Утрински весник

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Утрински весник
Utrinski-naslovna.jpg
првата насловна страница.
Тип дневен весник
Формат Б2
Сопственик Медија Принт Македонија
Уредник Соња Маџовска
Основан 23 јуни 1999
Политичка определба лево
Јазик македонски
Престанал 2017
Седиште Димитрие Чупоски бр. 11/5 Скопје
Тираж 10.200 (август 2015)
Страница www.utrinski.com.mk

Утрински весник — поранешен македонски дневен весник кој излегувал секој ден освен недела. Првиот број на весникот излегол на 23 јуни 1999 година а негови основачи биле Ерол Ризаов, Бранко Тричковски, Манчо Митевски, Васил Мицковски и Љупчо Поповски. Весникот бил печатен во Скопје, во печатницата „Графички центар“, а бил издаван од страна на ДООЕЛ „Круг“ од Скопје.[1] По основањето во 1999 година, првата поголема реконструкција на весникот е неговата продажба на германската групација ВАЦ и менување на изгледот, технологијата и начинот на издавање на весникот. Новиот дизајн на весникот бил изработен од германскиот дизајнер Даниел Браун.[2] Првичниот слоган на весникот бил „Денот по Утрински се познава“.[3] Последниот број на весникот излегол на 29 април 2017.[4]

Уредништво[уреди | уреди извор]

Главна редакција[1]
Менаџмент[1]
Уредници[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]