Златна бубамара на популарноста
Златна бубамара на популарноста | |
---|---|
Мрежно место | http://zlatnabubamara.mk |
Златна бубамара на популарност, исто така познато и само како Златна бубамара — македонско шоу за награди во областа на популарната култура во Македонија. Организирано е од страна на Радио Буба Мара и се одржува секоја година во Скопје. Од основањето на шоуто во 1997 година, Златна бубамара доделува признанија и награди за најголемите достигнувања на годината во областа на македонската култура и се одликува со награди за повеќе категории, вклучувајќи музика, филмови, спорт, театар и ТВ-емисии.
23-то издание на шоуто, одржано на стадионот „Борис Трајковски“ во февруари 2020 година, било проследено од 55% од македонското население со кое Златна бубамара претставува едно од најгледаните шоуа во земјата.[1]
Историја и позадина
[уреди | уреди извор]Првата церемонија и инаугурација на шоуто се одржала во 1997 година од страна на организаторот Ранко Петровиќ.[2]
Златна бубамара се одржува секоја година во Скопје. Презентерите на претставата обично користат сатира за да ја опишат социо-политичката состојба и другите секојдневни настани во земјата. Покрај тоа, настапи од музички уметници и танчери се исто така дел од програмата на шоуто.[3]
Награди
[уреди | уреди извор]За време на претставата, се доделуваат награди за најпопуларните дела во повеќе категории поврзани со македонската популарна култура, вклучувајќи достигнувања во музика, филмови, спорт, ТВ-емисии и танц.[2] На последната церемонија, награди беа доделени во следниве категории:
- Инклузивна танцова претстава
- Најпопуларна детска ТВ емисија
- Песна за век и векови
- Пејачка на годината
- Хит на годината
- Спортски подвиг
- Трајни музички вредности
- Театарска претстава
- Глумец на годината
- Глумица на годината
- Најпопуларна регионална пејачка
- Животно дело во областа на музиката
- Трајни музички вредности во етно музиката
- Меѓународна награда за животно дело
- Концерт
- Животно дело во областа на филмот
- Награда за прва труба
- Најголем интернационален успех
- Амбасадори на македонската култура
- Спортски успех
- Музички Продуцент
- ТВ глумица
- Најпопуларна ТВ Проект
- Трајни музички вредности во рок-музика
- Трајни музички вредности
- Пејач на годината
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Златна бубамара 2020“. Посетено на 26 јули 2020.
- ↑ 2,0 2,1 Spasovski, Vasko (28 февруари 2020). „Златна Бубамара 2020: Сашко Коцев го „избриша" подот со РЕКЕТ, Атиџе запеа пред публиката! (Галерија)“. Слободен Печат. Посетено на 26 јули 2020.
- ↑ Павловска, Јасминка (29 февруари 2020). „За 23 години постоење, „Златна бубамара" преживеа неколку вируси“. Нова Македонија. Посетено на 26 јули 2020.