Венко Андоновски
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
![]() | Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Венко Андоновски | ||
![]() | ||
Роден | Венко Андоновски 30 мај 1964 Куманово, СР Македонија, СФРЈ | |
---|---|---|
Занимање | македонски писател, раскажувач, романописец, есеист, критичар и книжовен теоретичар. |
Венко Андоновски (р. во Куманово, 30 мај 1964) — македонски писател (романописец, раскажувач, драмски автор, поет), есеист, критичар и книжевен теоретичар.
Биографија[уреди | уреди извор]
Венко Андоновски дипломирал на Филолошкиот факултет "Блаже Конески", во Скопје. Тој е доктор по филолошки науки и работи како професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Андоновски е член на Македонскиот ПЕН центар. Во 1990 година станал член на Друштвото на писателите на Македонија.[1][2][3]
Творештво[уреди | уреди извор]
Творештвото на Андоновски е богато. Тој пишувал поезија, раскази, романи, драми и есеи, а се занимавал и со книжевна критика.
- Нежното срце на варварот, (1986).
- Азбука за непослушните (1994),
- Папокот на светот (2000),
- Вештица (2006),
- Ќерката на математичарот/33,33 (2013).
- Адска машина (1993),
- Бунт во домот за старци (1994),
- Словенскиот ковчег (1998),
- Црни куклички (2000),
- Кандид во земјата на чудата (2001),
- Кинегонда во Карлаленд (2006),
- Граница (2008),
- Светица на темнината (2010),
- Олово на перница (2010).
- Матошевите ѕвона (1996),
- Текстовни процеси (1997),
- Структура на македонскиот реалистичен роман (1997),
- Дешифрирања (2000).
- Достоевски и Мекдоналдс (2019) [5]
Награди и признанија[уреди | уреди извор]
За своето книжевно творештво, Андоновски е добитник на наградите:[2][3]
- „Рациново признание“,
- прва награда за роман на издавачот „Зумпрес“ - Скопје,
- наградата за најдобар драмски текст на Македонските театарски игри „Војдан Чернодрински“ - Прилеп,
- наградата на „Утрински весник“ за роман на годината,
- наградата „Балканика“
- Награда „Стале Попов“ за „Ќерката на математичарот“.
- 2021 - Награда „Ванчо Николески“ за „Имаш пчела на носот: роман за њутајмер и олдтајмер тинејџери“[6]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 24.
- ↑ 2,0 2,1 „www.blesok.com.mk“. Архивирано од изворникот на 2009-02-11. Посетено на 2010-09-16.
- ↑ 3,0 3,1 „Филолошки факултет“. Архивирано од изворникот на 2018-02-18. Посетено на 2010-09-16.
- ↑ „Промоција на „Припитомување на кучката" на Венко Андоновски“. Нова Македонија. Посетено на 21 јануари 2019.
- ↑ „Венко Андоновски има нова книга, насловот е „Достоевски и Мекдоналдс"“. Слободен печат. 17 октомври 2019. Посетено на 2 ноември 2019.
- ↑ „Доделени книжевните награди за минатата година“. Макфакс. 07.02.2022. Посетено на 7 февруари 2022. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help)
Белешки[уреди | уреди извор]
![]() |
Оваа статија за македонски писател е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |