Поезија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Познати поети рецитираат покрај музите, фреска од Рафаел, (1511 г.)
Книжевност
Основни облици

Роман · Поема · Драма
Расказ · Новела

Родови

Епика · Лирика · Драма
Романса · Сатира
Трагедија · Комедија
Трагикомедија

Извори

Изведба (претстава· Книга

Форми

Проза · Стих

Историја и списоци

Општ преглед на книжевноста
Индекс на поими
Историја · Современа историја
Книги · Писатели
Книжевни награди · Награди за поезија

Дискусија

Критика · Теорија · Списанија

Поезија или лирика (од старогрч. ποιέω = создавам) е уметничка форма во која човечкиот јазик се користи за неговите естетски квалитети во додаток на, или место за, неговата семантичка содржина. Поезијата се состои претежно од усни или литературни дела во кои јазикот се користи на начин што јасно се разликува од тој на обичната проза. Основната одлика на јазикот на поезијата е во она што го нарекуваме ритмичност.

Ритамот во поезијата[уреди | уреди извор]

Уште во „Поетика“ на Аристотел има податоци за постанокот на терминот ритам. Во првиот дел од „Поетиката“ се вели: „Ритамот е афион на стилот.“ Ритамот е значаен за поезијата, бидејќи во јазикот на поезијата има двојно повеќе паузи, отколку во јазикот на прозата.

Версификација[уреди | уреди извор]

Науката која се занимава со јазикот на поезијата носи име версификација. Тоа е наука за стихот. Разликуваме два система на версификација: квантитативна и квалитативна.

Квантитативна версификација[уреди | уреди извор]

Квантитативната версификација е постара по своето потекло, и настанува во времето кога не постои граница меѓу музиката и поезијата. Во оваа версификација многу се важни слоговите, и се разликуваат кратки и долги слогови. Времето за мерење на кратките слогови се вика „мора“ (две петтини од секунда). Неколку мори создаваат „стопа“, а повеќе стопи прават „стих“. Повеќе стихови создаваат „строфа“. Музичкиот акцент е исто така важен, затоа што се случува да не се совпаѓа со вообичаениот акцент на зборовите.

Оваа версификација ги користи стилските фигури: јамб и трохеј (со три мори); дактил, амфибрах и анапест (со четири мори).

Квалитативна версификација[уреди | уреди извор]

Квалитативната версификација се дели на: силабичка, тонска и силабичко-тонска. Во силабичката версификација важен е бројот на слоговите. Најпрочуен стих во силабичката версификација е таканаречениот „александриец“, составен од 12 слогови со рима во средината и на крајот од стихот. Овој 12-терец е карактеристичен за старите поезии. Го среќаваме кај сите петрархисти, како и во Дубровничката книжевност од средниот век.

Тонската версификација има само две ритмички обележја: се изразува во акцентирање и неакцентирање на слоговите. Во современата поезија најчесто се комбинираат силабичката и тонската версификација, па оттаму произлегува третиот термин - силабичко-тонска версификација. Ја има многу во македонската современа поезија.

Примери:

За радост светнал ден (јамб - првиот слог е неакцентиран, а вториот е акцентиран)
Плаче мама солзи рони (трохеј - Божествената комедија е целата во трохеј)
Поднесе подмолна смрт (дактил, првиот нагласен, вториот и третиот ненагласен)
Се покажа достојно чедо (амфибрак, првиот и третиот ненагласен, вториот нагласен; „Тешкото“)
На другарките црните очи (анапест, првите два слога неакцентирани, третиот акцентиран).

Рима[уреди | уреди извор]

Карактеристична појава на квалитативната версификација е тоа што се разликуваво римата. Постојат неколку видови на рима:

  • вкрстена рима - гласовно поклопување на првиот и третиот стих, и вториот и четвртиот стих.
  • паралелна рима - поклопување во првиот и вториот и третиот и четвртиот стих.
  • обградена рима - првиот и четвртиот, вториот и третиот стих.
  • машка рима - ударноста паѓа на последниот слог (мои-свои, пес-бес, мрак-зрак).
  • женска рима - акцентот паѓа на вториот слог од крајот (време-бреме, шепне-трепне).
  • дактилска рима - на третиот слог од крајот (младоста-радоста).

Постојат и изрази како „богата рима, „сиромашна рима“ итн. Но во денешната поезија најкарактеристична е употребата на „бели“ стихови, односно „стихови без рима“. Оваа тенденција настапила како тежнеење поезијата да добие што поголема природност во изразувањето. Мајстор на слободниот стих е Мајаковски.

Сонет[уреди | уреди извор]

Посебен вид на стихови и нивно организирање во строфи е сонетот. Сонетот е таква песна составена од 14 стихови кои се распоредени во две строфи од по четири стиха (или две катрени) и две строфи по три стиха. Таму каде што постои петнаесетти стих, тој се добива од сите 14 стихови, и тоа се нарекува - сонетен венец (Петрарка, Прешерн). Кога имаме таква појава, почетните букви на стиховите даваат име кое го читаме одгоре надолу, и тоа се нареуква „акростих“.

Сонетот е стар вид на поезија и потекнува од старите трубадури.

Композиција на песна[уреди | уреди извор]

Песната има специфична конструкција. Нејзин основен елемент е стихот. Стихот претставува еден ред од песната, кој е покус од редот во текстот и се забележува со голо око. Стиховите се стегнати изрази со специфична звучност, значење и ритмика. Повеќе стихови оформуваат строфа. Строфа е целина од одреден број стихови со ритам и интонација (може и рима). Таа претставува мисловна целина. Според бројот на стиховите, разликуваме:

Денови ли се — денови

аргатски маки големи! („Денови“ - Кочо Рацин)

  • Терцет или терцина е строфа од три стиха. Тука најчесто се римуваат првиот и вториот стих, а третиот се римува со третиот од следната строфа.

Сега сме само спокој,

сонуван сакан спокој

самотија и свежина —

Празнично пркни пеперуго,

пепелава пеперуго,

по полската полежина —

(„Сонатина“ - Г. Тодоровски)

  • Катрен е строфа од четири стиха и овој облик е најраспространет.

Два конца парај од срцето, драги,

едниот црн е, а другиот црвен,

едниот буди морничави таги,

другиот копнеж и светол и стрвен.

(„Везилка“ - Блаже Конески)

Понатаму, постојат строфи и со поголем број стихови, како:

  • Пентина (квинта, квинтила) - строфа од пет стиха;
  • Секстина - строфа од шест стиха;
  • Септима - од седум стиха;
  • Октава - од осум стиха;
  • Нона - од девет стиха.

Според организацијата на строфите, песните може да бидат:

  • Астрофични, песни кои немаат строфи, односно стиховите се подредени еден под друг;
  • Строфични, песни кои имаат строфи со ист број стихови;
  • Хетерострофични, песни кои имаат строфи со различен број стихови (на пример песната од Србо ИвановскиГрадот на принцезата Пастрмка“).

