Игор Крајчев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Роден Игор Крајчев
24 септември 1981
Велес, Македонија
Занимање македонски писател, поет, раскажувач, романописец, есеист, потпретседател на друштвото на писатели „Кочо Рацин“ - Велес.


Игор Крајчев (Велес, 24 септември 1981) е македонски писател на епска фантастика. Тој е првиот македонски писател кој го воведува и го популаризира жанрот епска фантастика, која е особено значајна и популарна во останатите земји. Крајчев е добитник на Деветоноемвриско признание за афирмација на литературата и е перспективен македонски писател.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Игор Крајчев е роден во 1981 година во Велес, Македонија. Основното и средно образование ги стекнува во родниот град, а потоа се запишува на студии на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје каде што по четиригодишно студирање како државен стипендист, завршува како втор во својата класа. Веднаш е примен за постдипломец на Филолошкиот факултет.

Оцени за творештвото[уреди | уреди извор]

За „Реалности“ во 2005 година промоторот Венко Андоновски ќе рече: „Прекрасна отворена поезија во неорациновски стил, која е отворена кон светот. Тоа не е поезија од Гутенберговски тип, која се гради со готови фрази, туку е поезија на емпиријата... Овде имаме млад поет кој не се плаши да застане пред светот и да го вкуси... Потоа поезијата е само прашање на ферментација!“

Во 2007 година во издание на Матица излезе првиот македонски епско-фантастичен роман „Воини и херои“, кој претставува темелот на оваа појава на нашата литературна сцена.[2] За него Венко Андоновски ќе рече: „- Во романот на Крајчев се создава нов свет кој е божествена работа, на занаетот. Тоа го откриваме во таканаречената сказноликост, тоа е псевдо сказна и е напишана во целосна согласност со расказните принципи. Сказната е подготовка или иницијатива за живот, а тој е борба со злото. Тука е вградена и филозофијата дека со злото нема пакт, нема пазар, нема смирување и поткупување...“.

Во 2008 година, Игор Крајчев се јавува и како автор на литературна критика, и научни текстови, како промотор на поетски книги, а како една од позначајните дејности е онаа кога на покана на д-р Васил Тоциновски учествуваше на меѓународната научна конференција на тема: „Балканските автори пред нови предизвици“ каде ја застапуваше својата теза за афирмација на епската фантастика.

Во 2009, Крајчев го издаде својот втор роман „Три секунди“. За него Васил Тоциновски ќе рече: „Ова е дело кое ќе ве освои уште на своите први страници, а вие почнувате да го играте танцот низ времето и просторот, заедно со писателот кој многу интересно и мистично ја гради сижејната линија, поделувајќи ја притоа, не на повеќе главни линии, туку на повеќе временски сфери... Овој роман би го вброил во еден од најуспешните македонски романи, кој импонира со својата конструкција, оригиналност и пред сè тема. Крајчев направил, таков совршен спој на убавото и корисното, сведувајќи го романот на апсолутната неопходност, односно мајсторски ослободувајќи го од непотребното, за на крај да го искристализира до степен на дијамнтска чистота. Иако љубовната нишка во романот има тенденција да биде доминантна, Крајчев мајсторски го маскира тоа со воведувањето на филозофската страна на романот, кој не пречи на оваа првата, туку напротив, уште повеќе го засилува нејзиниот ефект... Како и да е, „Три секунди“ е прекрасен роман кој треба да биде задолжителна литература на сите љубители на добриот пишан збор, и со право му го доделувам приматот „Најљубовната и најтажната македонска приказна“...“ - вели рецензентот на ова дело, д-р Васил Тоциновски.[3]

Мора да се спомене и дека Крајчев беше коавтор заедно со Д-р Васил Тоциновски и група автори, на големата Монографија за велешката гимназија, по повод 150 годишнината од нејзиното постоење.

Крајчев е редовен учесник на најважната поетска манифестација во Велес – Рациновите средби, кои ги збогатува со своите поетски творби, а е неизоставлив дел и од Детските Рацинови средби. Тој е инаку заменик-претседател на обновеното друштво на писатели на Велес, одговорна фукнција која, без оглед на младоста, му ја доверија неговите постари колеги поети и писатели од Велес. Крајчев е директор на библиотеката во Велес, избран од редовите на ВМРО-ДПМНЕ,[4] а потоа од СДСМ.[5]

Крајчев е добитник на високото признание на град Велес - Деветоноемвриско признание за заслуги од областа на литературата. Потоа на наградата „Прозни мајстори“ за второто издание на романот „Воини и херои“.[6] Добитник е уште на наградите: „Книжевен круг“ од Битолскиот книжевен круг, наградата „Празник на липите“ за најдобра песна, a во 2016-та година ја добива „Енхалон“ за најдобра песна од млад автор на Струшките вечери на поезијата.[7]

Творештво[уреди | уреди извор]

2005 - Реалности - збирка модернистичка поезија

2007 - Воини и херои - епско-фантастичен роман (2012, второ издание)

2008 - Монографија по повод 150 годишнина од постоењето на Велешката гимназија (коавтор)

2009 - Три секунди - психолошки роман

2015 - Круг полу круг - збирка модернистичка поезија

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]