MedlinePlus

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

MedlinePlus (изговор: медлајн плас) — семрежна информативна служба на Националната медицинска библиотека на САД (NLM) која нуди здравствени информации за потрошувачите на англиски и шпански јазик.[1] Ова мрежното место претставува збир на информациите од Националната медицинска библиотека на САД (NLM), Националните здравствени институти (NIH) и други државни установи и здравствени организации. Има и верзија за читање од мобилни уреди. Услугата е бесплатна, и ја користат 150 милиони луѓе годишно.[2]

Службата нуди енциклопедиски инофрмации поврзани со здравјето и лековите, како и именик на здравствени услуги. MedlinePlus Connect ги пворзува пациентите и здравствените работници во системи за електронска здравствен евиденција (EHR) со соодветни информации од MedlinePlus за заболувањата и лекарствата. Ова исто така има мобилна верзија.

Историја[уреди | уреди извор]

Националната медицинска библиотека веќе подолго време нуди програми и услуги за стручните здравствени научници и давателите на здраствени услуги, како што се базата pubmed и разните пристапни служби за неа како PubMed и Entrez. Во 1990-тите, општата јавност почнала сè повеќе да ги користи овие услуги на семрежјето.[3] Покрај ова, информациите се нудат и во формат разблирлив за нестручната јавност.[4][5][6] MedlinePlus е воведен во октомври 1998 г. како некомерцијална семрежна услога слична на оние како WebMD. Во 2010 библиотеката ја вовела и службата PubMed Health, која пак нуди здравствени информации за потрошувачите, со особена задршка на клиничката делотворност на разните лекувања.[7]

Во прво време MedlinePlus опфаќал 22 здравствени теми на англиски јазик, кои подоцна станале 800 теми на англиски и на шпански, како и врски за здарствени информации на повеќе од 40 јазици. Мрежното место е добитник на неколку награди и важи за едно од најдобрите места за добивање на медицински информации.[8] Во 2010 г. MedlinePlus освоил оценка од 84 во Американскиот показател за задоволност на потрошувачите.[9]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Medlineplus.gov en español“. http://medlineplus.gov/spanish/. 
  2. „MedlinePlus Statistics“. National Institutes of Health. http://www.nlm.nih.gov/medlineplus/usestatistics.html. 
  3. Naomi Miller, M.L.S., Systems Librarian, Eve-Marie Lacroix, M.S., Chief, Public Services Division, and Joyce E. B. Backus, M.S.L.S., Systems Librarian (јануари 2000 г). MEDLINEplus: building and maintaining the National Library of Medicine's consumer health Web service. „Bulletin of the Medical Library Association (BMLA)“ том  88 (1): 11–7. PMID 10658959. 
  4. Marill JL, Miller N, Kitendaugh P (јануари 2006 г). The MedlinePlus public user interface: studies of design challenges and opportunities. „Journal of the Medical Library Association“ том  94 (1): 30–40. PMID 16404467. 
  5. Miller N, Lacroix EM, Backus J (Mar–Apr 2001 г). The making of Medlineplus. „Public Libraries“ том  40 (2): 111–3. 
  6. Miller N, Tyler RJ, Backus JEB (Fall 2004 г). MedlinePlus: The National Library of Medicine brings quality information to health consumers. „Library Trends“ том  53 (2): 375–88. http://www.nlm.nih.gov/pubs/staffpubs/lo/LibraryTrends_fall2004.pdf. конс. 8 јуни 2009 г. 
  7. Miles, Alisha (July 2011), "PubMed Health", J Med Libr Assoc 99 (3): 265–266, PMC 3133896, doi:10.3163/1536-5050.99.3.018. 
  8. http://www.nlm.nih.gov/medlineplus/recognition.html
  9. „ACSI Scores for U.S. Federal Government“. The American Customer Satisfaction Index. 2010. http://www.theacsi.org/index.php?option=com_content&view=article&id=238:acsi-scores-for-us-federal-government-2010&catid=14&Itemid=298. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]