Метрика[уреди | уреди извор]

Метрика е должина на стихот, односно го означува бројот на слоговите во еден стих. Во стихот има и вообичаени паузи наречени цезури. Нив ги среќаваме кај подолгите стихови.

Стиховите го добиле името по бројот на слоговите:

Четверец е стих со четири слога, со кратка пауза на крајот од стихот. Најчесто, тоа е стих од два двосложни збора, но не мора, како што е на пример песната „На чужина“ од Константин Миладинов:

...Ах миленце,

Ти пиленце!

Как си била

Златокрила...

Стиховите во оваа песна се со четири слога: ах - ми - лен - це (4) / ти-пи-лен-це (4) / как-си-би-ла (4) / зла-то-кри-ла (4) и затоа е четверец.

Петерец е стих со пет слога и кратка пауза на крајот. Вакви песни не се многу вообичаени во нашето творештво, но се среќаваат петерци во комбинација со други (со седмерец, на пример). Во народната песна „Македонско девојче“ е комбиниран седмерецот и петерецот:

Македонско девојче,

китка шарена,

во градина набрана

дар подарена...

(ма-ке-дон-ско-де-вој-че / кит-ка-ша-ре-на: 7 / 5)

Шестерец е стих со шест слога и го среќаваме во македонската народна поезија.

Седмерец е стих со седум слога и цезура (пауза) најчесто по четвртиот слог.

Осмерец е од осум слога со цезура по четвртиот или по петтиот слог. Осмерецот е еден од најзастапените во нашата народна поезија.

Што ми е мило ем драго

На Струга дуќан да имам

Оф леле леле либе ле

Срцево ми го изгоре...

(од „На Струга дуќан да имам“ - народна песна)

Деветерец е стих од девет слога. Ретко се среќава во нашата народна поезија, но сепак го има. Во народната песна „Нели ти стига“, првите два стиха се деветерци, а потоа песната продолжува со вообичаените десетерци:

Откако те млада заљубив

и по тебе памет изгубив.

(од „Нели ти стига“ - народна песна)

Десетерец е стих од десет слога и е најраспространет во народната песна. Го има и во лирските и во лирско-епските, а најзастапен е во епските. Затоа е познат уште и како јуначки десетерец. Цезурата може да биде по четвртиот, по петтиот или по шестиот слог.

Туѓината пуста да остане

Која од либето ме раздели

Што го чекам време три години...

(од „Туѓината пуста да остане“ - лирска народна песна)

Тога рече Марко Кралевиќе:

- Бог те убил црна Арапино!

Ал се смееш, ал вистина маваш,

ал од кожув правот ми го тресеш?

(од „Марко Крале ја одметнува свадбарината“ - епска народна песна)

Единаесетерец е стих од единаесет слога, со можност за две цезури во еден стих - по третиот и шестиот слог.

Дванаесетерец е стих од дванаесет слога и се јавува со цезура во средината по шестиот слог или со две цезури: по четвртиот и по осмиот слог.

Распукала, распукала Шар Планина,

(Ајде) распукала, распукала Шар Планина,

Ми поклопи, ми поклопи три овчара,

(Ајде) ми поклопи, ми поклопи три овчара.

(од Распукала Шар Планина - народна песна)

Тринаесетерец е стих од тринаесет слога. Ова всушност е десетерец во кој по петтиот или по десеттиот слог е вметнат еден збор од три слога кој се повторува како рефрен.

Ќе те опитам, Јано ле, што црно носиш?

Ал татка жалиш, Јано ле, ал мила мајка?

Ни татка жалам, лудо ле, ни мила мајка,

Тук си го жалам, лудо ле, лудото младо...

(од Зборникот на Миладиновци - народна песна)

Четиринаесетерец е стих од четиринаесет слога кој се добива по истиот принцип како тринаесетерецот. Стихот може да се подели на два седмерци или на осмерец и шестерец каде се вметнуваат зборови кои служат како рефрен и за продолжување на стихот.

Топи, топи, мила мајко, мојве љути рани,

Топам, топам, мили синко, твојте љути рани.

Кажи, кажи, мили синко, што грех си сторило?

Да ти кажам, мила мајко, што грех сум сторило...

(од Зборникот на Миладиновци - народна песна)

Петнаесетерец е стих од петнаесет слога. Овој стих е редок во нашата народна песна, но се среќава, исто така со повторување на зборови.

Бог да убиет, Милкано мори, твојата мајка,

Што ми те изми, Милкано мори, и те промена,

И ти нареди, Милкано мори, дронано сребро,

Дробноно сребро, Милкано мори, на бело грло...

(од Зборникот на Миладиновци - народна песна)

Шеснаесетерец е стих од шеснаесет слога, кој всушност е составен од два осмерца. Го има во нашата народна поезија под чие влијание се јавува и во поезијата на Константин Миладинов.

Голапче мало хубаво, голапче златокрилесто,

Кога ти дојде при мене? И кога в часот побегна? —

Ушче ја глас ти не слушнаф: ушче те харно не видоф,

Дан ми се, мило, наљути? Дан ми се, добро насрди!

Зашч не ти хубост пофалиф, зашч не ти крилја помазниф?...

(од Голапче - Константин Миладинов)

Видови стихови[уреди | уреди извор]

Силабичен стих е стих со одреден број слогови. Кај него нема ритмички стапки, туку е важен бројот на слоговите - метриката, цезурата (пауза во средина на стихот) и паузата на крајот од стихот. Во сите стихови на песната мора да има еднаков број слогови. Силабичниот стих е широко застапен во македонската народна песна.

Тонски стих е стих кој има еднаков број акцентирани слогови. Тука бројот на слоговите не мора да биде ист туку е важна ритмичката стапка.

Силаботонски стих е стих кој има еднаков број слогови и еднаков број ритмички стапки. Нагласените и ненагласените слогови рамномерно се повторуваат.

Стани си утре порано

дојди си вечер подоцна,

наутро радост понеси

навечер тага донеси —...

(Денови - Кочо Рацин)

Во овој пример имаме еднаков број слогови во стиховите - осмерец; како и комбинирана ритмичка стапка: дактил - трохеј - дактил. Затоа овие стихови се силаботонски.

Скалест стих е графички раскинат стих, со тоа што дел од него се пренесува во нов ред. Со раскинувањето на стихот се постигнува емоционално нагласување или пауза.

Таму —

кај пламен народен пламти,

и пушки грмат

кај борци за зори јасни

за живот

во смрт без жалба минат, —

другарко, таму љубовта расне!

(„Љубов“ - А. Шопов)

Слободен стих е стих во кој нема ограничувања во однос на ритмичките стапки, силабичноста, тонот, ниту групирањето во строфи или римувањето. За слободниот стих е важна интонацијата, па затоа е наречен и интонациски стих.

