Телма

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Телма
Logo of Telma (2016-).svg
Отпочната1996
СопственикМакпетрол А.Д. - Скопје
ДржаваМакедонија
Јазикмакедонски
Област на емитувањеМакедонија Македонија
Веб-странаtelma.com.mk
Достапност
Терестријална телевизија
АналогнаКанал ?
ДигиталнаКанал ?
Boom TVКанал 007
Сателитска телевизија
Total TVКанал ?
Кабелска телевизија
BlizooКанал 010
TelekabelКанал ?
Достапна на повеќето кабелски операториПроверете ги локалните оператори за достапност
IPTV
Max TVКанал 005
Семрежно емитување
WebMax TVГледај во живо Само (MKD)
OnNetГледај во живо Само (MKD)

Телма — македонска национална ТВ-куќа основана во септември 1996 година во Скопје, како една од приватните телевизиски станици во Македонија. Нејзин основач и сопственик е Макпетрол А.Д. - Скопје. Телевизија Телма е една од петте телевизии кои, на конкурсот на Владата на Република Македонија во 1998 година, добила концесија за седумгодишно емитување на програма на подрачјето на град Скопје.

Во ТВ-Телма се ангажирани над 150 вработени и голем број надворешни соработници - телевизиски творци од сите области. Ним на располагање им стојат две студија (од 60 и од 250 метри квадратни) и најсовремена дигитална телевизиска техника. Директор на телевизијата е Атанас Кировски.

Телевизија Телма емитува програма во траење од 18 до 20 часови. Програмската шема ја сочинуваат три заокружени целини: информативната, забавно-рекреативната и културно-уметничката и документарна програма.

Основен нејзин белег е информативната програма. Централните вестите на Телма се сметаат за едни од најверодостојните во Македонија. Вестите се емитуваат секој ден од 18:30 и 22:20 часот. Во рамките на информативната програма еднаш неделно се подготвува и актуелно интервју во рамките на емисијата Топ тема, а се подготвуваат и други информативно-политички емисии од магазински тип: Време, Баланси, Досие, Светот денес и други.

Македонски Емисии[уреди | уреди извор]

Серии[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]