Крастава година
Изглед
Крастава година е збирка сатирични и хумористични раскази, напишана од македонскиот писател Бошко Смаќоски. За првпат, збирката е објавена во 1972 година, во издание на НИК “Наша книга” - Скопје, во рамките на библиотеката “Врвици”.
Технички одлики
[уреди | уреди извор]Книгата е отпечатена во 1972 година, во печатницата “Наша Книга”, во тираж од 3 000 примероци. Коректурата била извршена од Нада Ќорвезироска. Книгата има 99 страници. Нејзиното објавување било финансиски помогнато од Републичкиот фонд за унапредување на издавачката дејност во СРМ.[1]
Содржина
[уреди | уреди извор]Основната тема на збирката е животот во едно село во Македонија, во периодот по Втората светска војна. Во збирката се застапени раскази:[1]
- Крастава година
- Конференција
- Аналфабети
- Судење
- Митана се мажи
- Претседател
- Овчари
- Печалбар
- Пане, шумарот и неговата жена
- Костовица
- Ударници
- Митре цело село
- Операција
- Дамјан вдовецот
- Поштарот
- Родилен дом
- Крај казанот