Теорија на поезијата[уреди | уреди извор]

Голем број писатели, естетичари и философи ја разгледувале суштината на поезијата и нејзините односи со другите науки. На пример, зборувајќи за поетите, римскиот поет Овидиј вели: „Во нас е господ; тој нè поттикнува, со него гориме“ (Fasti, VI), како и „Нè викаат свети пророци и миленици на боговите“ (Amores, III и IX).[1] Во еден од дијалозите на Платон, Сократ ја дава следнава дефиниција: поетот е нешто лесно, крилато и свето - толкувач на божествата.[2] Сличен став има и Јован Дучиќ според кого „поетот е првиот кој го објавил Бога“,[3] а поетите „живеат во вечно неспокојство да го објаснат божеството низ неговите дела и да го посведочат со своето сопствено творење“.[4] Поетот е толкувач на божеството, зашто тоа е слика на човечкиот идеал, а поетот секогаш говори само за највисоките вредности. Оттука, според Дучиќ, ниту еден поет не е безбожен, туку поетот е религиозен, зашто поетите ја измислиле религијата. Затоа, дури и кога се сомнева, поетот верува.[3] Уште повеќе, луѓето го сметаат поетот за најбизок до божеството.[2]

Во есејот „За поетот“, Дуќиќ вели дека поетите сметаат дека реалниот свет не е доволно голем ни доволно убав и затоа тие создаваат за да го усовршат светот.[5] Тој смета дека само поетот создава, зашто само тој мисли за да измисли нешто. Поетот е секогаш идеалист, зашто сите нешта ги гледа низ призмата на идеалот и совршенството. Но, тоа не значи дека поетот нема чувство за стварноста, туку напротив, поетите се единствените кои ја поместуваат стварноста до крајните граници. Поетот е супер-реалист, тој ја гледа стварноста најдобро и единствено тој ги гледа недостатоците во неа; тој најдобро ја познава врската од денешната непотполна стварност до нејзиното утрешно усовршување. Поетот мисли потсвесно, тој е интуитивен и она што не постои, тој го гледа како да постои.[6] Според него, поетот е оптимист по својата природа, зашто тој е единствената творечка сила и тој оди до крајните граници на можностите, а често и надвор од тие граници. Тој смета дека поезијата се раѓа како судар на две спротивности: идејата на вечноста наспроти идејата на смртта, љубовта како спојување на душата и телото, итн. Овие спротивности постојат во многу луѓе, но само ако човекот знае да им даде уметнички израз и подинечниот момент да го воопшти во сеопфатен човечки фатум, тогаш човекот станува поет.[7] Притоа, Дучиќ смета дека колку е подлабоко, поетското дело е попросто; а колку е попросто, толку помалку може да се зборува за него.[8] Во светот има само двајца творци: Бог и поетот; првиот започнува сè, а вториот сè довршува. Тајната на поетското создавање е исто толку длабока како и божјото создавање; не се знае како настанало поетското дело, како што не се знае како станала вселената. Како делото се јаува во умот на поетот и како тоа доаѓа до совршениот израз, тоа ниту самиот поет не може да го објасни, зашто градењето на делото се врши во матна душевна состојба. Големата тајна во која е создадено едно поетско дело останува мрачна тајна за сите и засекогаш; затоа, поетот е сосема поинаков човек, тој е повисок од другите луѓе зашто само тој ја претставува нивната есенција. Поетот гледа сè во вечноста и сè хуманизира, сè мери според човечката судбина и за него, светот е дел од човекот, а не обратно. За поетот, сè е убаво, но и сè е тажно и затоа, сите поети се тажни по својата филозофија, а сите поетски дела се меланхолични. Поетот ги мери нештата со душата и затоа, науката мисли за светот, а тој чувствува за него. Поради тоа, науката и поезијата никогаш нема да се помират меѓу себе, зашто големите вистини ги кажуваат само поетите. Поетот е единствениот кој ги толкува нештата, тој ја бара крајната смисла на сè и сите нешта ги чувствува во нивниот однос кон човекот.[9]

Пишувајќи за улогата на поетот, македонскиот поет Блаже Конески смета дека, иако му дава важно и сериозно место, сепак не би се решил зборот „поет“ да го напише со голема буква. Во неговото сфаќање, поетот не е лишен од пророчка визија, но зад него не седат никакви виши сили, туку стои јазикотворечкиот колектив, со целата своја традиција кој секој нов креативен чин го вклучува во еден траен и непрекинат тек. Во тој поглед, Конески ја гради својата теорија за врската меѓу традицијата и подновувањето, која вклучува три фактори: традицијата, колективот и авторот. Имено, авторот ги внесува иновациите со санкција на колективот, а овие два фактора дејствуваат заедно со традицијата, која е жива и во колективот и во самиот автор.[10]

Според Гете, стварноста ги обезбедува мотивите и градбата за поезијата, а задачата на поетот е од нив да создаде оживеана целина; оттука, ниеден реален предмет не е непоетичен, ако поетот знае вешто да го искористи.[11] Напротив, секој специјален случај станува општ и поетски токму со тоа што него ќе го изрази поетот.[12] Во таа смисла, задачата на поетот не е да ги изрази своите субјективни чувства, туку тој станува поет откако ќе го усвои и ќе успее да го изрази Светот.[13] Во продолжение, тој смета дека поетот треба да ги избегнува големите дела кои бараат голем напор и духовна сила за да се усоврши големата целина; притоа, ако поетот не успее да ја оствари таа целина, делото е уништено, а ако пак не успее целосно да ги разработи поединечните делови, тогаш ќе страда целината на делото. Наспроти тоа, предноста на малите поетски дела се состои во тоа што во нив поетот може да ги избере оние предмети со кои тој владее.[14] Според него, стварноста ги обезбедува мотивите, суштината и јадрото на поетското творештво, а задачата на поетот е од тоа да создаде убава оживеана целина.[15] Притоа, токму во мотивите, во ситуацијата, се состои вистинската суштина на поезијата.[16]

Во расказот „Стаклениот лиценцијат“, Сервантес вели дека поезијата ги содржи во себе сите други науки, се служи со нив и со нив се украсува себеси.[17] Слично на тоа, во романотДон Кихот“, тој пишува дека поезијата е помалку корисна отколку пријатна, но неа ја украсуваат другите науки кои од неа ја очекуваат својата потврда, додека поезијата се служи со сите нив. Поезијата се состои од такви својства кои овозможуваат со неа да се создаде непроценлива вредност.[18] Според него, поетот се раѓа од природата и тој може да создава без никаква вештина и учење, но ако природната дарба се надгради со вештина, тоа ќе создаде совршен поет.[19] Џакомо Леопарди смета дека, заедно со философијата, поезијата претставува најблагородното, напрекрасното и најнеобичното нешто што човекот сака да го постигне и дека поезијата е врв на уметноста.[20]

