Макфакс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Макфакс
Тип Приватна
Oснована 1992
Седиште Скопје, Македонија
Клучни личности Предраг Петровиќ (одговорен уредник)
Дејност Новинска агенција
Производи Вести
Портал www.makfax.com.mk

Макфакс e еден од првите приватни медиуми во Република Македонија и првата приватна новинска агенција во поширокиот регион, основана во август 1992 година.

Непрекинато емитува сопствени вести од мај 1993 година, а вестите ги објавува на македонски јазик.

Макфакс претставува генерален дистрибутер на информациите кон сите позначајни информативни гласила во Македонија и регионот, а нивните сервиси и услуги ги користат голем број странски мисии и амбасади во земјата, компании и државни институции. Член е на Медиумската организација за Југоисточна Европа СЕЕМО при Интернационалниот прес Институт (IPI).

Основач на Макфакс е новинарот Ристо Поповски, а од 2017 година главен и одговорен уредник е Предраг Петровиќ.[1]

Макфакс спаѓа во групата на најпосетувани он-лајн гласила, со регистрирани 700.000 посетители или во просек по 40.000 во работен ден. Според постарите анализи, тоа се повеќе од 300.000 уникатни посетители месечно, кои го користат Макфакс како основен ресурс за вести. Вкупно се читаат над 900.000 страни месечно, и тоа ја сортира Агенцијата Макфакс како една од најдобрите информативни македонски сајтови.

Макфакс спаѓа во групата на он-лајн медиуми, со регистрирани 304.730 посетители. Според некои анализи, тоа се повеќе од 771.328 уникатни посети месечно и над 1.000.000 прегледи. Според овие податоци, Агенцијата Макфакс еден од најпосетуваните информативни македонски сајтови и основен извор на вести.[2]

Редакција[уреди | уреди извор]

За Макфакс, работат врвни и одговорни професионалци, афирмирани независни новинари, преведувачи и организатори.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „МАКФАКС - Совеста на Македонија“ (на mk-MK). makfax.com.mk. http://makfax.com.mk. посет. 31 јануари 2018 г. 
  2. „Clip Media Group“. www.clip.mk. http://www.clip.mk/. посет. 31 јануари 2018 г.