Награда Празник на липите

Од Википедија — слободната енциклопедија

Наградата „Празник на липите“ е традиционална награда што ја доделува Друштвото на писателите на Македонија за најдобра напишана песна или есеј по повод истоимената манифестација во организација на Друштвото, кога се доделува и наградата за творечки опус „Книжевен жезол“.

Наградата се доделува на членови на Друштвото, по правило, по претходно распишан тематски конкурс. За доделувањето на наградата одлучува селектор или жири-комисија.

Победничките дела се објавуваат во првиот претстоен број на ревијата „Стожер“.

Меѓу добитниците на оваа награда се вбројуваат македонските писатели и поети: Стефан Марковски, Зоран Пејковски, Весна Мундишевска-Велјановска, Сузана В. Спасовска, Игор Крајчев, Евгенија Шуплинова, Вања Изова Велева, Ана Стојаноска, Даниела Андоновска-Трајковска, Михајло Свидерски, итн.[1][2][3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Сани (2022-06-21). „Стефан Марковски е добитник на наградата „Празник на липите". Република. Посетено на 2022-07-03.
  2. „Најдобра песна на „Празник на липите 2015", за Игор Крајчев“. Ти Реков Ми Рече (англиски). Посетено на 2022-07-03.
  3. Неделковски, Серјожа (2020-09-13). „Зоран Пејковски е годинешниот добитник на поетската награда „Празник на липите". NetPress. Посетено на 2022-07-03.