Нова Македонија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Нова Македонија
200
Лого на Нова Македонија
ТипДневен весник
ФорматБ2
УредникМарјан Велевски [1]
Основан29 октомври 1944; пред 79 години (1944-10-29)
Јазикмакедонски
Седиштеул. „Јуриј Гагарин“ бр. 15
Тираж7.000 (мај 2019)
ISSN1198-6476
Страницаwww.novamakedonija.com.mk

„Нова Македонија“ е најстариот дневен весник во Македонија. Првиот број излегол на 29 октомври 1944 година во Горно Врановци.

Историја[уреди | уреди извор]

Лого на првиот број на весникот.
Претседателот на ЦК на КПМ, Крсте Црвенковски, на состанок со урединиците на Нова Македонија по земјотресот во Скопје во 1963

На третата седница на Президиумот на AСНОМ, која била одржана од 2 до 5 септември 1944, во манастирот Прохор Пчињски, била донесена одлуката за основање дневен весник.[2] Веднаш потоа било задолжено Агитациско-пропагандното одделение (АГИТПРОП) при ЦК КПМ и Главниот штаб да формира и специјална комисија, која ќе го подготвува и ќе го издава овој дневен весник. За името на весникот уште веднаш паднале три предлози – Независна Македонија, Слободна Македонија и Нова Македонија. Најприфатливо било името Нова Македонија, бидејќи истакнувало дека станува збор за нова преродба, нова современа македонска држава, со поинакво општествено политичко уредување, со нови и поинакви принципи и начела на раководење и живеење.[2] Иако битките за конечно ослободување биле во тек и интензивно се одвивале, во исто време до сите народноослободителни одбори и други органи и организации пристигнала директива на Поверенството за информации, во која дури и се дал потсетник за тоа „што да се пише во дописките“. Притоа се нагласува дека:

Весникот нема да е еден сувоофицијален орган, кој ќе публикува само заповеди и решенија и ќе излегува само со некоја политичка статија, ами треба да се претвори во широк, масовен лист, да стане истински народен весник...[2]

„Нова Македонија“ е првиот македонски дневен весник, основан со решение на Президиумот на АСНОМ. Првиот број е објавен на 29 октомври 1944 година во селото Горно Врановци, каде што денес се наоѓа првата печатница, претворена во музеј. За негов прв главен уредник е назначен Васил Ивановски. Првиот број, кој сè на сè имал 8 страници, излегол во мал тираж, а бил дистрибуиран до бригади, штабови и многу здруженија и претставувал прв официјален документ испечатен на кодифициран македонски јазик. Вториот број бил отпечатен во Битола, а од третиот (22 ноември) се печати и излегува во Скопје. Весникот излегол дури и на 27 јули 1963 година, ден по скопскиот земјотрес.

По бурните транзициски години, обновената „Нова Македонија“ почнала да излегува на 30 април 2008 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. В.д. главен и одговорен уредник Марјан Велевски
  2. 2,0 2,1 2,2 „Само за придавката „северна" се потребни 288 исправки“. Нова Македонија. 2018-10-10. Посетено на 2018-10-18.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]