Во есејотМитизација на реалноста“, полскиот писател и философ Бруно Шулц ја дефинира поезијата како тежнеење на првобитното слово, ослободено од дисциплината на практиката, кон поранешните врски, кон сопствено пополнување во смисла и тој стремеж на словото кон утробата, кон словната прататковина го нарекуваме поезија. Оттука, под поезија се подразбира „куси споеви на смислата меѓу зборовите, импулсивна регенерација на првобитните митови“. Според Шулц, поезијата им го враќа на зборовите нивното првобитно место, ги поврзува според некогашните значења. Кај поетот, зборот се повикува на својата суштинска смисла, се развива спонтано, според своите правила, си ја враќа својата интегралност. Затоа, секоја поезија е митологизирање, се стреми кон репродукција на митовите за светот. Поезијата доаѓа до смислата на светот дедуктивно, за разлика од науката која се стреми кон истото, но индуктивно, методично, врз основа на искуството. Процесот на осмислување на светот е тесно поврзан со зборот. Говорот е метафизички орган на човекот. Поетот им го враќа водството на зборовите преку новите споеви, кои настануваат од кумулацијата.[21]

Во есејот „За стиховите“, рускиот поет Велимир Хлебников тврди дека стиховите воопшто не мора да бидат разбирливи, зашто по аналогија на магијата, дури и неразбирливите зборови се одликуваат со волшебна моќ. Оттука, пред поезијата не може да се постави барањето стиховите да бидат разбирливи како секојдневниот јазик и творештвото не смее да се негира затоа што е неразбирливо за определен слој читатели.[22]

Според Карло Рагијанти, единствено поезијата не спаѓа во визуелните уметности, затоа што, сама по себе, поезијата не може да се претставува. Претставувањето на поетскиот текст е апсурд, зашто не може да се претпостави дека поетскиот збор, за да трае, мора да бара некакво дополнување (сцена, глумци, режисери, сценографија, итн.).[23] На ваквото гледање се спротивставува Еуџенио Монтале кој, во есејот „Уметноста на претставата“ од 1957 година, вели дека ликовните елементи постојат дури и во невизуелните уметности. Според него, дури и кога некој човек рецитира некоја песна на самиот себе, тоа значи дека се следи нејзиниот тек, т.е. дека таа се претставува. Оттука, ако е апсурден поимот на претставената поезија, исто толку апсурден е и поимот на рецитираната поезија.[24] Во есејот „Естетички суд“ од 1958 година, Монтале вели дека поезијата го претставува каменот на сопнувањето во естетиката. Според него, поезијата е половина говор, а половина нешто друго и поради тоа, таа е натрапник во естетичките расправи. Всушност, отсекогаш таа била таква, зашто таа постојано се спојувала и се издвојувала од уметностите и никогаш не се случило, дури и во врвните достигнувања на надреализмот, поетот сосема да ја напушти фигуративноста. Притоа, поради поттиците што ги прима од другите видови уметности, поезијата станала сè повеќе прикажувачка.[25]

Српскиот поет Миодраг Павловиќ смета дека во современиот свет поезијата ја нема онаа улога која ја играла во минатото, односно денес, техничките, политичките и научните дејности имаат поголемо значење од неа. Неподготвена на таквата подреденост, таа реагира или со повлекување во себе или со активно, па дури и агресивно, настојување сè повеќе да се замеша во светските работи и да стане неопходен инструмент на националниот престиж, на менталната хигиена и на политичките движења.[26]

Ова сфаќање се среќава и кај Блаже Конески, кој во своите есеи „Еден опит“ и „За поезијата“ смета дека само преголемата пристрасност може да тврди дека поезијата може да се постави на исто рамниште со науката и филозофијата. Според него, науката располага со многу поголема познавателна сила од поезијата. Оттука, ако се постави прашањето што му е попотребно на човештвото во иднината — поезијата или науката, јасно е дека одговорот ќе биде во полза на науката. Затоа, поправилно е ако се побараат други компоненти кои ја определуваат функцијата на поезијата, а според него, таа функција е актуализацијата. Имено, поезијата врши актуализација на речевата дејност, т.е. таа ги спасува зборовите, синтагмите и речениците од сивилото и заборавот, таа е актуализирна исказ и тоа е нејзината суштина. На тој начин, ако поезијата е подредена во однос на науката во поглед на познавателната моќ, таа има своја област во која настапува суверено — актуализацијата. Можеби, оваа манифестација на духот е поскромна од научното познание, но сепак, и таа манифестација е исто толку трајна и неизбежна. Иако мотивите на поеизјата се веќе избројани, тоа не ја исцрпува поезијата. Конески смета дека поезијата и науката не можат да се споредуваат на исто рманиште со цел да се валоризираат. Поезијата може да се споредува само со другите дејности кои исто така ја извршуваат функцијата на актуализацијата.[27]

Поезијата како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

Често, самата поезија и поетите се јавуваат како тема во поезијата, музиката и популарната култура.

Поезијата како тема во книжевноста[уреди | уреди извор]

  • „Песна за мојата песна“ - песна на македонскиот поет Петре М. Андреевски.[28]
  • „Песна за нејзината песна“ - песна на Петре М. Андреевски.[29]
  • „Строфа“ - песна на српскиот писател Иво Андриќ од 1920 година.[30]
  • „Поет“ — песна на хрватскиот поет Звонимир Балог.[31]
  • „Благослов“ - песна на францускиот поет Шарл Бодлер.[32]
  • „Чисто конкретна поезија“ - поетски циклус на рускиот поет Сергеј Бирјуков.[33]
  • „Јас и песната“ - збирка поезија на македонскиот писател Генади Болиновски од 1957 година.[34]
  • „Песна“ - песна на полскиот поет Владислав Боњевски.[35]
  • „Грижа и песна“ - песна на полскиот поет Владислав Боњевски.[36]
  • „Поетската уметност“ - песна на францускиот поет Пол Верлен.[37]
  • „Руските поети“ - песна на рускиот поет Андреј Вознесенски од 1957 година.[38]
  • „Поетска вечер“ - кус расказ на македонскиот писател Драган Георгиевски од 2013 година.[39]
  • „Поетот и ѓаволот“ - песна на рускиот поет Николај Глазков од 1943 година.[40]
  • „Поетот Мистрал“ - расказ на францускиот писател Алфонс Доде од 1869 година.[41]
  • „Песна“ (српски: Песма) - песна на српскиот поет Јован Дучиќ.[42]
  • „Бескрајна песна“ (српски: Бескрајна песма) - песна на Јован Дучиќ.[43]
  • „Мирна песна“ - песна на Јован Дучиќ.[44]
  • „Најтажната песна“ (српски: Најтужнија песма) - песна на Јован Дучиќ.[45]
  • „Глумица“ — кус расказ на македонскиот писател Ѓоко Здравески од 2019 година.[46]
  • „Ситничар“ — кус расказ на Ѓоко Здравески од 2019 година.[47]
  • „Ars poetica“ - песна на полскиот поет Јарослав Ивашкјевич.[48]
  • „На слепиот поет“ - песна на францускиот поет Виктор Иго.[49]
  • „Поет“ - песна на Виктор Иго.[50]
  • „На поетот кој ми испрати орелско перо“ - песна на Виктор Иго.[51]
  • „Песна за песната“ (српски: Песма о песми) - песна на српскиот поет Јован Јовановиќ - Змај.[52]
  • „Македонски поети“ — песна на македонскиот поет Блаже Конески од 1989 година.[53]
  • „На моите песни“ — песна на Блаже Конески од 1991 година.[54]
  • „Занает“ — песна на Блаже Конески од 1989 година.[55]
  • „Поетика“ — песна на Блаже Конески од 1987 година.[56]
  • „Трактат за зачетокот на песната“ — песна на Блаже Конески од 1984 година.[57]
  • „Песната“ — песна на Блаже Конески од 1988 година.[58]
  • „Песните“ — песна на Блаже Конески од 1955 година.[59][60]
  • „Џиџе“ — песна на Блаже Конески.[61]
  • „Песна за песната“ (хрватски: Pjesma o pjesmi) - песна на хрватскиот писател Мирослав Крлежа.[62]
  • „Момчето ги носи своите први песни на преглед“ (хрватски: Mladić nosi svoje prve pjesme na ogled) - песна на Мирослав Крлежа.[63]
  • „Поетот во Њујорк“ (шпански: Poeta en Nueva York) - поетска збирка на шпанскиот поет Федерико Гарсија Лорка.[64]
  • „Разговор со финансискиот инспектор за поезијата“ (руски: Разговор с фининспектором о поэзии) - песна на Владимир Мајаковски од 1926 година.[65][66]
  • „Нејасна песна“ (српски: Nejasna pesma) - песна на српската поетеса Десанка Максимовиќ.[67]
  • „Поезија“ - песна на Десанка Максимовиќ.[68]
  • „Приказна за поетот“ (српски: Priča o pesniku) - песна на Десанка Максимовиќ.[69]
  • „Поетот и пролетта“ (српски: Pesnik i proleće) - песна на Десанка Максимовиќ.[70]
  • „Поетовата биста во паркот“ (српски: Pesnikov kip u parku) - песна на Десанка Максимовиќ.[71]
  • „Поетот и родниот крај (Pesnik i zavičaj)“ - песна на Десанка Максимовиќ.[72]
  • „Подарокот на песната“ ('француски: 'Don du poëme) - песна на францускиот поет Стефан Маларме.[73]
  • „Поет на 21-от век“ - краток расказ на македонскиот писател Стефан Марковски од 2015 година.[74]
  • „Народниот поет“ - песна на македонскиот писател Стефан Марковски од 2016 година.[75]
  • „Слем поет“ - краток расказ на македонскиот писател Стефан Марковски од 2017 година.[76]
  • „Митинг на поезија“ (Митинг поезије) - кус расказ на македонскиот писател Митко Маџунков од 1984 година.[77]
  • „Кутриот поет“ - песна на полскиот поет Чеслав Милош.[78]
  • „Слеп поет“ - песна на српскиот поет Бранко Миљковиќ.[79]
  • „Судбината на поетот“ - песна на Бранко Миљковиќ.[80]
  • „Песна и наслов“ - песна на Бранко Миљковиќ.[81]
  • „Орфичка песна“ - песна на Бранко Миљковиќ.[82]
  • „Њубовта на поезијата“ - песна на Бранко Миљковиќ.[83]
  • „Уморна песна“ - песна на Бранко Миљковиќ.[84]
  • „Критика на метафората“ - песна на Бранко Миљковиќ.[85]
  • „Беда на поезијата“ - песна на Бранко Миљковиќ.[86]
  • „Проветрување на песната“ - песна на Бранко Миљковиќ.[87]
  • „Поезија сите ќе пишуваат“ - песна на Бранко Миљковиќ.[88]
  • „Поет“ - кус расказ на италијанскиот писател Еуџенио Монтале.[89]
  • Поезијата не постои“ - расказ од истоимената збирка раскази на Еуџенио Монтале од 1973 година.[90]
  • На поетот“ — песна на македонскиот поет Коле Неделковски.[91]
  • „Почеток на песната“ (српски: Početak pesme) - песна на српскиот поет Миодраг Павловиќ.[92]
  • „Епитаф на словенскиот прапоет“ (српски: Epitaf slovenskom prapesniku) - песна на српскиот поет Миодраг Павловиќ.[93]
  • „Поезија“ - песна на рускиот писател Борис Пастернак од 1922 година.[94]
  • „Смртта на поетот“ - поетски циклус на рускиот писател Борис Пастернак од 1930-1931 година.[95]
  • „Дефиниција на поезијата“ - песна на рускиот поет Борис Пастернак од 1917 година.[96]
  • „Опело - На поетот загинат од бомбардирањето“ (српски: Opelo - Pesniku poginulom od bombardovanja)- песна на српскиот поет Миодраг Павловиќ.[97]
  • „Поетите на XIX век“ - песна на унгарскиот поет Шандор Петефи.[98]
  • „Првата песна“ (српски: Прва песма) - песна на српскиот поет Владислав Петковиќ - Дис.[99]
  • „Ако сакаш да напишеш песна“ — песна на македонскиот писател Видое Подгорец.[100]
  • „Споменик од песни“ — песна на Видое Подгорец.[101]
  • „Воскреснувањето на споменикот на поетот“ (српски: Васкрс песниковог споменика) - песна на српскиот поет Васко Попа.[102]
  • „На моите песни“ (српски: Мојим песмама) - песна на српскиот писател Јован Стерија Поповиќ.[103]
  • „Разговор на издавачот со поетот“ — песна на рускиот поет Александар Пушкин.[104]
  • „Поетот и толпата“ — песна на Александар Пушкин од 1828 година.[105]
  • „Прозаикот и поетот“ — песна на Александар Пушкин.[106]
  • „На другарот стихотворец“ — песна на Александар Пушкин.[107]
  • „Поет“ — песна на Александар Пушкин.[108]
  • „На поетот“ — песна на Александар Пушкин од 1830 година.[109]
  • „Седумгодишни поети“ - песна на францускиот поет Артур Рембо од 1871 година.[110]
  • „Поет“ - песна на германскиот поет Рајнер Марија Рилке.[111]
  • „Кутриот поет Стахура“ - песна на полскиот поет Тадеуш Ружевич од 2003 година.[112]
  • „На рабовите на поезијата“ - песна на Тадеуш Ружевич.[113]
  • „На површината и во средината на песната“ - песна од истоимената поетска збирка на Тадеуш Ружевич од 1983 година.[114][115]
  • „Уште еден обид“ - песна на Тадеуш Ружевич.[116]
  • „Патетична песна“ - песна на Тадеуш Ружевич од 1967 година.[117]
  • „Мојата поезија“ - песна на Тадеуш Ружевич.[118]
  • „За одредени особини на таканаречената поезија“ - песна на Тадеуш Ружевич.[119]
  • „Кој е поет“ - песна на Тадеуш Ружевич.[120][121]
  • „Да се биде поет“ - збирка поезија на чешкиот поет Јарослав Сајферт од 1984 година.[122]
  • „Песните ми се отруени“ - песна на германскиот поет Хајнрих Хајне.[123]
  • „Жените на поетите“ - песна на полскиот поет Јежи Харасимович.[124]
  • „Господинот Когито и поетот во одредени години“ - песна на полскиот поет Збигњев Херберт.[125]
  • „Поет“ — песна на рускиот поет Велимир Хлебников.[126]
  • „Збогувањето на поетот“ (германски: Sängers Abschied) - песна на германскиот поет Фридрих Шилер.[127]
  • „Поделбата на земјата“ (германски: Die Teiling der Erde) - песна на Фридрих Шилер.[128]
  • „Книжевна вечер“ - песна на полската поетеса Вислава Шимборска.[129]
  • „Рецензија за ненапишана песна“ - песна на Вислава Шимборска.[130]
  • „Трема“ - песна на Вислава Шимборска.[131]
  • „Некои ја сакаат поезијата“ - песна на Вислава Шимборска.[132]
  • „Поетовиот грозен сон“ - песна на Вислава Шимборска.[133]
  • „Речиси секоја песна“ - песна на Вислава Шимборска.[134]
  • „Идеја“ - песна на Вислава Шимборска.[135]
  • „На сопствениот стих“ - песна на Вислава Шимборска.[136]
  • „Песната и годините“ - песна на македонскиот поет Ацо Шопов.[137]
  • „Како најубави катрени од народната поезија“ - песна на Ацо Шопов.[138]
  • „Клошарска песна на поетот“ - песна на Ацо Шопов.[139]
  • „Калифот Ал-Мансур и поетот“ - суфиска приказна.[140]

Поезијата како тема во музиката[уреди | уреди извор]

  • „Разговор со даночниот инспектор за поезијата“ (англиски: Talking with the Taxman About Poetry) — албум на англискиот рок-музичар Били Брег (Billy Bragg) од 1986 година.[141]
  • „Песна од осум стихови“ (англиски: Eight Line Poem) — песна на британскиот рок-музичар Дејвид Боуви од 1971 година.[142]
  • „Поезија“ (англиски: Poetry) — песна на американската рап-група Буги Даун продакшнс (Boogie Down Productions) од 1987 година.[143]
  • „Поет“ (англиски: The Poet) — музички албум на американскиот соул-музичар Боби Вомак (Bobby Womack) од 1981 година.[144]
  • „Поема“ (англиски: Poem) — песна на британската рок-група Клок ДВА (Clock DVA) од 1983 година.[145]
  • „Рубајат“ (Rubaiyat) — песна на британската музичка група Колдкат (Coldcut) од 1997 година.[146]
  • „Тажна поезија“ (англиски: Sad Poetry) — песна на австралиската поп-рок група Ментал ес енитинг (Mental As Anything) од 1981 година.[147]
  • „Поет“ (англиски: The Poet) — песна на американската соул-фанк група Sly & The Family Stone од 1971 година.[148]
  • „Поеми“ (англиски: Poems) — песна на британскиот трип-хоп музичар Трики (Tricky).[149]

