Расказ
| Книжевност |
|---|
Основни облици |
| Родови |
|
Епика · Лирика · Драма |
| Извори |
| Форми |
| Историја и списоци |
|
Општ преглед на книжевноста |
| Дискусија |
Расказ — кратко книжевно дело на наративна проза карактеристична по релативно малиот број на зборови што ги содржи. Битен белег на расказот е дејството на случката да се развива брзо.[1][2] Расказот треба да има мал број на ликови, односно само еден главен лик. Со расказот се опишуваат помал број на случки отколку кај романот.
Покрај класичниот краток расказ, постои и форма позната како новела.[3][4] Според македонската лексикографија, новелата се определува како средно по големина прозно дело или проширен расказ, кој зазема место помеѓу краткиот расказ и подолгите епски форми како што е повеста.
Гранична должина за еден расказ претставува проблем. Според класичната определба, еден расказ треба да може да се прочита во едно седење. Во современа употреба, меѓутоа, поимот подразбира белетристичко дело што содржи до 20.000 збора. Во пракса, должината на расказот зависи од местото на објавување.
Според содржината расказите можат да бидат: битови, историски, авантуристички, научнофантастични, психолошки и хумористични.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- раскази.мк Архивирано на 2 април 2015 г.
| Оваа статија од областа на книжевноста е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|