Стефан Марковски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Стефан Марковски
Stefan Markovski.jpg
Роден Стефан Марковски
1 декември 1990
Гевгелија, Македонија Македонија
Занимање Писател, поет и филозоф


Стефан Марковски (Гевгелија, 1 декември 1990) — македонски писател, поет, сценарист и филозоф.

Биографија[уреди | уреди извор]

Стефан Марковски е роден во Гевгелија, каде завршил основно и средно образование. Дипломирал на Катедрата за општа и компаративна книжевност при Филолошкиот Факултет „Блаже Конески“, како и на Институтот за Филозофија на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Магистрирал Филмско и ТВ сценарио на Факултетот за Драмски Уметности.

Пишува уште од основноучилишните денови, кога ги завршил и своите први книги.

За романот „Еднонасочно“ во 2009-та ја добил наградата „Петре М. Андреевски“ од Фондацијата „Рамковски“.[1]

Во 2014-та му е врачено признанието на Општина Гевгелија – „7 ноември“ [2] за достигнувања во културата и придонес во културната афирмација на градот.

Добитник е на „Гран При“ на поетскиот фестивал „Литературни Искри“ – Гостивар.[3]

Во 2015-та ја добил наградата „Македонска книжевна авангарда“ за збирката раскази „Продавачот на ветар и магла и други приказни“.[1]

За поетската збирка „Сиво сјаат вселените“ во 2016-та ја добил наградата Бели мугри[2], а следната година и наградите Крсте Чачански[3] и Книжевно перо[4] од Хрватското книжевно друштво за збирката кратки раскази „Смртта долетува насмевната“, Книжевен круг за „Фауст го трча плебејскиот круг“.[4]

Добитник е и на неколку домашни и странски награди за есеи, како и на книжевни резиденции.

Застапен е во повеќе антологии. Објавува студии и статии во различни списанија за литература, уметност, наука и филозофија од земјата и странство.

Извадоци од неговото творештво и книги се преведени и објавени на повеќе јазици.

Марковски е главен и одговорен уредник на списанието за литература, култура и уметност „Современост“ и уредник на поетските збирки вклучени во проектот „Метрички карван“.

Член е на Друштвото на писателите на Македонија, платформата Версополис[5], Македонскиот центар на Интернационалниот театарски институт (ИТИ) и други меѓународни асоцијации.

Настап и предавање на Марковски во библиотеката Сан Херонимо во Сан Себастијан, Шпанија

Творештво[уреди | уреди извор]

Марковски е автор на дела од повеќе области и жанрови, вклучувајќи прозни, поетски, драмски и теориски книги.

  • Романи: Еднонасочно, 2009; Еретички писма или наоѓајќи ги небата што сјаат црвено, 2018.
  • Раскази: Продавачот на ветар и магла и други приказни, 2015; Смртта долетува насмевната, 2017, Фауст го трча плебејскиот круг, 2020.
  • Поезија: За некои спомени од онаа некогашност, 2010; Апеирон, 2010; In Nomine, 2016; Сиво сјаат вселените, 2016; По трагата на белиот грифон; 2018, Хипербог, 2019.
  • Психолошки и филозофски дела: Хиерархиска еволуција на свеста, 2012; Мета(де)конструкција и општа филозофија, 2012; Среќата е глагол, 2013
  • Драма: Мајстори за огледала, 2019.
  • Теорија: Потенцијалите на жанрот крими-драма преку сценариото за игран филм „Се викам Слобода“, 2019.

Во 2019-та бил објавен и поетски избор од Марковски на македонски и англиски јазик насловен Promised Land[6].

Неговиот роман „Еретички писма или наоѓајќи ги небата што сјаат црвено“ е исто така објавен на англиски јазик и е достапен на голем број книжевни платформи[7].

Покрај своето книжевно творештво, Марковски е автор на трудови, меѓу кои и на пионерски прегледен труд од областа на неврофилозофијата, насловен „Улогата и влијанието на неврофилозофијата врз современите когнитивистички и физиолошки парадигми за свеста“, објавен во 2018 година, како и „Вештачката интелигенција и можноста за програма-генератор на текстови на македонски литературен јазик“, студија која ги анализира можностите за развивање оперативна вештачка интелигенција на македонски јазик.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Романот „Еднонасочно“, добитник на наградта Петре М. Андреевски за 2009, промовиран во Гевгелија
  2. Објавени добитниците на Седмоноемвриската награда на Гевгелија
  3. Гран при за Стефан Марковски на поетскот фестивал „Литературни Искри“
  4. „Стефан Марковски со збирката раскази „Фауст го трча плебејскиот круг" победник на конкурсот „Книжевен круг за проза". Нова Македонија. 26.10.2020. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  5. „Stefan Markovski“. Versopolis poetry.
  6. Markovski, Stefan (28 март 2019). „Promised Land Kindle Edition“. Amazon.
  7. „Романот „Еретички писма" на Стефан Марковски објавен на англиски јазик“. МКД.мк. 10.08.2020. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]