Поезијата како тема во филмот[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Miguel Servantes, Uzorne priče. Beograd: Rad, 1963, стр. 120.
  2. 2,0 2,1 Јован Дучић, Благо Цара Радована (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 260.
  3. 3,0 3,1 Јован Дучић, Благо Цара Радована (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 263.
  4. Јован Дучић, Благо Цара Радована (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 24.
  5. Јован Дучић, Благо Цара Радована (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 135.
  6. Јован Дучић, Благо Цара Радована (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 262.
  7. Јован Дучић, Благо Цара Радована (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 269-271.
  8. Јован Дучић, Благо Цара Радована (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 290.
  9. Јован Дучић, Благо Цара Радована (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 259-261.
  10. Блаже Конески, Збор и опит 1. Скопје: Арс Ламина - публикации, Арс Либрис, 2021, стр. 188-190.
  11. J. P. Ekerman, Razgovori sa Geteom: Poslednjih godina njegova života. Beograd: Rad, 1960, стр. 29.
  12. J. P. Ekerman, Razgovori sa Geteom: Poslednjih godina njegova života. Beograd: Rad, 1960, стр. 47.
  13. J. P. Ekerman, Razgovori sa Geteom: Poslednjih godina njegova života. Beograd: Rad, 1960, стр. 38.
  14. J. P. Ekerman, Razgovori sa Geteom: Poslednjih godina njegova života. Beograd: Rad, 1960, стр. 22-25.
  15. J. P. Ekerman, Razgovori sa Geteom: Poslednjih godina njegova života. Beograd: Rad, 1960, стр. 23.
  16. J. P. Ekerman, Razgovori sa Geteom: Poslednjih godina njegova života. Beograd: Rad, 1960, стр. 46.
  17. Miguel Servantes, Uzorne priče. Beograd: Rad, 1963, стр. 119.
  18. Мигел де Сервантес, Дон Кихоте 2. Београд: Службени гласник, 2011, стр. 130-131.
  19. Мигел де Сервантес, Дон Кихоте 2. Београд: Службени гласник, 2011, стр. 132.
  20. Đ. Leopardi, Pesme i proza. Beograd: Rad, 1964, стр. 97.
  21. Бруно Шулц, Митизација на реалноста. Скопје: Бегемот, 2015, стр. 80-81.
  22. Велимир Хлебњиков, Краљ времена Велимир I. Просвета: Београд, 1964, стр. 325-326.
  23. Euđenio Montale, Leptir iz Dinara i ostali prozni spisi. Beograd: Rad, 1979, стр. 97.
  24. Euđenio Montale, Leptir iz Dinara i ostali prozni spisi. Beograd: Rad, 1979, стр. 98.
  25. Euđenio Montale, Leptir iz Dinara i ostali prozni spisi. Beograd: Rad, 1979, стр. 120.
  26. Миодраг Павловић, „Од камена до света“, во: Васко Попа, Непочин-поље. Београд: Просвета, 1963, стр. 8-9.
  27. Блаже Конески, Збор и опит 1. Скопје: Арс Ламина - публикации, Арс Либрис, 2021, стр. 183-188.
  28. Петре М. Андреевски, 'Дениција. Скопје: Три, 2005, стр. 7-8.
  29. Петре М. Андреевски, 'Дениција. Скопје: Три, 2005, стр. 17-18.
  30. Иво Андрић, Ex Ponto - Немири - Лирика. Београд: Просвета, 1977, стр. 194.
  31. Поетска читанка: Избор од македонската и светската поезија за деца, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2005, стр. 94.
  32. Шарл Бодлер, Цвеће зла. Београд: Култура, 1970, стр. 9-12.
  33. Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига III: Средина XX века – поч. XXI века (неомодернизам, неоавангарда, постмодернизам и нова трагања). Београд: Paidea, 2007, стр. 220-221.
  34. Драган Мишкоски, „Разговор за делото „Игра на прозорецот“ од Генади Болиновски“, во: Генади Болиновски, Игра на прозорец, Скопје: Култура, Наша книга, Мисла, Македонска книга, Детска радост, 1990, стр. 79.
  35. Savremena poljska poezija. Beograd: Nolit, 1964, стр. 110.
  36. Savremena poljska poezija. Beograd: Nolit, 1964, стр. 107.
  37. Pol Verlen, Pesme. Beograd: Rad, 1969, стр. 67-68.
  38. Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига III: Средина XX века – поч. XXI века (неомодернизам, неоавангарда, постмодернизам и нова трагања). Београд: Paidea, 2007, стр. 42.
  39. Драган Георгиевски, Метаморфузија, Темплум, Скопје, 2013.
  40. Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига III: Средина XX века – поч. XXI века (неомодернизам, неоавангарда, постмодернизам и нова трагања). Београд: Paidea, 2007, стр. 16-17.
  41. Alphonse Daudet, Pisma iz mog mlina. Zagreb: Znanje, 1986, стр. 129-136.
  42. Јован Дучић, Сабрана дела II, Песме љубави и смрти. Београд: Народна просвета (без дата), стр. 18-19.
  43. Јован Дучић, Сабрана дела II, Песме љубави и смрти. Београд: Народна просвета (без дата), стр. 28-29.
  44. Јован Дучић, Сабрана дела II, Песме љубави и смрти. Београд: Народна просвета (без дата), стр. 46-47.
  45. Јован Дучић, Сабрана дела II, Песме љубави и смрти. Београд: Народна просвета (без дата), стр. 80-81.
  46. Ѓоко Здравески, Отсечки стварност. Скопје: Бегемот, 2019, стр. 16.
  47. Ѓоко Здравески, Отсечки стварност. Скопје: Бегемот, 2019, стр. 27.
  48. Savremena poljska poezija. Beograd: Nolit, 1964, стр. 57.
  49. Viktor Igo, Pesme. Beograd: Rad, 1969, стр. 52.
  50. Viktor Igo, Pesme. Beograd: Rad, 1969, стр. 12-13.
  51. Viktor Igo, Pesme. Beograd: Rad, 1969, стр. 53.
  52. Јован Јовановиħ Змај, Песме. Београд: Рад, 1963, стр. 23-29.
  53. Блаже Конески, Збор и опит 1. Скопје: Арс Ламина - публикации, Арс Либрис, 2021, стр. 128.
  54. Блаже Конески, Збор и опит 1. Скопје: Арс Ламина - публикации, Арс Либрис, 2021, стр. 131.
  55. Блаже Конески, Збор и опит 1. Скопје: Арс Ламина - публикации, Арс Либрис, 2021, стр. 130.
  56. Блаже Конески, Збор и опит 1. Скопје: Арс Ламина - публикации, Арс Либрис, 2021, стр. 99.
  57. Блаже Конески, Збор и опит 1. Скопје: Арс Ламина - публикации, Арс Либрис, 2021, стр. 93.
  58. Блаже Конески, Црква. Скопје: Арс Ламина - публикации, 2021, стр. 18.
  59. Блаже Конески, 'Везилка. Скопје: Арс Ламина - публикации, Арс Либрис, 2021, стр. 7.
  60. Блаже Конески, Збор и опит 1. Скопје: Арс Ламина - публикации, Арс Либрис, 2021, стр. 42.
  61. Блаже Конески, Црн овен. Скопје: Арс Ламина - публикации, 2021, стр. 26.
  62. Miroslav Krleža, Lirika. Sarajevo: Svjetlost, 1966, стр. 18-19.
  63. Miroslav Krleža, Lirika. Sarajevo: Svjetlost, 1966, стр. 88-92.
  64. Федерико Гарсија Лорка, Неверна жена. Скопје: Македонска книга, Култура, Мисла, Наша книга, 1982.
  65. Владимир Мајаковски, На сет глас. Скопје: Македонска книга, 1970.
  66. Владимир Мајаковски, Песме и поеме. Нови Сад: Академска књига, 2015, стр. 148-156.
  67. Desanka Maksimović, Izabrane pesme (peto dopunjeno izdanje). Beograd: BIGZ, 1985.
  68. D. Maksimović, Pesme. Beograd: Rad, 1964, str. 3.
  69. D. Maksimović, Pesme. Beograd: Rad, 1964, str. 4.
  70. D. Maksimović, Pesme. Beograd: Rad, 1964, str. 5.
  71. D. Maksimović, Pesme. Beograd: Rad, 1964, str. 7-8.
  72. Desanka Maksimović, Izabrane pesme (peto dopunjeno izdanje). Beograd: BIGZ, 1985, стр. 195.
