Оливера Ќорвезироска
Оливера Ќорвезироска (родена во Куманово, на 29 ноември 1965 ) — македонска писателка, поетеса, есеистка и критичарка.
| Оливера Ќорвезироска | |
|---|---|
Оливера Ќорвезироска на првиот Фестивал на проза, Куманово, мај 2022 | |
| Роден/а | Марковиќ 29.11.1965 Куманово, СФРЈ |
Животопис
[уреди | уреди извор]Оливера Ќорвезироска (родена Марковиќ) е родена во Куманово на 29 ноември 1965 година. Основно и средно училиште завршила во Куманово, а Филолошки факултет во Скопје, каде живее и работи. По дипломирањето, таа се вработила во НИП „Нова Македонија“ како лектор. Во 1985 година станала членка на Друштвото на писатели на Македонија.[1][2][3]
Творештво
[уреди | уреди извор]Делата на Ќорвезироска се преведени на: албански, српски, англиски, француски, турски, чешки, словенечки, полски, руски, унгарски и бугарски јазик. Исто така, таа е застапена во дваесетина антологии на современиот македонски расказ, објавени во Македонија и во странство.[3]
Библиографија
[уреди | уреди извор]Ќорвезироска е авторка на следниве дела:[3] [4] [5]
- „Трети кат“ (поезија, 1982 г.)
- „Високите бели“ (поезија, 1989 г.)
- „Кифличката Мирна“ (роман за деца, 1993 г.)
- „Мојот брат од тринаесеттиот кат“ (роман за деца, 2001 г.)
- „Дедо Миле“ (сликовница, со Глигор Костовски-Гишо, 2000 г.)
- „Отвораат ли сништата работа“ (критика и есеистика, 1999 г. )
- „Еден Текст и една жена“ (критика и есеистика, 2016 г.)
- „Заклученото тело на Лу“ (роман, 2005 г.)
- „Страдањата на младиот лектор“ (раскази, 2000 г.)
- „(С)плетени раскази“ (раскази, 2003 г.)
- „Две перници“ (раскази, 2010 г.)
- „Новелички без шеќер“ (раскази, 2017 г.)
- „(Со)шиени раскази“ (раскази, 2017 г.)
- „Улиците што ги нема“ (раскази, 2018 г.)
- „Аб'т“ (роман, 2019 г.)
- „Дедо Миле“ (сликовница, со Владимир Лукаш, 2019 г.)
- Престапни години (раскази, 2021 г.)
- Три Марии (роман, 2025 г.)
Таа е застапена во околу 20 антологии на современиот македонски расказ, објавени во Македонија и во странство. На пример, три нејзини кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).[6]
Награди и признанија
[уреди | уреди извор]Ќорвезироска е добитничка на неколку награди за нејзините раскази, а во 2003 година, за книгата „(С)плетени раскази“, ја добила наградата за најдобра проза на Друштвото на писателите на Македонија - „Стале Попов“.[7]
2025 - Награда „Рациново признание“ за романот „Три Марии“[8]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ okno.mk
- ↑ www.radiomof.mk
- 1 2 3 Оливера Ќорвезироска, Две перници. Скопје: Три, 2010, стр. 183.
- ↑ Оливера Ќорвезироска, Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021.
- ↑ „Нова книга од Оливера Ќорвезироска“. Нова Македонија. 2019-10-01. Посетено на 2025-08-29.
- ↑ Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 175-179.
- ↑ Оливера Ќорвезироска, Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021.
- ↑ „Оливера Ќорвезироска добитничка на „Рациновото признание" за 2025, почесното за Намита Субиото“. 10.06.2025. Посетено на 17 јуни 2025. Занемарен непознатиот параметар
|Publisher=(се препорачува|publisher=) (help); Проверете ги датумските вредности во:|date=(help)
