ТВ Ирис

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Ирис е поранешна македонска локална телевизија од Штип, од колажен тип, со временски рамномерно избалансирани содржини од сите жанрови. Основана е од г. Миле Кокотов и г. Владимир Милановиќ. За прв пат започнала да емитува програма во 1994 година и од тогаш била составен дел на македонскиот етер. Во состав на телевизијата работела и продукција, каде се произведувало околу 60% од програмата која се емитувала. Преостанатите временски појаси биле покриени со реемитувана документарна, играна, сериска и забавно-рекреативна програма, со потекло од Македонија и ЕУ.

Ирис телевизија имала комплетна предавателна опрема за вршење на директни преноси, а во одредени случаи имала можност и за симултан директен пренос од повеќе локации.

Сервисната зона на Ирис телевизија е била со површина од околу 2.000м2, со приближно 150.000 потенцијални гледачи.

Ирис телевизија нудела комплетни маркетинг решенија. Изработувала видео, 2D и 3D анимирани спотови, обработени низ дигитална постпродукција и прилагодени за гледачите од вашата целна група.

Со повеќе временски надзор на Телевизија Ирис од страна на АВМУ на 22 август 2019 година, е од земена дозволата за емитување на Телевизија Ирис.

Од 22 август 2019 година па понатаму Телевизија Ирис останува да емитува само на интернет односно на нивниот веб сајт http://tviris.mk/

Надворешни врски[уреди | уреди извор]