 1225–9. PMID 21121533.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  30. Mast EE (2004). „Mother-to-infant hepatitis C virus transmission and breastfeeding“. Advances in Experimental Medicine and Biology. 554: 211–6. PMID 15384578.
  31. Senadhi, V (2011 Jul). „A paradigm shift in the outpatient approach to liver function tests“. Southern medical journal. 104 (7): 521–5. PMID 21886053. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  32. Halliday, J; Klenerman, P, Barnes, E (2011 May). „Vaccination for hepatitis C virus: closing in on an evasive target“. Expert review of vaccines. 10 (5): 659–72. doi:10.1586/erv ноември 55 Проверете ја вредноста |doi= (help). PMID 21604986. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  33. Hagan, H; Pouget, ER, Des Jarlais, DC (2011-07-01). „A systematic review and meta-analysis of interventions to prevent hepatitis C virus infection in people who inject drugs“. The Journal of infectious diseases. 204 (1): 74–83. PMID 21628661.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  34. Torresi, J; Johnson, D, Wedemeyer, H (2011 Jun). „Progress in the development of preventive and therapeutic vaccines for hepatitis C virus“. Journal of hepatology. 54 (6): 1273–85. doi:10.1016/j.jhep.2010 септември 040 Проверете ја вредноста |doi= (help). PMID 21236312. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  35. Ilyas, JA; Vierling, JM (2011 Aug). „An overview of emerging therapies for the treatment of chronic hepatitis C.“. Clinics in liver disease. 15 (3): 515–36. PMID 21867934. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  36. Foote BS, Spooner LM, Belliveau PP (2011). „Boceprevir: a protease inhibitor for the treatment of chronic hepatitis C“. Ann Pharmacother. 45 (9): 1085–93. doi:10.1345/aph.1P744. PMID 21828346.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  37. Smith LS, Nelson M, Naik S, Woten J (2011). „Telaprevir: an NS3/4A protease inhibitor for the treatment of chronic hepatitis C“. Ann Pharmacother. 45 (5): 639–48. doi:10.1345/aph.1P430. PMID 21558488.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  38. Ghany MG, Nelson DR, Strader DB, Thomas DL, Seeff LB (2011). „An update on treatment of genotype 1 chronic hepatitis C virus infection: 2011 practice guideline by the American Association for the Study of Liver Diseases“. Hepatology. 54 (4): 1433–44. doi:10.1002/hep.24641. PMC 3229841. PMID 21898493.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  39. Alavian SM, Tabatabaei SV (2010). „Treatment of chronic hepatitis C in polytransfused thalassaemic patients: a meta-analysis“. J. Viral Hepat. 17 (4): 236–44. doi:10.1111/j.1365-2893.2009.01170.x. PMID 19638104.
  40. 40,0 40,1 Hepatitis C and CAM: What the Science Says Архивирано на 13 мај 2013 г.. NCCAM March 2011. (Retrieved 07 March 2011)
  41. Liu, J; Manheimer, E, Tsutani, K, Gluud, C (2003 Mar). „Medicinal herbs for hepatitis C virus infection: a Cochrane hepatobiliary systematic review of randomized trials“. The American journal of gastroenterology. 98 (3): 538–44. PMID 12650784. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  42. Rambaldi, A; Jacobs, BP, Gluud, C (2007-10-17). „Milk thistle for alcoholic and/or hepatitis B or C virus liver diseases“. Cochrane database of systematic reviews (Online) (4): CD003620. PMID 17943794.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  43. Fung J, Lai CL, Hung I; и др. (2008). „Chronic hepatitis C virus genotype 6 infection: response to pegylated interferon and ribavirin“. The Journal of Infectious Diseases. 198 (6): 808–12. doi:10.1086/591252. PMID 18657036.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  44. 44,0 44,1 44,2 „WHO Hepatitis C factsheet“. 2011. Посетено на 2011-07-13.
  45. Colacino, by J. M.; Heinz, B. A. (2004). Hepatitis prevention and treatment. Basel: Birkhäuser. стр. 32. ISBN 9783764359560.
  46. al.], edited by Gary W. Brunette ... [et. CDC health information for international travel : the Yellow Book 2012. New York: Oxford University. стр. 231. ISBN 9780199769018.CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)
  47. 47,0 47,1 Boyer, JL (2001). Liver cirrhosis and its development: proceedings of the Falk Symposium 115. Springer. стр. 344. ISBN 9780792387602.
  48. Choo QL, Kuo G, Weiner AJ, Overby LR, Bradley DW, Houghton M (1989). „Isolation of a cDNA clone derived from a blood-borne non-A, non-B viral hepatitis genome“. Science. 244 (4902): 359–62. doi:10.1126/science.2523562. PMID 2523562.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  49. Kuo G, Choo QL, Alter HJ; и др. (1989). „An assay for circulating antibodies to a major etiologic virus of human non-A, non-B hepatitis“. Science. 244 (4902): 362–4. doi:10.1126/science.2496467. PMID 2496467.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  50. Winners Albert Lasker Award for Clinical Medical Research, The Lasker Foundation. Retrieved 20 February 2008.
  51. Houghton, M. Q.-L. Choo, and G. Kuo. NANBV Diagnostics and Vaccines. European Patent No. EP-0-3 18-216-A1. European Patent Office (filed 18 November 1988, published 31 May 1989).
  52. Wilken, Judge. „United States Court of Appeals for the Federal Circuit“. United States Court of Appeals for the Federal Circuit. Посетено на 11 January 2012.
  53. Eurosurveillance editorial, team (2011-07-28). „World Hepatitis Day 2011“. Euro surveillance : bulletin europeen sur les maladies transmissibles = European communicable disease bulletin. 16 (30). PMID 21813077.
  54. 54,0 54,1 Wong, JB (2006). „Hepatitis C: cost of illness and considerations for the economic evaluation of antiviral therapies“. PharmacoEconomics. 24 (7): 661–72. PMID 16802842.
  55. 55,0 55,1 El Khoury, A. C; Klimack, W. K. Wallace, C. Razavi, H. (1 December 2011). „Economic burden of hepatitis C-associated diseases in the United States“. Journal of Viral Hepatitis. doi:10.1111/j.1365-2893.2011.01563.x.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  56. „Hepatitis C Prevention, Support and Research ProgramHealth Canada“. Public Health Agency of Canada. 2003. Посетено на 10 January 2012.
  57. Zuckerman, edited by Howard Thomas, Stanley Lemon, Arie (2008). Viral Hepatitis (3. изд.). Oxford: John Wiley & Sons. стр. 532. ISBN 9781405143882.CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)
  58. Ahn, J; Flamm, SL (2011). „Hepatitis C therapy: other players in the game“. Clinics in liver disease. 15 (3): 641–56. doi:10.1016/j.cld.2011 мај 008 Проверете ја вредноста |doi= (help). PMID 21867942.
  59. Vermehren, J; Sarrazin, C (2011). „New HCV therapies on the horizon“. Clinical microbiology and infection : the official publication of the European Society of Clinical Microbiology and Infectious Diseases. 17 (2): 122–34. PMID 21087349.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
Класификација
П · Р · П
Надворешни извори