Современост

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Современост е најстарото македонско списание за литература, култура и уметност.[1] Создадено е во 1951 година[2] како директен наследник на првото македонско списание за уметност, наука и општествени прашања „Нов ден“.

Историја[уреди | уреди извор]

Првиот број од првото списание за уметност, наука и општествени прашања, месечното списание „Нов ден“ излегло во октомври 1945-та во издание на Друштвото на писателите на Македонија. Уредници на „Нов ден“ биле: Владо Малески[3], Блаже Конески[4], Славко Јаневски[5] и Коле Чашуле[6].

Списанието за литература, култура и уметност „Современост“ е оформено 1951 г. од уредниците на „Нов ден“ и е директен наследник на ова списание.[7]

Уредници и уредувачка политика[уреди | уреди извор]

Главни и одговорни уредници на „Современост“ биле писателите и публицисти[8]:

Дел од уредничките тимови на „Современост“ биле македонските писатели и дејци: Коле Чашуле, Васил Иљоски, Гого Ивановски, Гане Тодоровски, Цветко Мартиновски, Ташко Георгиевски, Мето Јовановски, Јован Бошковски, Миодраг Друговац, Томе Момировски, Ристо Аврамовски, Душко Наневски, Георги Старделов, Симон Дракул, Петар Ширилов, Благоја Анастасовски, Томе Саздов, Методи Манев, Виолета Мартиновска, Ранко Младеноски и други.

Во периодот на книжевните полемики помеѓу реалистите и модернистите, „Современост“ било списание кое било сметано за гласник на првите. Главен ривал на „Современост“ во овој период било списанието „Разгледи“, сметано за гласник на модернистите[9].

„Современост“ извршило големо влијание во унапредување и афирмирање на македонската книжевност во земјата и во странство. На страниците на списанието дебитирале голем број македонски автори, кои подоцна станале носители на македонската проза, поезија и драма (на пр. Христо Петрески), но и автори според кои списанието се препознавало (на пр. Ацо Шопов, Димитар Митрев, Блаже Конески и др.)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „„Современост" – симбол за македонската книжевност“. Literatura.mk. 2016-05-25. Посетено на 2018-04-03.
  2. „Во НУБ одбележан јубилејот 65 години од списанието „Современост". Република Online. 2016-05-12. Посетено на 2018-04-03.
  3. „Владо Малески“. www.macedonium.org. Посетено на 2018-04-03.
  4. info@fakulteti.mk, Fakulteti.mk -. „На денешен ден е роден Блаже Конески“. FakultetiMK. Посетено на 2018-04-03.
  5. „Автори: Славко Јаневски“. www.blesok.com.mk. Посетено на 2018-04-03.
  6. „Автори: Коле Чашуле“. www.blesok.com.mk. Посетено на 2018-04-03.
  7. Ковилоски, Славчо (2016). „„65 години списание Соврменост"“. Современост. 1: 7–11.
  8. „Современост“, списание за литература, култура и уметност. 1/2018: 2. април 2018. Отсутно или празно |title= (help)
  9. „Интелектуална автобиографија (5) | okno.mk“. okno.mk. Посетено на 2018-04-03.