Бошко Смаќоски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Бошко Смаќоски

Бошко Смаќоски (18 септември 1938, Модрич, Струшко - 1998, Скопје) бил македонски поет, раскажувач, романописец и драмски писател.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Бошко Смаќоски е роден на 18 септември 1938 година, во селото Модрич. Завршил гимназија во Охрид, а дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје. Уште за време на студиите, се вработил како новинар во Радио телевизија Скопје. Бил член на Друштвото на писателите на Македонија од 1963 година.

Смаќоски починал во 1998 година, во Скопје.

Творештво[уреди | уреди извор]

  • „Мајски ѕвончиња“ (поезија за деца, 1959)
  • „Додека роси“ (поезија за деца, 1962)
  • „Распродажба на остатоци од пролетта“ (поезија, 1963)
  • „Еден багрем и четири деца“ (лирски раскази за деца, 1964),
  • „Усвојување на дневниот ред“ (поезија, 1965)
  • Големи и мали“ (роман за деца, 1966)
  • „Славејот ноќева во трендафили“ (поезија за млади, 1967)
  • „Всушност, сè е убава балада“ (поезија, 1968)
  • „Влегување во Охрид“ (поезија, 1972)
  • „Корениште“ (роман, 1972)
  • Крастава година“ (раскази, 1972)
  • „Цвеќе од деветтиот рид“ (роман за млади, 1972)
  • „Песни од Модрич“ (поезија, 1977)
  • „Сликички и зборчиња“ (позија за деца и млади, 1979)
  • „Како кога се откинува јаболко“ (роман за млади, 1982)
  • „Модричка тетратка“ (поезија за деца, 1982)
  • „Таа и татковината“ (поезија, 1983)
  • „Пладне во ридиштата“ (раскази, 1984)
  • „Облека на душата“ (роман, 1986)
  • „Преку две реки, преку три планини“ (роман, 1986)
  • „Полна месечина“, (роман, 1986)
  • „Големи и мали“ (роман, 1986)
  • „Низ Зеленово, низ Руменово“ (поезија, 1986)
  • „Рими“ (поезија, 1987)
  • „Јулски дневник“ (роман за млади, 1989)
  • „Се подели село на црно и бело“ (гатанки, 1991)
  • „Животот занает најтежок“ (роман, 1992)
  • „Димензиите на крстот“ (роман, 1992)
  • „Лето господово, лето ѓаволово“ (поезија, 1998)

Автор е на повеќе радиодрами, радиокомедии, радиоигри за деца и на телевизиски драми.

Награди[уреди | уреди извор]

Бошко Смаќоски е добитник на наградите:


Исто така, за збирката „Еден багрем и четири деца“ ја добил наградата на Струшките вечери на поезијата за најдобра детска книга на годината, заедно со романотДружината братско стебло“ од Јован Стрезовски. Во 1966 година, за романот за деца „Големи и мали“ ја добил првата награда на конкурсот на „Детска радост“.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  • Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 232.
  • Бошко Смаќоски, Големи и мали, Новинско-издавачко претпријатие „Нова Македонија“, Редакција „Детска радост“, Скопје, 1966.