Пекол на тркала
Пекол на тркала (англиски: Hell on Wheels) - американска Вестерн телевизиска серија за конструкцијата на првата железничка пруга во САД после Американска граѓанска војна. Серијата премиерно беше прикажана на 6 ноември 2011 на телевизија АМЦ (AMC). Последната епизода од 5 сезона беше емитувана на 23 јули 2016. Пекол на Тркала е создадена и продуцирана од Џо и Тони Гејтон. На 12 декември 2012 година, писателот Џон Вирт продолжува со создавањето на третата сезона. Во Македонија, серијата премиерно беше прикажана на телевизија Телма.
Синопсис[уреди | уреди извор]
Дејствието на првата сезона (2011-2012),започнува во 1865 година, непосредно со атентатот на Абрахам Линколн. Дејството на втората сезона (2012) се случува во 1866, додека на третата сезона (2013) и четврта (2014), во 1867. Во последната петта сезона, дејството на серијата се случува во 1869. На 7 ноември 2014 година, Пекол на тркала беше продолжена за петта сезона која што беше и последна.
Епизоди[уреди | уреди извор]
Сезона | Епизоди | Прво прикажување | Последно прикажување |
---|---|---|---|
1 | 10 | 6 ноември 2011 | 15 јануари 2012 |
2 | 10 | 12 август 2012 | 7 октомври 2012 |
3 | 10 | 10 август 2013 | 5 октомври 2013 |
4 | 13 | 2 август 2014 | 22 ноември 2014 |
5 | 14 | 18 јули 2015 | 23 јули 2016 |
Главни Улоги[уреди | уреди извор]
- Ансон Маунт како Кулен Боханон
- Колм Мени како Томас Дурант
- Камон како Елам Фергисон
- Доминик Мекелигот како Лили Бел
- Том Нонан како Реверенд Натаниел Кол
- Еди Спирс како Јосип Блек Мун
- Бен Елсер како Сеан Мекгинес
Рејтинг[уреди | уреди извор]
Првата епизода, која што премиерно беше прикажана на 6 ноември 2011 година, достигна гледаност од 4.4 милиони, со што Пекол на тркала е втората најгледана телевизиска серија од телевизија АМЦ (AMC). Според возраста, 2.4 милиони гледачи што ја гледале серијата имале од 18 до 49 години.