Новела
Изглед

Новела (италијански: novella — новост) — специфичен вид расказ што се одликува со концентрирано дејство, мал број ликови и нагласен, честопати неочекуван пресврт на крајот.
Според Официјалниот дигитален речник на македонскиот јазик, новелата е средно по големина литературно прозно дело, односно проширен расказ.[1] Таа зазема место помеѓу класичниот краток расказ и подолгата епска форма позната како повест.
Историја
[уреди | уреди извор]Жанрот настанал во времето на раната ренесанса. За негов татко се смета Џовани Бокачо, кој во збирката „Декамерон“ воспоставил канони за тоа како треба да изгледа една новела: јасна структура, економичност во изразот и силна поента.