  73. Стефан Маларме, Песме. Београд: Култура, 1970, стр. 16-17.
  74. Марковски, Стефан (2015). Продавачот на ветар и магла и други приказни. Библиотека „Гоце Делчев“ Гевгелија.
  75. Марковски, Стефан (2016). Сиво сјаат вселените. Скопје: Дом на култура „Кочо Рацин“.
  76. Марковски, Стефан (2017). Смртта долетува насмевната. Струга: Бран.
  77. Митко Маџунков, Међа света. Београд: Просвета, 1984, стр. 152.
  78. Savremena poljska poezija. Beograd: Nolit, 1964, стр. 150-151.
  79. Бранко Миљковиќ, Избор. Скопје: Мисла, култура, Македонска книга, 1988, стр. 24.
  80. Бранко Миљковиќ, Избор. Скопје: Мисла, Култура и Македонска книга, 1988, стр. 85.
  81. Бранко Миљковиќ, Избор. Скопје: Мисла, Култура и Македонска книга, 1988, стр. 111.
  82. Бранко Миљковиќ, Избор. Скопје: Мисла, Култура и Македонска книга, 1988, стр. 86.
  83. Бранко Миљковиќ, Избор. Скопје: Мисла, Култура и Македонска книга, 1988, стр. 89.
  84. Бранко Миљковиќ, Избор. Скопје: Мисла, Култура и Македонска книга, 1988, стр. 92-93.
  85. Бранко Миљковиќ, Избор. Скопје: Мисла, Култура и Македонска книга, 1988, стр. 94.
  86. Бранко Миљковиќ, Избор. Скопје: Мисла, Култура и Македонска книга, 1988, стр. 95.
  87. Бранко Миљковиќ, Избор. Скопје: Мисла, Култура и Македонска книга, 1988, стр. 96-97.
  88. Бранко Миљковиќ, Избор. Скопје: Мисла, Култура и Македонска книга, 1988, стр. 101.
  89. Euđenio Montale, Leptir iz Dinara i ostali prozni spisi. Beograd: Rad, 1979, стр. 155-157.
  90. Serđo Tukoni, „Euđenio Montale“, во: Euđenio Montale, Leptir iz Dinara i ostali prozni spisi. Beograd: Rad, 1979, стр. 169.
  91. Коле Неделковски, Стихови. Кочо Рацин, Скопје, 1958, стр. 70.
  92. Miodrag Pavlović, Izabrane pesme. Beograd: Rad, 1979, стр. 68.
  93. Miodrag Pavlović, Izabrane pesme. Beograd: Rad, 1979, стр. 58-59.
  94. Борис Леонидович Пастернак, Изабране песме. Нови Сад: Orpheus, 2011, стр. 104-105.
  95. Борис Леонидович Пастернак, Изабране песме. Нови Сад: Orpheus, 2011, стр. 204-224.
  96. Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига II: Прва четвртина – средина XX века (авангарда и социјалистички реализам). Београд: Paidea, 2007, стр. 78.
  97. Miodrag Pavlović, Izabrane pesme. Beograd: Rad, 1979, стр. 27-29.
  98. Šandor Petefi, Sloboda i ljubav. Beograd: Rad, 1969, стр. 60-61.
  99. Vladislav Petković Dis. Beograd: Mlado pokolenje, 1971, стр. 52-54.
  100. Видое Подгорец, И сончогледите спијат. Скопје: Македонска книга, Детска радост, Култура, Мисла, Наша книга, 1990, стр. 5.
  101. Видое Подгорец, И сончогледите спијат. Скопје: Македонска книга, Детска радост, Култура, Мисла, Наша книга, 1990, стр. 6.
  102. Vasko Popa, Pesme. Beograd: Bigz, 1978, стр. 190.
  103. Родољубиве песме. Београд: Просвета (без дата), стр. 15-16.
  104. A. S. Puškin, Lirika. Rad, Beograd, 1979, стр. 87-93.
  105. A. S. Puškin, Lirika. Rad, Beograd, 1979, стр. 176-177.
  106. A. S. Puškin, Lirika. Rad, Beograd, 1979, стр. 133.
  107. A. S. Puškin, Lirika. Rad, Beograd, 1979, стр. 94-96.
  108. A. S. Puškin, Lirika. Rad, Beograd, 1979, стр. 154.
  109. A. S. Puškin, Lirika. Rad, Beograd, 1979, стр. 209.
  110. Артур Рембо, Боравак у паклу. Београд: Култура, 1968, стр. 23-26.
  111. Рајнер Марија Рилке, Искуство тишине. Београд: Paideia, 2014, стр. 84.
  112. Tadeuš Ruževič, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg / Čigoja štampa, 2013, стр. 261-262.
  113. Tadeuš Ruževič, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg / Čigoja štampa, 2013, стр. 175-178.
  114. Tadeuš Ruževič, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg / Čigoja štampa, 2013, стр. 91-94.
  115. Tadeuš Ruževič, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg / Čigoja štampa, 2013, стр. 4.
  116. Tadeuš Ruževič, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg / Čigoja štampa, 2013, стр. 103-104.
  117. Tadeuš Ruževič, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg / Čigoja štampa, 2013, стр. 61-62.
  118. Tadeuš Ruževič, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg / Čigoja štampa, 2013, стр. 59.
  119. Tadeuš Ruževič, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg / Čigoja štampa, 2013, стр. 34-35.
  120. Savremena poljska poezija. Beograd: Nolit, 1964, стр. 181-182.
  121. Tadeuš Ruževič, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg / Čigoja štampa, 2013, стр. 31.
  122. „Izabrana bibliografija Jaroslava Sajferta“ во: Jaroslav Sajfert, Stub kuge. Beograd: Mali vrt, 2014, стр. 93-94.
  123. Hajnrih Hajne, Pesme. Beograd: Rad, 1964, стр. 16-17.
  124. Savremena poljska poezija. Beograd: Nolit, 1964, стр. 237.
  125. Zbignjev Herbert, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg – Čigoja štampa, стр. 118-121.
  126. Велимир Хлебњиков, Краљ времена Велимир I. Просвета: Београд, 1964, стр. 129.
  127. Fridrih Šiler, Knjiga poezije. Beograd: Rad, 1964, стр. 60.
  128. Fridrih Šiler, Knjiga poezije. Beograd: Rad, 1964, стр. 55-56.
  129. Vislava Šimborska, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg, 2014, стр. 67.
  130. Vislava Šimborska, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg, 2014, стр. 197-198.
  131. Vislava Šimborska, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg, 2014, стр. 215-216.
  132. Vislava Šimborska, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg, 2014, стр. 262.
  133. Vislava Šimborska, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg, 2014, стр. 359-360.
  134. Vislava Šimborska, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg, 2014, стр. 368-369.
  135. Vislava Šimborska, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg, 2014, стр. 375-376.
  136. Vislava Šimborska, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg, 2014, стр. 415.
  137. Ацо Шопов, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 79-80.
  138. Ацо Шопов, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 150-151.
  139. Ацо Шопов, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 137-138.
  140. Суфиски приказни. Скопје: Темплум, 2017, стр. 62.
  141. All Music, Billy Bragg - Talking with the Taxman About Poetry (пристапено на 10.1.2016)
  142. Discogs, David Bowie – Hunky Dory (пристапено на 4.3.2022)
  143. YouTube, Poetry-Boogie Down Productions (пристапено на 4.4.2018)
  144. Bobby Womack – The Poet (пристапено на 17.2.2023)
  145. ClockDVA* – Advantage (пристапено на 3.6.2022)
  146. Coldcut – Let Us Play! (пристапено на 25.5.2022)
  147. YouTube, Mental As Anything - Sad Poetry (пристапено на 6.7.2017)
  148. Sly & The Family Stone – There's A Riot Goin' On (пристапено на 22.2.2024)
  149. Discogs, Tricky – The Best Of (пристапено на 8.2.2021)
  150. Кинотека на Македонија, „Филмска програма - февруари 2017“ (пристапено на 7.3.2017)